Грчките пари прозбореа во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Изминативе денови сме сведоци на тоа што се прават луѓето кога се во прашање пари. Дефинитивно, парите покажаа до каде се некој луѓе спремни да отидат за да дојдат до нив.

Спремни се да се откажат од тоа кој се, што се, од каде потекнуваат и како се викаат.

Изминативе 5 дена се случија неколку работи кој дефинитивно означија преминување на црвената линија и отворање на фронт каде преку одредени колумни, ставови и едиторијали, фино запакувани како критика кон власта за некој нејзини потези, одат чекор понатаму во суптилна сугестија за прифаќање на компромис по секоја цена и промовирање на грчките позиции околу спорот со името.

Настан 1 - Промоцијата на Љубомир Д. Фрчковски за кандидат за претседател на Република Македонија.

Фрчковски е познат како човек кој во времето на неговото министерување во министерството за внатрешни работи, изби аферата "Анафора" , во која Фрчковски примал поткупи и скапи подароци од страна на грчкиот разузнувач Грилакис.
Frckovski1.jpg

За ова сведочи и поранешниот Претседател, Киро Глигоров: “Еден ден министерот за внатрешни работи Фрчкоски ми предложи да примам некои соработници од Службата, за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни колеги од Грција и дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене дека доколку попуштам околу името, подготвени се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари. ( извадок од книгата Македонија е се` што имаме).

Втората работа која го врзува Фрчковски за Грција, се секако неговите ставови за името, при што Фрчковски е отворено за компромис и влез во НАТО по секоја цена.

Настан 2 - наезда на колумни и огласи од страна на НВО-а

Преку константни критики за одредени потези на владата, суптилно се бара влез во НАТО по секоја цена, а со тоа и промена на името и откажување од правото за повикување на нашите антички корени.
vladimirmilcin.jpg

На ова пред се мислам на колумните на Владимир Милчин, Гелески, Жарко Трајановски, Митески, Бранко Геровски... каде преку критиките за одредени потези на власта со преименувањето на одредени објекти и коридори, како и одредени кампањи и настани (сосема легитимен потег за критикување, имаат право на тоа), напаѓаат секаков вид на поврзување со нашата античка историја, го карактеризираат како сељачизам, како непостоечко... буквално барајќи тотална словенизација на македонскиот идентитет, онаков каков што постоел до 1990 година.

За последниот оглас на т.н. коалиција на НВО-а, доволно беше што ги видовме имињата на Милчин и Сашо Ордановски, за се да стане јасно.

Настан 3 - Враќање на сцената на Љубчо Георгиевски.
7B12E15929B8FC43B0275D85A9E4A442.jpg

На прв момент сите помислија дека неговото враќање во политиката се базира на шансата за решабилитација во политиката на грбот на популарноста на Љубе Бошковски.

Други коментираа дека тој е тројанецот кој СДСМ го пушта за раздор во внатрешните редови на ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, последниве неколку месеци, Ѓоргиевски повеќе коментира за името и владата, отколку за политичките проблеми и активности.

Прв потег беше кога пред неколку месеци преку својата фондација апелираше за прифаќање на Република Северна Македонија, а дефинитивно беше интересно и неговото последно интервју со Чомовски за А2, каде отворено бара компромис за името и ја критикуваше политиката на Владата по оваа тема.

За потсетување, Георгиевски е познат за своите конекции со Грција, пред се од времето на продавањето на рафинеријата ОКТА и неговите лични контакти со Мамадакис.

--------------

Сите горе-наведени се или во минатото и денес јаделе(дат) пари од Грција, или се полтрони на една партија која за влез во ЕУ и НАТО отворено бара промена на името и идентитетот(иако и тоа фино го пакуваат).

Секој го има демократското право да ја критикува власта, Бог знае дека со одредени потези и заслужува. Можеби некој потези се пресилени, дури и инаетливи, ама од нивните зајадливи колумни, полни со гнев, омраза и потценување, отворено застапуваат откажување од овој дел од нашето потекло и историја, а со тоа и од нашиот ИДЕНТИТЕТ.

А тоа туку-така, НЕ ПОМИНУВА!!!

 
Чудно ми е само како некои луѓе не си ја сакаат државата а таа им дава леб да јадат. Но тие луѓе не само што не си ја сакаат државата и народот туки и своите деца. Овие невладини претежно се составени од 3 члена или пак 4 сепак неколку луѓе прособрани за да перат пари. Чудно е што никој не се труди да провери дали овие луѓе, освен што си ја продале државата за пари, работат и нешто друго или си имаат и друга работа па невладината си ја користат само по потреба:toe:
П.С. Воопшто не ги почитувам ликовите кои се на сликичките иако треба да се дополни, треба уште некои џукели да се најдат
 
Чудно ми чудо, занеме сите ние за откорнатиците кај нас, ама маката е што да правиме со оние клетници преоблечени во јагнешка кожинка за да не ги познаеме и узнаеме дека се волци и крвници, а се меѓу нас (некои и не газдуваат)!
 
а кажи ми ти како мислиш дека гВУјо че не однеси до НАТО и ЕУ?
че ја натера Грција да се откажи од борбата за името?че донеси уште хунзи и со нивна помош че се бори на суд?толку ви го имаат испрано мозокот што не сфаќате дека гВујо евентуално или че се откажи од ЕУ и НАТО или че се откажи од името, како и да е,че ја изгуби власта
 
а кажи ми ти како мислиш дека гВУјо че не однеси до НАТО и ЕУ?
че ја натера Грција да се откажи од борбата за името?че донеси уште хунзи и со нивна помош че се бори на суд?толку ви го имаат испрано мозокот што не сфаќате дека гВујо евентуално или че се откажи од ЕУ и НАТО или че се откажи од името, како и да е,че ја изгуби власта

Гвујо никогаш нема да не „однеси“ во НАТО и ЕУ, додуша мене би ми било задоволство ако не не „однеси“...Нит во ЕУ сакам, нит во НАТО сакам.

Гвујо барем не лае за промена на име, виткање кичми и опашки, а тоа во овој момент ми одговара. Ако тебе ти одговара промена на име, виткање кичми и опашки...придружи им се на останатите лингури...Фрчко, НВОата на Бранко и Љубчо.

Јас сум Македонец од Македонија.
Не сум европјанец од ЕУ, и не сакам да бидам!

Јас сум Македонец од Македонија
за другите не ме интересира, нит сакам да ги видам!
 
ние немаме ништо блиско со тие антички македонци, а и да имаме што ке ни се, цел свет веке ни се смее...

треба во еу да се влезе бре ... антиката не се јади..види до кај догуравме со инает
 
За ова сведочи и поранешниот Претседател, Киро Глигоров: “Еден ден министерот за внатрешни работи Фрчкоски ми предложи да примам некои соработници од Службата, за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни колеги од Грција и дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене дека доколку попуштам околу името, подготвени се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари. ( извадок од книгата Македонија е се` што имаме).

Замислете ваква изјава да беше дадена во било која нормалана држава?

И овој цитат никој и не го ни споменува деновиве? За ова било каде во светот се иде ќумез, доколку се докаже, нормално. А човекот кој е спомнат би се повлекол од јавниот и општествен живот, засекогаш.
 
Замислете ваква изјава да беше дадена во било која нормалана држава?

И овој цитат никој и не го ни споменува деновиве? За ова било каде во светот се иде ќумез, доколку се докаже, нормално. А човекот кој е спомнат би се повлекол од јавниот и општествен живот, засекогаш.

Каква нормална држава бе? ФИРОМ??? Па тука имаш „експерти“, КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПРЕТСЕДАТЕЛ, и цела плејада на ПЛАТЕНИЦИ кои отворено заговараат ПРЕДАВСТВО!
 
А да не е Премиеро на нечиј платен сисок случајно, толку нелогични потези логично води кон она првото!!!!
 
За пудлата има цитат од бивш Претседател, во време кога ја извршувал должноста.
 
Само ме интересира каде е тука улогата на Љубе Бошкоски откако цело членство на СДС најави дека ќе гласа за него...Она СДС кое е финансирано од Хари Костов...истиот Хари Костов кој му се закануваше на Бошкоски дека ќе го ликвидира политички. А Бранко за него велеше дека е „елементарна непогода што оди на две нозе“.


Претседател на држава да кажува дека треба да се отстапи на Грција и да се смени името еј!!!

-----------------

Киро Глигоров:

“Еден ден министерот за внатрешни работи Фрчкоски ми предложи да примам некои соработници од Службата, за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни колеги од Грција и дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене дека доколку попуштам околу името, подготвени се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари. ( извадок од книгата Македонија е се` што имаме).


Гласајте за Фрчко!!!
 
Каква нормална држава бе? ФИРОМ??? Па тука имаш „експерти“, КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПРЕТСЕДАТЕЛ, и цела плејада на ПЛАТЕНИЦИ кои отворено заговараат ПРЕДАВСТВО!

Навистина сме занигде!!!

И упорно солат ли солат памет...а институциите на системот каде се?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom