Шокантно - анексите на сдс и грција

Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
“By using cheap populism, media manipulation, and abusing the patriotic feelings of the citizens, the current government has been conducting a systematic action, not for preservation or affirmation, but for re-defining our national code and identity,”

President Crvenkovski

Zarko Trajanovski, columnist for the daily Dnevnik, argues that the government “is conducting self-defeating, Bucephalic politics of brainwashing. Until yesterday we slept as Macedonian Slavs, today we wake up as ancient Macedonians...who knows how we will wake up tomorrow...”


ЕЕЕЕ шо користат гејциве по форуми како пропаганда ... сами се се ебеме ...
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Околу темава.
Очекувам демант на нападите изнесени во синоќешната емисија, во спротивно се полулегализираат тезите изнесени во неа.
Нешто ми нема демант на тврдењава на Мирка? Како така...А?

А плус ова новово од вчера...

,,Скандал: Таен проект на Бранко Црвенковски Македонците се бришат, Македонија станува Унија на народи


Автор: Мирка Велиновска
Претседателот на државава, Бранко Црвенковски, уште пред самитот на НАТО во Букурешт обелодени дека се залага Македонија да го промени своето име. Но, забуната произлегуваше од нејасната позиција на неговата партија, која во истиот период го обвинуваше премиерот Никола Груевски за лицемерство зашто тој наводно се согласил да го „продаде“ името, а го криел тој податок. По Букурешт, ставот на Црвенковски и оној на СДСМ ескалираа до таму што доминантно место во дебатата доби македонскиот идентитет. Необјасниво дури, Црвенковски јавно побара некој да му даде гаранции за зачувување на етничкиот идентитет на народот на кој не му се почитува правото на себеидентификација. Но, сите недоумици што произлегуваат од радикалните промени на позициите на овој политичар во врска со македонско-грчкиот проблем, завршија мината недела.

Исак Адижас, професор од САД по менаџмент и организација, минатата недела дојде во Македонија спонзориран од Светозар Јаневски (познат како Свето Пивара) за да одржи предавање на темата „Како да се управува со фирма во кризни периоди“. Но, тоа предавање очигледно било покритие за главната цел на посетата.

Адижас всушност имаше тајна дипломатско-политичка мисија сврзана со името на државата. Овој наш сограѓанин од 2007 година стана медијатор во тајните преговори помеѓу Бранко Црвенковски и Дора Бакојани. Имено, Исак Адижас бил детално информиран од лидерот на СДСМ дека спорот со Грција досега ќе бил завршен ако Никола Груевски го прифател последниот предлог на Нимиц. Предлогот бил „Северна Македонија“, а Груевски го одбил со молчење. Црвенковски експлицитно го прифатил. Тој на професорот по менаџмент и организација му ја елаборирал својата политичка платформа за евроатлантско интегрирање на Македонија, со која гостинот сосема се согласил и дури со одушевување ја прифатил.

Бранков пакет

Пакетот на претседателот на Македонија е следниов: со прифаќањето ново име, државата да доживее уште една нужна уставна трансформација. Црвенковски од унитарна ќе ја трансформира сега веќе бившата Македонија во „Унија на народи“. Во таа нова држава со ново име за севкупна употреба, во наредната и последна фаза, бившите Македонци, откако ќе почнат да ги уживаат благодатите од приемот во НАТО, треба мирно да прифатат свое преименување, кое ќе произлезе од согласноста да го прифатиме грчкиот услов за целосна деноминација. Професорот Адижас, инаку близок пријател на фамилијата на Бакојани, бил информиран од Црвенковски и за тактиката што овој ќе ја примени за да го реализира својот конспириран стратегиски проект. Оваа есен ќе организирал големи, перманентни и сенародни протести поради економската политика на Владата. Според исказот на Адижас, Црвенковски бил уверен дека поради народниот притисок, Груевски ќе биде принуден да поднесе оставка, по што лидерот на СДСМ, нормално, како осведочен државотворец, пак ќе ја спасува Македонија. Убеден дека ова сценарио е остварливо, добро и единствено рационално, Исак Адижас замина за Израел, нормално, преку Атина, за да и ги пренесе на Бакојани добрите вести.

