Владата ја убива економијата

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Да ама маслото за јадење лани беше 100 денари, а годинава 50. Без кашкавал можи, ама без масло тешка работа.
Па лани барел масло како што ја викаат нафтата беше 140 долари,сега е 60 долари на светска берза,тоа практично ја диктира цената на маслото за јадење,а не Македонската влада.Гледај малку економски на целата работа,а не само политички.:toe:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Па лани барел масло како што ја викаат нафтата беше 140 долари,сега е 60 долари на светска берза,тоа практично ја диктира цената на маслото за јадење,а не Македонската влада.Гледај малку економски на целата работа,а не само политички.:toe:
Па економски сме ние на ќар од кризата, ако немаше криза нафтата ќе одеше до 200 долари, а вака падна 60 и затоа ни е ефтино маслото за јадење, инаку и владата за многу работи е крива ама за кашкавалот не.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Па економски сме ние на ќар од кризата, ако немаше криза нафтата ќе одеше до 200 долари, а вака падна 60 и затоа ни е ефтино маслото за јадење, инаку и владата за многу работи е крива ама за кашкавалот не.
Единствено на ќар од кризата ќе бидат оние кој пуштаат државни обврзници со камати 5 пати повисоки од секаде во светот.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Ако неможе Чак ќе му помогне Стивен Сигал :pos2:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.790
Поени од реакции
12.272
Ова е добро, требаше само можда нешто порано да се формира. И секако ако гласто на тие бизмисмени се слушне и послуша. Оти џабе е форумот.
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА СО НОВ ПОРТАЛ, "ЕКОНОМСКИ ФОРУМ"

Бизнисмените, експертите и власта во костец со економските проблеми
Според министерот за економија Фатмир Бесими идејата за овој портал е вклучување на еминентни институции од земјава, експерти, стопанственици, граѓани и студенти, кои имаат желба да придонесат за развој на македонската економија
А и ова е добро, ако се договорат. Ако не...
Минимална плата - посебно во секоја дејност
По неколкумесечни преговори, Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавци во петокот го потпишаа Општиот колективен договор за стопанство, во кој се прецизирани повеќе услови од работниот однос. Најниската плата во државата не е утврдена во Договорот. Социјалните партнери се договориле нејзината висина да се прецизира на ниво на одделни дејности, со посебни колективни договори. Притоа, има дејности кои веќе во своите договори ја имаат определено висината на минималната плата.
Е ова не е добро
Туризмот во колапс
Охрид личи на монденско одморалиште, со плажи преполни со гости од Грција, Србија, Германија, Чешка и од Русија, вода чиста како солза и рибни специјалитети со неверојатен вкус и пристапните цени. Богата понуда на плажите, водени лудории, тобогани, аквапаркови, тури до недопрената Галичица. Бродска прошетка до Поградец и еднодневна екскурзија во Албанија за авантуристите кои првпат ги откриваат овдешните убавини.

Дали сето ова ви звучи премногу добро за да биде реално? Посакувате веднаш да го запалите автомобилот и да проверите дали навистина постои ваква дрим-дестинација во земјава? Не мачете се. Ваква понуда во Македонија може да добиете само на едно место – во вашите соништа! Кога ќе се разбудите, за жал, и ова лето ќе треба да се соочите со реалноста. Туристичката понуда е повеќе од лоша - очајна е!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.790
Поени од реакции
12.272
За успесите-економски, се разбира
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111545
Државата собрала 12,5% помалку данок
Пад за цели 12,5 проценти на даночните приходи покажа најновата статистика на Управата за јавни приходи за првото полугодие годинава.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111490
Штета од над половина милион евра поради увозниот кромид
Увозниот кромид се троши по пазарите низ Македонија, а домашниот скапува. Во крушевските села каде лани се произведоа 10 милиони килограми кромид, цели ридови од фрлен кромид скапува покрај патиштата и депониите.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111544
Двојно поголемо производство на кромид од потребното
Во Македонија годишно се произведуваат 38 илјади тони кромид, што е двојно повеќе отколку што се потребите.
Увозот на кромид го уништи домашниот
Плоштадот ќе се раскопа, споменици се ближат
Во октомври ќе почне да се гради фонтаната кај средишното зеленило на плоштадот Македонија, најави градоначалникот.
Плоштадот летово и есенва ќе биде раскопан за да се изврши поместување на цевките од водоводниот и канализацискиот систем, кои поминуваат точно под местото каде што ќе се градат фонтаната и споменикот на Александар Македонски и црквата „Свети Констатин и Елена“. Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ завчера најави дека очекува во октомври да почне да се гради фонтаната на местото на средишното зеленило. Пред да почне изградбата на водоскокот, Градот мора да ја изврши дислокацијата на канализацијата, за што уште во мај беше распишан конкурс за избор на фирма-изведувач.
Можи некој ќе каже нема врска ова последново (плоштадот) со економијата, ама има. Има многу (има и политичка, ама ова е во врска со економијата и трошењето пари-кога работници се испуштаат, кога буџетот е прва лига...)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Домашниот кромид в река, увозниот на пазар


