Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
Бугарија се рашири до Голо Брдо
Во Виена синоќа Бугарската академија на науките го промовира филмот „Голо Брдо непознатите Бугари“ за регионот во Албанија каде што живеат Македонци
Софија не најде Македонци во Бугарија, но успеа да најде Бугари во Албанија: фолклорен фестивал на Македонците во Пустец
„Голо Брдо - непознатите Бугари“, е документарниот филм на Институтот за фолклор и на Бугарската академија на науките, кој синоќа се промовира во Виена. Автор на филмот е д-р Веселка Тончева, која одржала и предавање на темата за заборавените Бугари во Албанија и на Косово.
За кои Бугари зборува во својот научен труд академик Тончева? Промоцијата на филмот оди со придружно објаснување во кое се вели дека постоењето на бугарските заедници во регионот на Голо Брдо е непознато во Бугарија последниве повеќе од 40 години. „Општествените и научните интереси прв пат се појавуваат во почетокот на 90-тите години од 20 век, со падот на режимот на Енвер Хоџа и со отворањето на границите на Албанија. Со прогласувањето на независноста на Албанија во 1912 година и конституирањето на новите граници со Вардарска Македонија, која до тогаш и' припаѓаше на Србија, остануваат 21 село од областа Голо Брдо во Источна Албанија и 6 во Западна Македонија“, објаснува академик Танчева во поканата за нејзината промоција и предавањето.
Во филмот поединци раскажуваат за своето потекло, за етничката припадност, за нивните традиции и верувања, фолклорот и секојдневниот живот, има песни, народни носии со кои се потврдува бугарскиот карактер на тамошното население, објаснуваат од бугарскиот Културен центар во Виена, со чии претставници „Дневник“ вчера разговараше.
Пред неколку години во Бугарија беше објавена и книгата „Нашинците во Косово и во Албанија“ од новинарката Тања Мангалакова, во која Гораните се претставени како Бугари.Дали има Бугари во областа Голо Брдо во Албанија го прашавме Кимет Фетаху, еден од политичките лидери на Македонците во Албанија, кој потекнува токму од тој крај.
- Во регионов има 22 села во кои околу две третини се Македонци со исламска религија, а другите се Македонци христијани - вели Фетаху.Но, според него има и по некој што се кажува за Бугарин откако зеле бугарски пасоши, а имало и две организации на Бугарите. Таква организација бугарската влада има отворено и во областа Гора на Косово.Ефтим Митревски од Мала Преспа потврдува дека и во нивниот крај поединци зеле бугарски пасоши, но оти нивниот број бил мал.
Интересно е тоа што, на пример, пред две години Македонската телевизија направила документарен филм за областа Голо Брдо, каде се зборува за Македонци во тој крај и оти филмот добил и меѓународни награди.
- Станува збор за политика на Софија, според која Голо Брдо и Гора веќе неколку години се нивна цел. И успеваат во тоа. Ние не можеме во моментов да им парираме на нивната стратегија - вели висок македонски дипломат.Поединци што ја следат состојбата со малцинствата во регионот велат дека во иднина може да се очекуваат и позасилени дејства на теренот затоа што треба да се одржат пописи и во Албанија и на Косово.
- Секој гледа нешто да добие. Бошњаците, на пример, се многу активни во Гора. А за волја на вистината никој не знае како ќе се изјасни населението во Гора, дали ќе се попишат како Македонци или не и што ќе се случи и со населението во Голо Брдо - вели дипломатот.