Латас...и работите кои ги кажа вечерва...

Кое е вашето мислење за вечерашниот негов настап?


  • Вкупно гласачи
    213

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Латас...ќе дојде ли денот кога ќе гние зад решетки?
 

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Abe dali e Vrtikapa dali ne,snosti se si kaza coveko kako so e.
 
Член од
25 март 2009
Мислења
29
Поени од реакции
0
Луѓе,не ли ви е јасно дека сето ова со гостувањето на Латас кај Јанко,како и речникот што го употребува Латас е однапред смислено?Се со цел да се предизвика наелектризирана атмосфера пред вториот круг на гласање.За тоа Латас е вистински ,,велемајстор,,.Во власта добро знаат дека претседателските избори висат на тенок конец.поради летргичноста и демотивираноста на гласачите на СДС и кандидатите што отпаднаа во 1 круг.Рецептот е испровоцирај ги колку можеш повеќе и натерај ги да излезат во втор круг на гласање.Во овој контекст ги ставам и настаните на плоштад од саботата.Мозгајте малку!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.386
Поени од реакции
47.274
Па поддршката за името во изјавата на претставниците на тие две партии, никако неможе да се спореди со анархистите и немирите.

Го утна со примеров искрено. Дури и услуга му направи со спомнувањето на случајов.

.
Името воопшто не ни требаше да го спомнуваш, свесен бев за нивната подршка за тој проблем, на крај краева постирав линк во првиот пост каде истото и го пишува . Муабетот ми е дека според Латас, луѓето како Тито Петковски и останатите, како што он ги нарече ѓубрето останато од комунизмот треба да се истребат од политичката сцена. Океј, негово мислење, али ни Ѕинго не е нешто поарен од нив . . . без разлика што даваат подршка за името, сепак се комуњари, нели, т.е. ако тргнам од муабетите на Латас, ѓубре останато од комунизмот. :wink:

Латас сам се намести на пенал, како што реков и претходно, од една страна изнесува работи на површина со кои фрла кал на СДСМ а во пост периодот на истите тој ги подржуваше во ист стил како што денес постапува со партијата која е на власт, факт .
Анархистите, кои претежно се интернационалисти не признаваат народ...
Види, не навлагам длабоко во нивните идеологии зашто ирелевантни ми се, безначајни и не им обрнувам големо внимание, но имав прилика летоска да правам муабет со член на нивното движење во Скопје ( беа мислам дојдени за анти Нато протест ) и тоа беше неговото размислување за овој проблем со Грција . :eek:ftopic:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.583
Поени од реакции
27.429
Луѓе,не ли ви е јасно дека сето ова со гостувањето на Латас кај Јанко,како и речникот што го употребува Латас е однапред смислено?Се со цел да се предизвика наелектризирана атмосфера пред вториот круг на гласање.За тоа Латас е вистински ,,велемајстор,,.Во власта добро знаат дека претседателските избори висат на тенок конец.поради летргичноста и демотивираноста на гласачите на СДС и кандидатите што отпаднаа во 1 круг.Рецептот е испровоцирај ги колку можеш повеќе и натерај ги да излезат во втор круг на гласање.Во овој контекст ги ставам и настаните на плоштад од саботата.Мозгајте малку!
Па ај ако не да ги бојкотираме избориве, што викаш ?
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
По избори - на СУД!
Драган Павловиќ Латас ги тужи ЗНМ, поранешниот портпарол на Владата на СДСМ и сегашен шеф на Штабот на Фрчковски, како и Никола Гелевски од Утрински весник

По завчерашното гостување на Драган Павловиќ-Латас во емисијата Јади бурек на Јанко Илковски, со селективни и тендециозни реакции се јавија Здружението на новинари на Македонија, поранешниот портпарол на Владата на СДСМ Ѓунер Исмаил, а ден пред настапот, Никола Гелевски во Утрински јавно се закани и ги навреди токму Латас и Јанко Илковски.
Затоа, Драган Павловиќ-Латас ги тужи ЗНМ, поранешниот портпарол на Владата на СДСМ и сегашен шеф на Штабот на Фрчковски, како и Никола Гелевски од Утрински весник.
1. ЗНМ односно Советот на честа, во кој членува заменик-главниот и одговорен уредник на Дневник, Бранко Ѓорѓевски, кој со соопштението на ЗНМ го брани главниот и одговорен на Дневник Сашо Кокаланов и со тоа цени дека Латас во емисијата Јади бурек кај Јанко Илковски имал, цитирам: говор на омраза. Само Суд има право да осудува во постапка и да цени основ за вакво дело, а не здружение на граѓани, во случајов Здружение на новинари на Македонија.
Освен тоа, ЗНМ и Бранко Ѓорѓевски го наведуваат Латас како новинар кој дал таква изјава. Притоа, да потсетиме, дека Латас не е член на ЗНМ и во емисијата гостуваше како приватно лице.
2. Ѓунер Исмаил е даден на Суд за клевета зошто изјавил дека еден новинар во емисија на локална ТВ му се заканил нему и на неговиот претседателски кандидат, поврзувајки го тој новинар со поделбата на Босна и Херцеговина и Косово и палењето на амбасадата на САД. Бидејќи на екс портпаролот на Владата на СДСМ не му е прв пат да дава вакви произволни клевети, даден е на Суд истите да ги докаже.
3. Никола Гелевски, во коментарот во Утрински весник е даден на Суд заради закана и навреда. Тој во текстот насловен како: Мегафоните од фиреровиот сокак, најпрво прави поврзување со нацизмот што претставува навреда, а со реченицата дека, цитирам: Мечката на насилството ќе заигра и пред портите на поттикнувачите од типот на Латас, Бичиклиски и Јади бурек, упати јавна закана.
Воедно, ЗНМ не се огласи дека ова е закана на Гелевски со говор на омраза, туку како и секогаш досега, за нивните функционери ЗНМ замижува пред текстовите на своите пријатели, а осудуваат текстови на неистомисленици.



Се се ,ама ова болдираново му е врв!!!!:pos2: Пази бе му упатиле јавна закана ,абе незнам дал да се смеам ил да плачам веќе,на што ни се сведе новинарството!




Иако неколку пати во емисијата беше кажано дека Латас не е новинар на новинарска задача, туку граѓанин како и секој друг гостин, за ЗНМ тоа не е важно, туку е поважно како функционерот на ЗНМ Бранко Ѓорѓевски да му биде повеќе на услуга на својот главен уредник Сашо Кокаланов и директорот на Дневник Срѓан Керим.
 
Член од
25 март 2009
Мислења
29
Поени од реакции
0
Па ај ако не да ги бојкотираме избориве, што викаш ?
Твое право бе бате,јас за мене може да си кажам.Во недела ќе си седам дома,тоа сигурно.Поентата ми беше дека самото појавување на Латас со неговиот познат стил,на само 4 дена пред изборите,како и настаните на плоштад не се воопшто случајни.
 
H

HITCH

Гостин
Алооооо дајте линкови за симнување или нешто ај ве молам
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Ѓунер поднел тужба против Латас...
На потег е судот....
Zoshto ne podnese nikoj tuzba protiv Latas za ovoj tekst:

КОЈ Е КОЈ ВО ОВАА ДРЖАВА?

СРПСКИ СЛУЖБИ И БУГАРСКИ СЕРВИСИ




Според Бучковски експлицитно, а според Грдото пајче, имплицитно - јас сум лидер на србизацијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Освен ова, сум се осмелил по вооружените предизборни пресметки помеѓу ДУИ и ДПА да напишам: оној што со оружје дошол на власт, со оружје и ќе си оди. Патем, кусо време наназад Премиерот во заминување го обвинува и Груевски за српска варијанта, затоа што бил советник за финансиски прашања во Владата на српските Демократи, и времето на министерот Ѓелиќ, сегашен претставник за регионот на една од најголемите светски банки, француската Агрикол. Заборавајќи да каже нешто што и самиот го знае, дека Груевски таму беше испратен од американска УСАИД, и платен од американски пари. Откако на себе ја прими сета бугарска националистичка багра, до ниво на заеднич ка историја, Бучковски сега бугарштината не може да ја налепи на ВМРОДПМНЕ, па приминува на резервна варијанта - српска. Добро. Секоја полемика почнува со прашање: Да почне така и оваа.

  • Дали Фрчковски е резидент на грчките полициски служби во Македонија. Дали, како што се сомнева и Глигоров, примил еден милион долари да поттурне промена на името на Македонија што тој, подоцна, навистина неуспешно и го правеше. Откако ќе добиеме одговор на ова прашања, ќе одиме понатаму. Прашањата до милионерот Бучковски (асоцијацијата е на емисијата, скраја да е, никако на неговата имотна состојба) се:
    -Дали имал разузнавачка соработка со военото разузнавање на Сојузна Република Југославија во 1999, 2000 и 2001 година. Дали таа ја остварувал непосредно, преку Белград, а и посредно преку Амбасадата во Скопје, и тогашниот југословенски амбасадор Зоран Јанаќковиќ. Дали ургирал кај Основниот суд Скопје, по палењето на американската амбасада во 1999 година. Дали ургенцијата била да се заташкаат сомневањата и пријавите за девет лица, кои учествувале во палењето на Амбасадата, од кои седум се активисти на СДСМ, а двајца на неговиот колационен партнер партијата на Иван Стојиљковиќ, и тоа сите од Скопје. Дали потоа случајот е навистина - заташкан.
  • Дали е негова лична одлука, или сугестија на југословенските служби, Бучковски кон крајот на мај 1999 година, на состанок со Црвенковски на кој присуствував и јас, да инсистира за свикување голем анти-НАТО митинг, со образложение дека расположението на јавноста оди на таа страна, а плус би било големо враќање на СДСМ по загубените избори. Дали, потоа, таков митинг е одржан?!
  • Дали Бучковски го знае Дарко Ашанин, извршител и ликвидатор на српската државна безбедност, пријател со Аркан, а потоа организатор на неговата егзекуција. Ако се сретнале, дали тоа било во 1999 година, со посредство на неговит шеф на градската организација на СДСМ, Љупчо Палевски-Упа. &"56256;&"56452; Дали му е познато, и кој го запознал со документите, на Сојузната ДБК, според кои Фазли Велиу (чичко на Али Ахмети) во осумдесеттите соработувал со ДБК, и од нивни пари снимил пропаганден филм против Македонија, за да му обезбедат авторитет меѓу албанските емигранти.
  • Дали како министер за одбрана во 2001 година имал цело време лични контакти и соработка со команданти на ОВК, особено од Тетовско. Дали соработувал со нив за местење на полицијата, и Љубе Бошковски во Требош? Дали потоа вршел притисок врз МВР, и Горан Митевски, да ги ослободи уапсените. Дали поради тоа Борис Трајковски не го повика на состанокот на Советот за безбедност, свикан по полноќ. Дали Бучковски ноќта, во 1 часот, ме повика со предлог да посредувам, и да побарам од Борис Трајковски да биде повикан и тој. Дали потоа, по моето јавување кај Трајковски, околу 2 часот по полноќ беше повикан од тогашниот претседател. Дали им објаснил што соработувал со тетовската ОВК.
  • Дали Бучковски, како министер за одбрана преку Југословенската армија купил 1.000 безвредни менувачи за тенкови, иако сме имале само 90 тенкови, што е видно малку за 1.000 редуктори. Дали со некого тој, или од него пратен близок соработник, побарал од српскиот Генералштаб да имаат на ум дека им го чисти ѓубрето и дека тоа има своја цена.
  • Дали го познава Миле Драгиќ, сопственик на фабрика за воена опрема, кој во Србија беше притворен и обвинет за поткуп на нивниот министер за одбрана и офицери на Генералштабот. Дали среде војната во 2001 од Драгиќ, без тендер и мислење од македонскиот Генералштаб, а по препорака на српската воена служба, набавил над 2.500 панцири со цена од 2.600 германски марки по парче, иако истите југословенската војска ги плаќаше по 1.600 марки. Дали неодамна, кога Миле Драгиќ бил во притвор, преку еден од своите први соработници се интересирал кај неговите адвокати - дали е спомнат во изјавите пред полицијата.
  • Дали имал средби со шефови на српската тајна полиција, БИА, за време на Владата на Ѓинѓиќ, и ако имал дали биле организирани од Беба Поповиќ, и што притоа разговарал и договарал.
  • Дали, преку пратеникот Иван Стојиљковиќ, барал било каква јавна средба со Коштуница сега пред избори, затоа што тоа му требало за кампањата? Дали средбата му е ветена, па потоа откажана поради неговата изјава околу Косово.
  • Дали барал инкриминирачки документи од бугарската полиција против Никола Груевски, Љупчо Георгиевски, но и Бранко Црвенковски.
  • Дали лани, за време на претседателската посета на Рим, некој во Скопје пушти лажна вест за божемен обид за атентат врз Црвенковски. Малку пред тоа, истиот извор објави божемна закана за атентат преку интернет, пратена од Бугарија. Дали ова има врски со спомнатите Ваши пријатели од бугарската полиција. Дали Црвенковски, по враќањето од Рим, ве построил, заедно со шефовите на полициското и воено разузнавање, со прашање: кој ви ги даде лажните најави за атентат и со која цел ги објавивте непроверено. Што Вие тогаш му одговоривте?! Ваквите најави за атентат, по ова средба, нагло исчезнаа.
  • Дали Бучковски лани ги пратил кај грчките власти потпретседателот на Владата Муса Џафери и Агрон Буџаку да преговараат околу името, и патем да понудат концесии на грчка фирма за скопскиот Аеродром. Дали средбата е договарана со посредник, Грк од Егејска Македонија, кој, меѓу другото, се занимава со трговија со шеќер.
  • Дали Бучковски има конфликт со претседателот Црвенковски околу небалансирани односи со соседите, вклучително и со Србија и Косово? Дали пораките до мене со моето српско презиме, а божем до Груевски, се навистина пораки до Црвенковски, и закана поради неговите, наводни, српски наклоности.
  • Дали на наредните избори, ако останете на чело на СДСМ, имате намера да се кандидирате за претседател, на местото на Црвенковски.
  • Дали, Господине Бучковски, имате каков било податок, документ, изјава, фотографија, снимка... за моја поврзаност со кој било српски функционер, особено со функционери на полициски или воени служби... српски, или било кои други! Ако има, а Вие како власт имате се што ќе посакате, молам истите да се објават. Ако не, по Вашата фалба дека како премиер сте тужеле дури 13 пати, ќе бидам првиот новинар кој премиер ќе тужи за клевета.
  • По одговорите, следат други прашања, но и документи.
http://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=29626
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Аууу Ванчев... опасни куршуми.

Ако ова е вистина.... и делумно да е.. па каква е оваа држава!?!?!
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Абе Ванчев пак си ја затупел ебаго,остај сега приватни тужби и други тракатаници кога и сам знаеш кон кого треба да го насочиме нашиот бес.Или мислиш дека Латас се сончаше во Грција(пардон Егејска Македонија)летоска,на лично негов трошок?Само ја сожалувам онаа држава каде јавното мислење го креираат разни Јанковци и Латасовци,кој од домосаканост имаат само желба за јадење бурек.Па и самиот гледаш дека “новинарот“ не тужел премиер за клевета,што ги прави неговите изјави лажни.:toe:
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Аууу Ванчев... опасни куршуми.

Ако ова е вистина.... и делумно да е.. па каква е оваа држава!?!?!
Djuner deneska go ispuka po se srebreniot kurshum, koga pobara da se zainteresira javniot obvinitel za palenjeto na Amerikanskata ambasada.
Ama dali ne go "chital" ovoj tekst od Vecher ili "sluchajno" go zaboravil svedoshtvoto na Latas kade e odrzan sostanokot koj go iniciral i koj prisustvuval. Pred nekoj den napishav deka se "shpekulira" za raziduvanjeto pomedju Branko i Frchko.....

"Дали е негова лична одлука, или сугестија на југословенските служби, Бучковски кон крајот на мај 1999 година, на состанок со Црвенковски на кој присуствував и јас, да инсистира за свикување голем анти-НАТО митинг, со образложение дека расположението на јавноста оди на таа страна, а плус би било големо враќање на СДСМ по загубените избори. Дали, потоа, таков митинг е одржан?!"
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
690
Поени од реакции
671
Zoshto ne podnese nikoj tuzba protiv Latas za ovoj tekst:

КОЈ Е КОЈ ВО ОВАА ДРЖАВА?

СРПСКИ СЛУЖБИ И БУГАРСКИ СЕРВИСИ




Според Бучковски експлицитно, а според Грдото пајче, имплицитно - јас сум лидер на србизацијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Освен ова, сум се осмелил по вооружените предизборни пресметки помеѓу ДУИ и ДПА да напишам: оној што со оружје дошол на власт, со оружје и ќе си оди. Патем, кусо време наназад Премиерот во заминување го обвинува и Груевски за српска варијанта, затоа што бил советник за финансиски прашања во Владата на српските Демократи, и времето на министерот Ѓелиќ, сегашен претставник за регионот на една од најголемите светски банки, француската Агрикол. Заборавајќи да каже нешто што и самиот го знае, дека Груевски таму беше испратен од американска УСАИД, и платен од американски пари. Откако на себе ја прими сета бугарска националистичка багра, до ниво на заеднич ка историја, Бучковски сега бугарштината не може да ја налепи на ВМРОДПМНЕ, па приминува на резервна варијанта - српска. Добро. Секоја полемика почнува со прашање: Да почне така и оваа.

