Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.206
- Поени од реакции
- 34.443
Се мислев дали да ја отворам темава во подфорумот за интернет, но некако по прикладен ми се чинеше овој форум. Сепак, речиси секој од вас користи Facebook, а не само мнозинството на интернет гикови кои ги имаме на форумов
Што е тоа Facebook? Колку многу знаете за Facebook? Ви текнува кога всушност се појави и како стана толку популарен? Зошто толкава фама? Кој ја генерира? Океј, сите знаеме дека Facebook ви овозможува да прикачувате и да се означувате на фотографии, да додавате виртуелни пријатели, да коментирате, да споделувате видео клипчиња, да отварате групи и тн... Но, од друга страна пак - која социјална мрежа не ви го овозможува истото тоа? Што го прави Facebook толку посебен и поразличен од другите?
Одговор: Вашите лични податоци.
Вашето вистинско име и презиме, вашите вистински пријатели, вашите политички согледувања и ставови, вашите дневни активности, белешки, записи, заеднички пријатели, вашите омилени книги, филмови, домашна адреса, телефон, e-mail адреса, клубови, образование, работно место, датум на раѓање, сексуална ориентација и тн... Едноставно, се што некој би сакал да го дознае за вас, доколку го интересира.
Обично, сите кај сите останати социјални мрежи се регистрираме под псевдоним. Јас сум Acid, ти си Трпе. Ги искажуваме нашите ставови, но никој всушност не знае кои сме. На Facebook - не е баш така. Доколку мислите дека Facebook се грижи за вашите лични податоци, се лажете.
Сите податоци кои ги внесувате на Facebook остануваат нивни за секогаш, а со секоја ваша објава на било каков материјал и информации и на било кој дел од Facebook, вие им давате ексклузивно право да ги користат истите за сопствени и да ги дистрибуираат за туѓи цели.
Зошто стана оваа мрежа толку популарна? Зошто не некоја друга? Знаете ли дека во изминативе години Facebook одби безброј понуди за преземање од страна на Yahoo и Google кои вредеа МИЛИЈАРДИ долари? Сигурно не сте знаеле, но првата инвестиција Марк Зукерберг (основачот на Facebook) ја доби од Петер Тиел, основач на PayPall. По една година, Facebook доби уште 12.7 милиони долари од Accel, компанија чиј директор (Џејмс Браер) е близок со Гилман Луи, директор на InQTel - компанија формирана од CIA во 1999.
Клопчето се одмотува се повеќе и повеќе, но луѓето се наивни и познавајќи ги - воопшто не се трудат да ги прочитаат правилата. Камоли да размислат како се користат нивните лични информации и најосетливите информации од нивниот личен живот. Битно е да си во тренд. Битно е вечерва да направиш 10 слики, од кои барем за 5 ќе речеш: "е овие се за фејсбук".
Нови членови, внимателно со овој сервис. Користете псевдоними, не целосни имиња. Не објавувајте точен датум на раѓање, не откривајте премногу информации за вас... Вашите податоци се ставени на располагање на секој што сака да ги купи.