Караманлис: За Атина постојат утврдени црвени линии за националните прашања од кои нема да отстапи
За Атина постојат утврдени црвени линии за националните прашања од кои нема да отстапи ни чекор и за кои нема да се пазари - порача денеска од парламентарната говорница грчкиот Премиер Костас Караманлис. Во, на моменти жешката дебата посветена на надворешната политика на Владата, Караманлис вината за нерешавањето на прашањето за името, ја лоцира во македонските власти. Името, провокациите и национализмот на државното раководство, се пречки на патот на Скопје кон Европската Унија и НАТО - рече Караманлис.
„За жал, историски неоснованиот и провокативен став на властите на ФИРОМ, го јакнат национализмот во земјата. Сериозните проблеми, и нефункционалноста во повеќе области како правото и правната држава, продолжуваат да го подриваат членството во евроатланските институции“ , изјави Караманлис.
Караманлис својата земја ја претстави како силен поддржувач на евроатланската перспектива и на добрососедските односи во регионот. Грчките економски активности во земјава ги претстави како потврда на силната волја за соработка и пријателство.
„Пораката што беше порака на целата алијанса, минатиот април на самитот во Букурешт, е кристално јасна дека патот на ФИРОМ до Европската Унија и НАТО, води преку решение за прашањето за името“ , изјави Караманлис.
Грција ја изоде својата половина од патот и повеќе нема да направи ни чекор, со остар тон порача грчкиот премиер. Ја повтори позицијата за едно композитно име, со географска одредница за секаква употреба и за сите.
Извор