Името воопшто не ни требаше да го спомнуваш, свесен бев за нивната подршка за тој проблем, на крај краева постирав линк во првиот пост каде истото и го пишува . Муабетот ми е дека според Латас, луѓето како Тито Петковски и останатите, како што он ги нарече ѓубрето останато од комунизмот треба да се истребат од политичката сцена. Океј, негово мислење, али ни Ѕинго не е нешто поарен од нив . . . без разлика што даваат подршка за името, сепак се комуњари, нели, т.е. ако тргнам од муабетите на Латас, ѓубре останато од комунизмот. :wink:Па поддршката за името во изјавата на претставниците на тие две партии, никако неможе да се спореди со анархистите и немирите.
Го утна со примеров искрено. Дури и услуга му направи со спомнувањето на случајов.
.
Види, не навлагам длабоко во нивните идеологии зашто ирелевантни ми се, безначајни и не им обрнувам големо внимание, но имав прилика летоска да правам муабет со член на нивното движење во Скопје ( беа мислам дојдени за анти Нато протест ) и тоа беше неговото размислување за овој проблем со Грција .Анархистите, кои претежно се интернационалисти не признаваат народ...
Па ај ако не да ги бојкотираме избориве, што викаш ?Луѓе,не ли ви е јасно дека сето ова со гостувањето на Латас кај Јанко,како и речникот што го употребува Латас е однапред смислено?Се со цел да се предизвика наелектризирана атмосфера пред вториот круг на гласање.За тоа Латас е вистински ,,велемајстор,,.Во власта добро знаат дека претседателските избори висат на тенок конец.поради летргичноста и демотивираноста на гласачите на СДС и кандидатите што отпаднаа во 1 круг.Рецептот е испровоцирај ги колку можеш повеќе и натерај ги да излезат во втор круг на гласање.Во овој контекст ги ставам и настаните на плоштад од саботата.Мозгајте малку!
Твое право бе бате,јас за мене може да си кажам.Во недела ќе си седам дома,тоа сигурно.Поентата ми беше дека самото појавување на Латас со неговиот познат стил,на само 4 дена пред изборите,како и настаните на плоштад не се воопшто случајни.Па ај ако не да ги бојкотираме избориве, што викаш ?
Zoshto ne podnese nikoj tuzba protiv Latas za ovoj tekst:Ѓунер поднел тужба против Латас...
На потег е судот....
dobro utro BratАууу Ванчев... опасни куршуми.
Ако ова е вистина.... и делумно да е.. па каква е оваа држава!?!?!
Djuner deneska go ispuka po se srebreniot kurshum, koga pobara da se zainteresira javniot obvinitel za palenjeto na Amerikanskata ambasada.Аууу Ванчев... опасни куршуми.
Ако ова е вистина.... и делумно да е.. па каква е оваа држава!?!?!
За болдираново, и врапчината знаат дека 2001 Бучко пиеше кафе у Теарце (кое беше под власт на ОНА)со командантите на ОНА.Zoshto ne podnese nikoj tuzba protiv Latas za ovoj tekst:
КОЈ Е КОЈ ВО ОВАА ДРЖАВА?
СРПСКИ СЛУЖБИ И БУГАРСКИ СЕРВИСИ
Според Бучковски експлицитно, а според Грдото пајче, имплицитно - јас сум лидер на србизацијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Освен ова, сум се осмелил по вооружените предизборни пресметки помеѓу ДУИ и ДПА да напишам: оној што со оружје дошол на власт, со оружје и ќе си оди. Патем, кусо време наназад Премиерот во заминување го обвинува и Груевски за српска варијанта, затоа што бил советник за финансиски прашања во Владата на српските Демократи, и времето на министерот Ѓелиќ, сегашен претставник за регионот на една од најголемите светски банки, француската Агрикол. Заборавајќи да каже нешто што и самиот го знае, дека Груевски таму беше испратен од американска УСАИД, и платен од американски пари. Откако на себе ја прими сета бугарска националистичка багра, до ниво на заеднич ка историја, Бучковски сега бугарштината не може да ја налепи на ВМРОДПМНЕ, па приминува на резервна варијанта - српска. Добро. Секоја полемика почнува со прашање: Да почне така и оваа.
http://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=29626
- Дали Фрчковски е резидент на грчките полициски служби во Македонија. Дали, како што се сомнева и Глигоров, примил еден милион долари да поттурне промена на името на Македонија што тој, подоцна, навистина неуспешно и го правеше. Откако ќе добиеме одговор на ова прашања, ќе одиме понатаму. Прашањата до милионерот Бучковски (асоцијацијата е на емисијата, скраја да е, никако на неговата имотна состојба) се:
-Дали имал разузнавачка соработка со военото разузнавање на Сојузна Република Југославија во 1999, 2000 и 2001 година. Дали таа ја остварувал непосредно, преку Белград, а и посредно преку Амбасадата во Скопје, и тогашниот југословенски амбасадор Зоран Јанаќковиќ. Дали ургирал кај Основниот суд Скопје, по палењето на американската амбасада во 1999 година. Дали ургенцијата била да се заташкаат сомневањата и пријавите за девет лица, кои учествувале во палењето на Амбасадата, од кои седум се активисти на СДСМ, а двајца на неговиот колационен партнер партијата на Иван Стојиљковиќ, и тоа сите од Скопје. Дали потоа случајот е навистина - заташкан.- Дали е негова лична одлука, или сугестија на југословенските служби, Бучковски кон крајот на мај 1999 година, на состанок со Црвенковски на кој присуствував и јас, да инсистира за свикување голем анти-НАТО митинг, со образложение дека расположението на јавноста оди на таа страна, а плус би било големо враќање на СДСМ по загубените избори. Дали, потоа, таков митинг е одржан?!