  • Дали Фрчковски е резидент на грчките полициски служби во Македонија. Дали, како што се сомнева и Глигоров, примил еден милион долари да поттурне промена на името на Македонија што тој, подоцна, навистина неуспешно и го правеше. Откако ќе добиеме одговор на ова прашања, ќе одиме понатаму. Прашањата до милионерот Бучковски (асоцијацијата е на емисијата, скраја да е, никако на неговата имотна состојба) се:
    -Дали имал разузнавачка соработка со военото разузнавање на Сојузна Република Југославија во 1999, 2000 и 2001 година. Дали таа ја остварувал непосредно, преку Белград, а и посредно преку Амбасадата во Скопје, и тогашниот југословенски амбасадор Зоран Јанаќковиќ. Дали ургирал кај Основниот суд Скопје, по палењето на американската амбасада во 1999 година. Дали ургенцијата била да се заташкаат сомневањата и пријавите за девет лица, кои учествувале во палењето на Амбасадата, од кои седум се активисти на СДСМ, а двајца на неговиот колационен партнер партијата на Иван Стојиљковиќ, и тоа сите од Скопје. Дали потоа случајот е навистина - заташкан.
  • Дали е негова лична одлука, или сугестија на југословенските служби, Бучковски кон крајот на мај 1999 година, на состанок со Црвенковски на кој присуствував и јас, да инсистира за свикување голем анти-НАТО митинг, со образложение дека расположението на јавноста оди на таа страна, а плус би било големо враќање на СДСМ по загубените избори. Дали, потоа, таков митинг е одржан?!
  • Дали Бучковски го знае Дарко Ашанин, извршител и ликвидатор на српската државна безбедност, пријател со Аркан, а потоа организатор на неговата егзекуција. Ако се сретнале, дали тоа било во 1999 година, со посредство на неговит шеф на градската организација на СДСМ, Љупчо Палевски-Упа. &"56256;&"56452; Дали му е познато, и кој го запознал со документите, на Сојузната ДБК, според кои Фазли Велиу (чичко на Али Ахмети) во осумдесеттите соработувал со ДБК, и од нивни пари снимил пропаганден филм против Македонија, за да му обезбедат авторитет меѓу албанските емигранти.
  • Дали како министер за одбрана во 2001 година имал цело време лични контакти и соработка со команданти на ОВК, особено од Тетовско. Дали соработувал со нив за местење на полицијата, и Љубе Бошковски во Требош? Дали потоа вршел притисок врз МВР, и Горан Митевски, да ги ослободи уапсените. Дали поради тоа Борис Трајковски не го повика на состанокот на Советот за безбедност, свикан по полноќ. Дали Бучковски ноќта, во 1 часот, ме повика со предлог да посредувам, и да побарам од Борис Трајковски да биде повикан и тој. Дали потоа, по моето јавување кај Трајковски, околу 2 часот по полноќ беше повикан од тогашниот претседател. Дали им објаснил што соработувал со тетовската ОВК.
  • Дали Бучковски, како министер за одбрана преку Југословенската армија купил 1.000 безвредни менувачи за тенкови, иако сме имале само 90 тенкови, што е видно малку за 1.000 редуктори. Дали со некого тој, или од него пратен близок соработник, побарал од српскиот Генералштаб да имаат на ум дека им го чисти ѓубрето и дека тоа има своја цена.
