Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
Грците не знаат каде да го стават Александар Велики
Статуата изделкана пред 17 години собира прав во еден подрум во Атина, пишува „Гардијан“
Од нашиот дописник
Томислав Ивановски
Лондон - Статуата на Александар Велики, изделкана со неговиот лик уште во 1972 година, продолжува и понатаму да биде основата за кавгата меѓу политичарите и археолозите во Грција, околу тоа каде да биде поставена, пишува „Гардијан“, објаснувајќи дека 17 години откако е преземена од атинското Министерство за култура, таа лежи целата во прав во подрумот на еден склад, чекајќи да се постигне договор.
Националистички обоените политичари во Грција, според „Гардијан“, предлагаат статуата на Александар да се постави на некој од античките плоштади во Атина. Тука, според нивното убедување, не само што ќе има најмногу посетители и гледачи, туку ќе се здобие и со достојното почитување од луѓето кои се гледаат како негови потомци.
Таквото гледање не го прифаќаат грчките археолози, кои лондонскиот весник ги опишува како „снабдувачи со грчкото минато“ и ги прикажува како „моќно лоби“ во земја со многу антички наоѓалишта. Археолозите упорно се спротивставуваат на поставувањето на споменикот на Александар Велики во грчкиот главен град затоа што славниот војсководец и крал дошол во Атина како освојувач.
Целата оваа расправија во Грција ќе останеше можеби незабележана ако сега одново не се оживеа караницата меѓу Атина и, како што весникот ја именува Македонија, . „Гардијан“ пишува дека уште од прокламирањето на македонската независност во 1991 година, Грција води спор околу тоа дека решението на нејзиниот северен сосед да се нарекува Македонија носи со себе закана од територијални амбиции спрема грчката провинција која го носи истото име.
Односите меѓу двете соседни земји се влошија уште повеќе откако „мк“ одлучи да го именува својот меѓународен аеродром „Александар Велики“. Ситуацијата уште повеќе се распали кога Атина го блокираше членството на Македонија во НАТО, заканувајќи се дека ќе стави вето и на приклучувањето на државата и во Европската унија.