- Дали Бучковски го знае Дарко Ашанин, извршител и ликвидатор на српската државна безбедност, пријател со Аркан, а потоа организатор на неговата егзекуција. Ако се сретнале, дали тоа било во 1999 година, со посредство на неговит шеф на градската организација на СДСМ, Љупчо Палевски-Упа. &"56256;&"56452; Дали му е познато, и кој го запознал со документите, на Сојузната ДБК, според кои Фазли Велиу (чичко на Али Ахмети) во осумдесеттите соработувал со ДБК, и од нивни пари снимил пропаганден филм против Македонија, за да му обезбедат авторитет меѓу албанските емигранти.
- Дали како министер за одбрана во 2001 година имал цело време лични контакти и соработка со команданти на ОВК, особено од Тетовско. Дали соработувал со нив за местење на полицијата, и Љубе Бошковски во Требош? Дали потоа вршел притисок врз МВР, и Горан Митевски, да ги ослободи уапсените. Дали поради тоа Борис Трајковски не го повика на состанокот на Советот за безбедност, свикан по полноќ. Дали Бучковски ноќта, во 1 часот, ме повика со предлог да посредувам, и да побарам од Борис Трајковски да биде повикан и тој. Дали потоа, по моето јавување кај Трајковски, околу 2 часот по полноќ беше повикан од тогашниот претседател. Дали им објаснил што соработувал со тетовската ОВК.
- Дали Бучковски, како министер за одбрана преку Југословенската армија купил 1.000 безвредни менувачи за тенкови, иако сме имале само 90 тенкови, што е видно малку за 1.000 редуктори. Дали со некого тој, или од него пратен близок соработник, побарал од српскиот Генералштаб да имаат на ум дека им го чисти ѓубрето и дека тоа има своја цена.
- Дали го познава Миле Драгиќ, сопственик на фабрика за воена опрема, кој во Србија беше притворен и обвинет за поткуп на нивниот министер за одбрана и офицери на Генералштабот. Дали среде војната во 2001 од Драгиќ, без тендер и мислење од македонскиот Генералштаб, а по препорака на српската воена служба, набавил над 2.500 панцири со цена од 2.600 германски марки по парче, иако истите југословенската војска ги плаќаше по 1.600 марки. Дали неодамна, кога Миле Драгиќ бил во притвор, преку еден од своите први соработници се интересирал кај неговите адвокати - дали е спомнат во изјавите пред полицијата.
- Дали имал средби со шефови на српската тајна полиција, БИА, за време на Владата на Ѓинѓиќ, и ако имал дали биле организирани од Беба Поповиќ, и што притоа разговарал и договарал.
- Дали, преку пратеникот Иван Стојиљковиќ, барал било каква јавна средба со Коштуница сега пред избори, затоа што тоа му требало за кампањата? Дали средбата му е ветена, па потоа откажана поради неговата изјава околу Косово.
- Дали барал инкриминирачки документи од бугарската полиција против Никола Груевски, Љупчо Георгиевски, но и Бранко Црвенковски.
- Дали лани, за време на претседателската посета на Рим, некој во Скопје пушти лажна вест за божемен обид за атентат врз Црвенковски. Малку пред тоа, истиот извор објави божемна закана за атентат преку интернет, пратена од Бугарија. Дали ова има врски со спомнатите Ваши пријатели од бугарската полиција. Дали Црвенковски, по враќањето од Рим, ве построил, заедно со шефовите на полициското и воено разузнавање, со прашање: кој ви ги даде лажните најави за атентат и со која цел ги објавивте непроверено. Што Вие тогаш му одговоривте?! Ваквите најави за атентат, по ова средба, нагло исчезнаа.
- Дали Бучковски лани ги пратил кај грчките власти потпретседателот на Владата Муса Џафери и Агрон Буџаку да преговараат околу името, и патем да понудат концесии на грчка фирма за скопскиот Аеродром. Дали средбата е договарана со посредник, Грк од Егејска Македонија, кој, меѓу другото, се занимава со трговија со шеќер.
- Дали Бучковски има конфликт со претседателот Црвенковски околу небалансирани односи со соседите, вклучително и со Србија и Косово? Дали пораките до мене со моето српско презиме, а божем до Груевски, се навистина пораки до Црвенковски, и закана поради неговите, наводни, српски наклоности.
- Дали на наредните избори, ако останете на чело на СДСМ, имате намера да се кандидирате за претседател, на местото на Црвенковски.
- Дали, Господине Бучковски, имате каков било податок, документ, изјава, фотографија, снимка... за моја поврзаност со кој било српски функционер, особено со функционери на полициски или воени служби... српски, или било кои други! Ако има, а Вие како власт имате се што ќе посакате, молам истите да се објават. Ако не, по Вашата фалба дека како премиер сте тужеле дури 13 пати, ќе бидам првиот новинар кој премиер ќе тужи за клевета.
- По одговорите, следат други прашања, но и документи.
Izvorot e "VECHER" broj od krajot (25-29) na juni 2006 godina. Linkot ke proraboti. Se sluchuva chesto da ne otvora.dobro utro Brat
inaku linkot ne raboti ..izvorot