Мене па ова шо го зборите дека се нељубезни, ме нервира, ама отрпнав некако... Ај, и мене знае да ми биде лош денот и да ги отерам сите,така може и нејзе и е. Не дека размислувам за животот на продавачките и зошто се нељубезни, туку покрај толку нељубезни, иронични, дволични луѓе, продавачки не можат толку да ме изнервираат. На крај краева што ми е гајле као ме погледнала некоја продавачка, не ми е сестра!
Повеќе ме нервира кога се она љубезни, ама у погрешна насока. Сеа јас пробувам нешто и оваа ми дошла, ме закопчува на незгодни места, ми ја крева маичката, ми ја спушта сукњата, па ме трга, ме зазјапува, ме убедува дека ми е точно и дека таков е материјалот, дека попушта после едно перење. Дека не ми е многу тесно, дека се такви у мода и сите млади купуваат вакви, не сум јас првата што и е малце кнап, туку еден куп девојчиња отсабајле дојдоа и купија вакво. Многу е модерно сега и супер ми стои. Аман жено, не ме прави слепа при очиве. И јас гледам, ако не па. Да ми требаше стилист, Цаци ќе си ја викнев.
А, да. Кога сме веќе кај лоша услуга... Не влегувајте во копирницата кај Бела, позади Орце. Значи, не влегувајте. Никогаш! Освен ако не ви се повторува по 7-8 пати кои страни треба да се ископираат, во колку примероци и никако не исклучувајќи ја можноста да си ги добиете страните измешани, премногу бели/црни и секако, обратно захефтани.