Американскиот експерт за кризен менаџмент во претпријатијата добил уверување дека Црвенковски веќе ги придобил на своја страна интелектуалците и медиумите, па се чека само старт на кампањата за отстранување на тврдоглавиот премиер.

СДСМ е промотор на Ванчо Михајлов

Како што е добро познато, Бранко Црвенковски е посветен европски демократ, кој исклучително држи до западните вредности. Оттаму, по малку збунува фактот дека својата платформа за евроатлантска „Северна Македонија“ што го одушевила професорот Адижас, љубоморно ја чува во приватен сеф, ја држи во длабока илегала дури и од своите поклоници и следбеници. Кога веќе е оценета како добра и перспективна, зарем не беше време проектот на Ванчо Михајлов познат како „Швајцарија на Балканите“ да го претстави и тестира веќе на овие избори, наместо што неговата партија пак излегува на избори со демагогија, а неговиот кандидат за претседател ветува дека „ќе ја спасува мајка Македонија“. Зошто одбегнува да ја промовира оваа политичка платформа, односно програма, како што е ред - на избори? И зошто избира нестандардни, неевропски методи да дојде на власт преку „револуции“ кога може да побара регуларна поддршка од своите сограѓани? Можно е тој сепак да знае дека Македонците никогаш не би прифатиле таков непристоен политички пакет. На избори неговиот план би доживеал второ историско фијаско. Обелоденување на Платформата за трансформација на Македонија во „Унија на народи“, односно, конфедерација на кантони со ново име за севкупна употреба, би ги избришало Македонците како ентитет, радикално би го затворило македонското прашање, а тоа никој нормален не би го прифатил. Згора на сè, „Проектот на Црвенковски“ е само политички римејк на оригиналот на Ванчо Михајлов за преуредување на Македонија во кантонална заедница на народи (нормално, без Македонци), а тој факт не сака да го обелодени, зашто СДСМ декларативно е наследник на некогашната КПМ, која, пак, имаше сосема друга национална програма со која победи во Втората светска војна. Кога би го легитимирал своето вистинско политичко кредо, би ги загубил следбениците што гласаат за СДСМ врз основа на идеолошките предрасуди дека новата ВМРО-ДПМНЕ е наследник на „десното кољачко и предавничко крило на историската ВМРО“ (изјава на Црвенковски на предизборниот митинг во Штип, 1996 година).

Македонците не знаеле кои се

Затоа тој се одлучил за политичка мимикрија, за етапно деноминирање и исчезнување на Македонија. Според професорот Адижас, остварувањето на последната фаза на оваа платформа ќе оди полесно зашто рамковниот договор ефектно го отворил патот до смртта на Македонија. Имено, Македонија е веќе уставно дефинирана како заедница на народи, што е потврдено и практично со територијалната поделба, а Албанците не било тешко да се стимулираат да инсистираат на што поголема независност од централната власт. Од друга страна, „Македонците сè уште не знаат кои се и што се, па многу лесно ќе прифатат нов идентитет, по децении економска беда, а во услови на економска благосостојба што ќе следува со приемот во НАТО“.

Планот „Б“ на Бранко Црвенковски за преземање на власта преку „црна контрареволуција“ по заминувањето на Адижас за Израел веќе е на работната маса на Дора Бакојани. За него, нема сомневање, преку директните средби со Црвенковски (во четири очи) се известени и европските бирократски структури. Врз Македонија деновиве почна да се врши оркестриран економски притисок. Ни стигнуваат гости - економски снајперисти со вести дека ЕУ нема да ги финансира македонските проекти. Овојпат, во пресрет на изборите, не ни курдисуваат часовници, но нè плашат со економска изолација. Како дел од осмислениот проект, и Црвенковски го активира својот економски совет. Владе Милчин, како познат логистичар на проектите на СДСМ и на својот газда Сорос, почна да организира трибини со економска тематика, а „експертите“ како навиени ги елаборираат своите економски теории за црната економска перспектива на државата надвор од ЕУ. Го советуваат Груевски да му се обрати за помош на ММФ, иако источноевропските држави го заобиколуваат во голем круг, чувствувајќи политички поттекст во економските пакети.

Се чека само септември.




Човекот што вели дека Македонците не знаат кои се, сака во МАНУ

Исак Адижас добил ветување од Бранко Црвенковски дека за својот перманентен ангажман во Македонија, за своите консултантски услуги, за кои ние не знаеме ништо, ќе биде награден и со статус на академик. Во МАНУ е во тек постапката за неговиот прием. Предлогот го дало Одделението за општествени науки, раководено од академикот Иван Катарџиев, историчар и член на СДСМ, иако тесната специјалност на Адижас е менаџмент во економијата. Оттука претпоставуваме дека евентуалното членство во МАНУ е мала награда за неговиот политички илегален ангажман.

Професорот Адижас на 13 март 2007 година добил и македонско државјанство. Му го врачил лично премиерот Никола Груевски. Во своето експертско си-ви, Адижас се претставува како советник на премиерот. Од кабинетот на премиерот изјавуваат дека овој човек никогаш не му бил советник на Груевски. Овие податоци, во контекстот на вистинскиот ангажман на Адижас во Македонија, нè тераат да се запрашаме дали воопшто имаме институции што се грижат за безбедноста на државата, што работат тие и дали воопшто имаат капацитет да ја штитат државата и нашите национални интереси. Се чини дека со ваков Уставен суд, МАНУ, ДБК и Агенција за разузнавање, во Македонија е нормално политиката да им е препуштена на „академици“ од рангот на Кољо Дијамантот, Васко Глигоров, Гидеон Сандел и Исак Адижас.




Тајна средба во Охрид, Груевски си заминал

Во организација на шефот на државата, медијаторот Адижас минатото лето имал тајна средба во Охрид со Бранко Црвенковски и Никола Груевски. Тој состанок, на кој е разговарано за серија предлози на гостинот од САД, Груевски експресно го напуштил со зборовите дека „не слушнал ништо ново“. Минатата недела, пак, финансиерот на минитурнејата низ „Западен Балкан“ на експертов за менаџмент, не издејствувал и негова средба со Груевски.




Фрчкоски од Прилеп ја најави Унијата

Ако не влеземе во НАТО и ЕУ, следниот чекор на Албанците во Македонија ќе биде барање за основање кантони. Ова на завчерашниот митинг на СДСМ веќе го најави претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски.,,
Сите чекаме кометар од право место...ама некако штама.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Нешто ми нема демант на тврдењава на Мирка? Како така...А?

Како бре нема?Еве веднаш

Вмроовциве се добри да ги собереш во една агенција за ситни поправки и турање бетон ваму-таму, каде што нивната манијакална опсесија со ситна акција: копни ваму тури бетон таму, општествено корисно ќе се реализира. За крупни суштински реформи нив не ги бидува од проста причина што тие не веруваат во вредносната основа на која реформите се потпрени и каде што тие целат: демократија и проширување на слободата и благосостојбата на сите граѓани. Не ги бидува ни за позиционирање на земјата во регионалната и меѓународна карта. Тука само инает и безврска конспирации се способни да изродат.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Мирка не е вмровец, напротив таа е левичарка, заедно со Бранко виски пиеа.
Или ако збориш против Бранко тогаш мора да си од вмро ?
Ашкол сум на науката.
Колкав е рејтингот на СДСМ ?
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
СДС игра, како Грција свири.
СДС работи по планот на Грција за македонско уништување, кој го обелодени Самарас.

Донесоа 250.000 косовари, им дадоа државјанства.
Целава оваа борба со измислените од СДСМ “македоноиди и букефалисти“, е всушност борба да се смени македонскиот идентитет, демек неаме нишо со античките Македонци, а сме чисти словени.

СДС е лајно кое веќе е прегазено.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.734
Поени од реакции
12.165
СДС е лајно кое веќе е прегазено.
Зависи кај гледаш. Во државните фирми не е баш прегазено, посебно во некои институции бастиони каде бившиот систем е сеуште на власт преку неколкупати офарбаните раководители. Само тргнати им се петокраките, суштината е таа.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
демантироно од Црвенковски

Мегу другото се вели СРЕДБАТА БИЛА ПО ПОКАНА НА ПРЕМИЕРОТ И се оДржала во ПРЕМИЕРСКА ВИЛА....
АЖИДАС ДОБИЛ МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО ОД ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ

до кога Грујо:nesum: ке си дава АВТОГОЛОВИ 1 со мелекарите (снимката со Миленко канал 5 и сега со заговорите ) :nesum:

СО СВОЈ СТАП ПО СВОЈА ГЛАВА ---- НАЈМНОГУ БОЛИ


cuski напиша:
демантироно од Црвенковски

Мегу другото се вели СРЕДБАТА БИЛА ПО ПОКАНА НА ПРЕМИЕРОТ И се оДржала во ПРЕМИЕРСКА ВИЛА....
АЖИДАС ДОБИЛ МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО ОД ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ

до кога Грујо:nesum: ке си дава АВТОГОЛОВИ 1 со мелекарите (снимката со Миленко канал 5 и сега со заговорите ) :nesum:

СО СВОЈ СТАП ПО СВОЈА ГЛАВА ---- НАЈМНОГУ БОЛИ
а ланскиот снег а .... ајде побрзајте со земањето директиви од штабот и ве чекам........
 

lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
Зависи кај гледаш. Во државните фирми не е баш прегазено, посебно во некои институции бастиони каде бившиот систем е сеуште на власт преку неколкупати офарбаните раководители. Само тргнати им се петокраките, суштината е таа.
Тргнати (им) се петокраките..ама ете (им) останал отисокот од долготрајното „носење„ на истите..и се „гледа„ и од авион...разбира се..
:pipi:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
демантироно од Црвенковски

Мегу другото се вели СРЕДБАТА БИЛА ПО ПОКАНА НА ПРЕМИЕРОТ И се оДржала во ПРЕМИЕРСКА ВИЛА....
АЖИДАС ДОБИЛ МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО ОД ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ
до кога Грујо:nesum: ке си дава АВТОГОЛОВИ 1 со мелекарите (снимката со Миленко канал 5 и сега со заговорите ) :nesum:
СО СВОЈ СТАП ПО СВОЈА ГЛАВА ---- НАЈМНОГУ БОЛИ

а ланскиот снег а .... ајде побрзајте со земањето директиви од штабот и ве чекам........
Ами “доказите“ на Мирка,нели беа шокантни и против Б.Ц.?Или така им се чинеше на многумина ДПМНЕ-овци овде на форумов?
Или ова им е хит на месецот по директива од фабриката на Грујо(за која му велам дека треба да ја смени под итно):

 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
ја гледав ако се ШОКАНТНИ извадоци од весник за некој... за мене не се

се во стилот некој бил,некој видел па му раскажал ,или гледај што се
били напишано... за накрај да си даде и МИРЧЕТО АВТОГОЛ,,, кажувајки

Ма за каква изолација ми говорат СМЕ ПОМИНАЛЕ НИЕ И ПОТЕШКО И БЛОКАДИ И ПРИТИСОЦИ, ЕМБАРГА И СМЕ ОПСТАНАЛЕ....хахахха ЗАБОРАВАЈКИ ДЕКА ВО ТИЕ ГОДИНИ НА ВЛАСТ БИЛА СДСМ,,,, .БЦ ?????? кој во истата емисија го обвинува,,
 
Член од
7 февруари 2009
Мислења
237
Поени од реакции
23
демантироно од Црвенковски

Мегу другото се вели СРЕДБАТА БИЛА ПО ПОКАНА НА ПРЕМИЕРОТ И се оДржала во ПРЕМИЕРСКА ВИЛА....
АЖИДАС ДОБИЛ МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО ОД ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ

до кога Грујо:nesum: ке си дава АВТОГОЛОВИ 1 со мелекарите (снимката со Миленко канал 5 и сега со заговорите ) :nesum:

СО СВОЈ СТАП ПО СВОЈА ГЛАВА ---- НАЈМНОГУ БОЛИ




а ланскиот снег а .... ајде побрзајте со земањето директиви од штабот и ве чекам........
демантирано од самиот папа или од неговиот кабинет
 
Член од
7 февруари 2009
Мислења
237
Поени од реакции
23
аха значи папата ако демантира, не лично значи за некого тоа е света вистина,а ако некој нешто каже со факти односно изјави на дотичните особи што правеле, со кого се не се договарале тоа за некого е невистина.
е чуден некој народ сте.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
и после АБЦ ќе каже дека не е наклонет на сдс и БЦ а прв реагира на постот против БЦ и уште полошо типично комуњарски почнува со лични навреди оти нема ништо друго да каже
 

Kajgana Shop

На врв Bottom