Увозниот кромид се троши по пазарите низ Македонија, а домашниот скапува. Во крушевските села каде лани се произведоа 10 милиони килограми кромид, цели ридови од фрлен кромид скапува покрај патиштата и депониите.
Вреќи кромид се газеа со тракторите и се фрлаа в река за да се укаже дека нешто мора да се направи, но попусто.
Штетата кај земјоделците се проценува на над половина милион евра.
„Ланската реколта на нула ни беше со кромидот. Јас исфрлив околу 40 тони и никој не се заинтересира и се пожаливме до Владата, никој не презеде мерки“, вели производител на кромид.
Освен земјоделците, сега и потрошувачите реагираат на негрижата која довела од нивни џеб да се плаќа увозниот кромид, а домашниот да се остави да скапе.
На пазарите увозниот кромид се продава за 40 до 50 денари
„Купив вчера и се изненадив од цената, и тоа од Бит Пазар 40 денари, и потоа ја слушнав емисијата дека нашиот кромид скапува, а овој е увозен - тоа е бесмислено. Тој што го јадеме од 50 денари е увозен, тоа е срамота. Не е во ред, наш производ може да се продава за евтини пари, а тие увезуваат скап, за луѓето е многу скапо“, рекоа граѓаните.
Новиот министер со потврда дека во земјава се влезени 269 тони кромид, што е увоз на околу 15-тина шлепери.
„Има увоз од 269 тони од Словенија, Хрватска, Холандија и Србија, во изминатите 10-дена заради недостигот на тој артикл на пазарот“, изјави Љупчо Димов, министер за земјоделство.
„Ако се најдеше некој купувач и да го складираше во некои ладилници, сигурно ова немаше да биде во нашето село и другите околни села“, рече Цане Аршиноски, производител на кромид од Бучин Крушево.
Во Македонија годишно се произведуваат околу 38 илјади тони кромид, што е двојно повеќе од потребите на домашниот пазар, кои се се проценуваат на околу 19 илјади тони годишно.


http://www.time.mk/story_e0c8459b20_article_b25103c553.html
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.790
Поени од реакции
12.272
Купив вчера и се изненадив од цената, и тоа од Бит Пазар 40 денари
Од овој кромид се плаче и без сецкање. Со ваков увоз џабе се парите од еу за земјоделството. Која им е целта на тие пари?
 

shark

Гледај ме у очи
Член од
27 јуни 2009
Мислења
55
Поени од реакции
1
Вредните Баварци на дело....


Зошто се мачат кога можат да си увезат??????????:wink:

А нашава влада посебно се грижи за земјоделците...........
нема потреба да работат, се што ни треба ќе си набавиме со увоз......:kesa:
 
M

marsovka

Гостин
Па изволте , не верувам дека некој од овде може да те спречи:toe: .Те прашав нешто конкретно ,а ти се правиш вицкаста .:nesum:
;ovek ima cela tema za toa pobaraj i toa od mene otvorena ae и овде читај убаво што пишува за мерки од леандра
:jaj:
а бе мрза
цццццц
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
;ovek ima cela tema za toa pobaraj i toa od mene otvorena ae и овде читај убаво што пишува за мерки од леандра
:jaj:
а бе мрза
цццццц
Ај важи договорено , марс е блиска дестинација за тебе , сум те преценил изгледа . терај ..........
 

Kajgana Shop

На врв Bottom