  • Дали го познава Миле Драгиќ, сопственик на фабрика за воена опрема, кој во Србија беше притворен и обвинет за поткуп на нивниот министер за одбрана и офицери на Генералштабот. Дали среде војната во 2001 од Драгиќ, без тендер и мислење од македонскиот Генералштаб, а по препорака на српската воена служба, набавил над 2.500 панцири со цена од 2.600 германски марки по парче, иако истите југословенската војска ги плаќаше по 1.600 марки. Дали неодамна, кога Миле Драгиќ бил во притвор, преку еден од своите први соработници се интересирал кај неговите адвокати - дали е спомнат во изјавите пред полицијата.
  • Дали имал средби со шефови на српската тајна полиција, БИА, за време на Владата на Ѓинѓиќ, и ако имал дали биле организирани од Беба Поповиќ, и што притоа разговарал и договарал.
  • Дали, преку пратеникот Иван Стојиљковиќ, барал било каква јавна средба со Коштуница сега пред избори, затоа што тоа му требало за кампањата? Дали средбата му е ветена, па потоа откажана поради неговата изјава околу Косово.
  • Дали барал инкриминирачки документи од бугарската полиција против Никола Груевски, Љупчо Георгиевски, но и Бранко Црвенковски.
  • Дали лани, за време на претседателската посета на Рим, некој во Скопје пушти лажна вест за божемен обид за атентат врз Црвенковски. Малку пред тоа, истиот извор објави божемна закана за атентат преку интернет, пратена од Бугарија. Дали ова има врски со спомнатите Ваши пријатели од бугарската полиција. Дали Црвенковски, по враќањето од Рим, ве построил, заедно со шефовите на полициското и воено разузнавање, со прашање: кој ви ги даде лажните најави за атентат и со која цел ги објавивте непроверено. Што Вие тогаш му одговоривте?! Ваквите најави за атентат, по ова средба, нагло исчезнаа.
  • Дали Бучковски лани ги пратил кај грчките власти потпретседателот на Владата Муса Џафери и Агрон Буџаку да преговараат околу името, и патем да понудат концесии на грчка фирма за скопскиот Аеродром. Дали средбата е договарана со посредник, Грк од Егејска Македонија, кој, меѓу другото, се занимава со трговија со шеќер.
  • Дали Бучковски има конфликт со претседателот Црвенковски околу небалансирани односи со соседите, вклучително и со Србија и Косово? Дали пораките до мене со моето српско презиме, а божем до Груевски, се навистина пораки до Црвенковски, и закана поради неговите, наводни, српски наклоности.
  • Дали на наредните избори, ако останете на чело на СДСМ, имате намера да се кандидирате за претседател, на местото на Црвенковски.
  • Дали, Господине Бучковски, имате каков било податок, документ, изјава, фотографија, снимка... за моја поврзаност со кој било српски функционер, особено со функционери на полициски или воени служби... српски, или било кои други! Ако има, а Вие како власт имате се што ќе посакате, молам истите да се објават. Ако не, по Вашата фалба дека како премиер сте тужеле дури 13 пати, ќе бидам првиот новинар кој премиер ќе тужи за клевета.
  • По одговорите, следат други прашања, но и документи.
http://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=29626
За болдираново, и врапчината знаат дека 2001 Бучко пиеше кафе у Теарце (кое беше под власт на ОНА)со командантите на ОНА.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom