Аминокиселини (дискусија, препораки, совети)

DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
Што мислите за аминокиселините?
Дали се штетни?
На која возраст може да се зимаат?
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.309
Поени од реакции
7.299
Што мислите за аминокиселините?
Дали се штетни?
На која возраст може да се зимаат?
Аминокиселини се внесуваат секојдневно со исхраната.
 

DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
мислев на аминокиселини кој се внесуваат за вежбање и слабеење..
нормално прашак..
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
јас прв пат земав на 16-17 години...
Сега користам течна амино-киселина бидејки побрзо се апсорбира во организммот, а апчињата штетат повеќе на бубрезите...
Не гледам никаква штета од земање на амино - киселини! природна работа, основен додатаок во исхраната на секој спортист...
Таа ја што ја користам содржи и L-Carnitine за топење на масти служи тоа, а исто така мн важно содржи Аргинин и лизин кој помагаат за растење:toe:
 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
260
Поени од реакции
6
Se sto e hemija ima vlijanie na podolgo vreme.teloto ima balans na site potrebni materijaliJa pomineti li granicata na podolg period ke vliae vrz teloto.bitno e kolicina*vreme.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
aminokiselinite se mnogu slozeni hemiski soedinenija...no podeleni se na esencijalni i neesencijalni...ali voglavnp potrebni se site za organizmot..i preku ishranata e najdobro da se konzumiraat
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.560
Поени од реакции
6.673
аминото е топ,еден од најдобрите суплементи за вежбање.А не е штетен воопшто,,,за оние што вежбаат би им препорачал да внесуваат амино....Поз:helou:
 
Член од
23 ноември 2008
Мислења
302
Поени од реакции
10
ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ - за забрзување на метаболизмот ,согорување и елеминирање на непотребните материи Состав: Јаболков оцет во прав .................500,00 mg Јаболков оцет е диететски препарат кој го спречува процесот на наталожување и депонирање на маснотии.Сув концентриран прав од природно потекло кој содржи повеќекратно зголемени активни состојки. Го забрзува метаболизмот на клетките со што калориите брзо согоруваат, а непотребните отрови се отстрануваат. Јаболковиот оцет ги балансира електролитите во телото и ја нормализира pH` нa крвта, така што дејствува како пуфер во телото бидејќи оцетната киселина реагира со базните или киселите компоненти за да формира ацетати кои ќе бидат био-достапни за употребата на организмот. Од друга страна ја намалува токсичноста бидејќи има својство да ги преобрази токсините во оцетни соединенија кои се помалку токсични. Затоа овој производ доста помага и при убоди од инсектите и при одредени кожни алергии. Освен тоа, го намалува нивото на холестерол, крвниот притисок и има анти-фунгално, анти-бактериско, анти-вирално дејство, кое потекнува од малеинска и оцетната киселина како својствен дел на оцетот. Јаболковиот оцет содржи голем број состојки како минерални елементи во траг, пектин, витамин Ц, аминокиселини и ензими кои делуваат благотворно на човечкиот организам. За сите овие способности оправдано на Јаболковиот оцет треба да му се препише заслугата на кориснота дејство врз метаболизмот, согорувањето и елиминација на непотребните маснотии .Тоа овозможува редуцирање на телесната тежина. Доволна е само една капсула на ден.
________

Л- КАРНИТИН - ги претвара мастите во енергија Состав: L-Carnitin hidrohlorid........500,00 mg Л-карнитин е природен додаток на исхраната кој му дава идеална подршка на организмот при согорување на мастите и нивно претварање во енергија.На тој начин се забрзува здравото слабеење и се регулира телесната тежина. Л-карнитинот игра улога во кардиоваскуларниот метаболизам, виталноста на мозокот , му дава подршка на срцевиот мускул. Л карнитинот е основен хранлив додаток за скелетните мускули, срцевото ткиво, мозокот и нервниот систем. Тој ја изразува својата активност преку учество во метаболизмот, ги разградува мастите и се продуцира енергија. Транспортниот систем кој се состои од Л-Карнитин и најмалку три ензими ги разбива долгите вериги на масни киселини во митохондриите при коешто масните киселини се распаѓаат и се ослободува енергија. На тој начин мастите се претвараат во енерија, се подобрува нивното елиминирање и се спречува нивното акумулирање. Оваа активност го прави Л-Карнитинот стимулант на метаболизмот на мастите и ја зголемува продукцијата на енергија од липидите. Овие карактеристики го прават идеален како додаток на прехраната како за време на физичка активност , така и после нејзиното извршување. Л-Карнитинот ја зголемува аеробната сила(VO2-max) до максимум и на тој начин ја зголемува издржливоста. Истовремено врши и детоксификација преку отстранување на отпадот од метаболизмот преку урината. Ако се конзумира пред вежбање ја редуцира акумулацијата на млечна киселина, го намалува уморот и го редуцира воспалението на мускулите. Во комбинација со ниско калорична диета и физички вежби доаѓа до намалување ЛДЛ холестеролот, шеќерот во крвта и крвниот притисок. Есенцијалната аминокиселина Л-Карнитин посебно се препорачува на рекреативците и активните спортисти. Како додаток во прехраната се зема по една капсула три до четири пати на ден, со чаша вода.

http://forum.kajgana.com/www.geoprom.com.mk
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Еден додаток за л-карнитинот. Кој си има проблем со висок притисок или некое срцево заболување не треба да го користи (освен строго консултација со доктор). Истото предупредување за висок притисок му стои на упатството. Инаку за здрави особи од тој аспект не е проблем во нормални пропишани дози.
 

DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
аха, ќе може ли некој да ми препорача кој се најдобри (најефикасни) аминокиселини да си купам од овие продавнициве за боди билдинг и да ми каже на како се конзумираат.. поздрав
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
аха, ќе може ли некој да ми препорача кој се најдобри (најефикасни) аминокиселини да си купам од овие продавнициве за боди билдинг и да ми каже на како се конзумираат.. поздрав

Amino ST5300 za mene se najefikasnite.

2200 kostaat i ima 350 tableti.

Se zavisi do kilaza kolkava imas, pisuva tamu ima upatstvo.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Кои се најефикасни.. не знам користев вакви Амино 2700 како апчиња и со оглед на годините, за неколку месеци постигнав добри резултати-кондиција, форма. Ова е од фирмата Universal nutrition, ги земав само нив и едни слични на нив (Амино 3600 или 3800, одамна беше), но протеини не земав пошто имав доволно маса, требаше да се обликува и зголеми издржливоста. Голташ 2 пред, две после тренинг (има упатство дали две или 3-според килажа), плус ги комбинираш со друг вид исхрана. Сепак тоа, ако идеш во теретана, тренер најдобро би објаснил.



Мене ова ми беше доволно, но можда некој друг ќе даде други податоци за сопствено искуство.

Еднаш земав и од тие AceMaus што ги спомна, течните, побрзо се ресорбираат, но се поскапи.

Овие препарати ги земавме преку тренерот/газдата на теретаната, но гледам ги има и во аптеки.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Аминокиселините не се здрава работа верујте, нема ништо подобро од природното развивање на телото.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
165
Поени од реакции
18
Аминокиселините не се здрава работа верујте, нема ништо подобро од природното развивање на телото.
зашто не се здрава?
наведи некоја причина, ме интересира пошо јас сум во план да земам амино сакам да знам.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Шо знам, не сум осетил некој проблем земајќи ги. Сега, од пред 2-3 години навака, за жал не можам да вежбам од здравствени други причини, но пред тоа сум земал (исклучиво) амино, не ми правеле проблем.
При обичен напор, дополнителна исхрана не е потребна, но со здраво вежбање во теретана, според одреден режим, секако дека надополнување е потребно.
Мускулните влакна при вежбање во теретана може да си ги претставиме како (во микро величини) се кинат, а за да се обноват, да се обнови врската е потребен "малтер", на тој начин се зголемува масата на мускулите, преку постојано кинење на микро влакната и нивна обнова. Затоа е потребно поголема количина витамини, минерали, аминокиселини и протеини. А потребен е и доволен одмор меѓу вежбања за мускулите да се одморат, релаксираат и дополнат, ова со едонставни зборови кажано, пошто не сум некој стручњак, но тоа сум го применувал. Резултатите ќе се набрзо видливи. Доколку сега се започне со одреден режим на вежбање (не произволно) и исхрана со одредени суплементи, до лето ќе се добие посакуваното.
Некои користеа и протеини (од млечна сурутка), но ако имате одвишок наслаги, не ви е потребна. А и да имате помалку, подобро е користење на млеко, сирење, месо-телешко или слично. Сепак со секој внес на храна или течност се напрегаат или џигерот или бубрезите. Со прекумерно внесување може истите и да се оштетат, зависно од тоа што се внесува.
Можда некој позапознат со медицина може ова да го објасни.

Сега сум далеку од ова, сега вежбам стомачен баскет :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom