Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Така викавте и за Бранко пред 5години и кога оп Бранко претседател,изгледа ни овој пат јасновидците не им се наклонети на ДПМНЕ.
Зависи од тоа колку луѓе викале.
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Реален, еве ти уште еден став на Иванов (види 'црвено' во текстот)... Прилично содржаен и добро конципиран став!
Не ми е јасно како не се измори од толку ставови!?

Интелектуалците сметаат дека Иванов е на прав пат

Денешните соговорници на Иванов му укажаа дека треба да продолжи и натаму како што правел до сега.
„Имаме искуство и научно е докажано дека сите оние кои мислат на добро, доброто им доаѓа. Сите што пишуваат, зборат, што правеле лоши работи, лошото кога тогаш ќе им дошло“, смета Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов.
„Јас мислам дека сме на прав пат, дека конечно Македонија да дојдат луѓе обични домаќини во буквална, но и во интелектуална смисла и да ги вратат одамна заборавените есенцијални човечки вредности“, смета драматургот Братислав Димитров.
 
Член од
27 февруари 2009
Мислења
22
Поени од реакции
1
Abe sto bidna so izvozot na mlekoto ?.................Frce ima novi informacii......:uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo:....moze SAMOUBICATA znae a ?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
SE IZVEZE NA ULICA.

Ај задржете се на темата, без идиотизми.
 
Член од
9 февруари 2008
Мислења
170
Поени од реакции
8
Ne sirite dezinformacii deka Ivanov vodi site anjeti se lazni kazete mi koj ke glasaa za onaa KUKLA abe na se lici na covek ne poima nema neznae da zbori.


LJUBE ZA PRETSEDATEL
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Ne sirite dezinformacii deka Ivanov vodi site anjeti se lazni kazete mi koj ke glasaa za onaa KUKLA abe na se lici na covek ne poima nema neznae da zbori.
Дај ми две причини да мислам дека Иванов не знае што зборува.

Ти немаш гледано TV емисии и трибини на кои Иванов ги изнесува своите ставови а ги има доволно за да покажат дека е комплетна личност кој може да биде претседател на Македонија. мозеш да ги видиш на youtube. еве една
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Македонија Од атентатот се офајдија Црвенковски, Фрчкоски и Грција


Автор: Мирка Велиновска
Оцената на Стојан Андов дека македонската политика е подземна активност има посебна вредност зашто доаѓа од инсајдер што во изминативе децении е во врвот или блиску до центарот на таквите подземни активности. Ова сведоштво нема да ни помогне многу при определувањето на овие избори, ама може да ни расветли многу настани, одлуки и постапки на политичките елити од минатото што имаат тешки реперкусии за државата до денешен ден. На пример, што е она што толку цврсто ги сврза лутите противници Петковски и Андов со Црвенковски и Фрчкоски, за првите двајца да ја напуштат удобната коалициска фотелја на два месеци пред самитот на НАТО во Букурешт и да прејдат во опозиција, по цена на јавна компромитација. Или, зошто Црвенковски реши да го кандидира за свој „наследник“ човекот кого го именуваше како напуштена љубовница? Одговорите на вакви прашања секогаш се во минатото. Во случајов, клучни настани (а особено дати) за демистификација на оваа „непринципиелна коалиција“ се периодот на подготовка и потпишување на Привремената спогодба, а особено нејзината ратификација во Собранието и атентатот врз претседателот Киро Глигоров.

По овие собитија, македонската политичка сцена драматично се прекомпонира. Атентатите не се случуваат туку така и секогаш имаат конкретни политички мотиви. Во случајов со Глигоров изгледа се поклопија и грчкиот интерес (да ги оствари своите стратегиски цели во поглед на Македонија) и интересот на една група амбициозни индивидуи во СДСМ што беа спремни тие грчки интереси да ги остварат, а за себе да обезбедат неограничена политичка моќ преку процесот на приватизацијата. Во обата процеси, очигледно Киро Глигоров стана вишок (и проблем) што требаше да биде отстранет (што се повтори и со смртта на Борис Трајковски во сомнителна авионска несреќа, а откако беа изведени уставните промени во 2001 година и следуваше законот за територијална поделба, кој Трајковски се закануваше дека нема да го потпише). Заеднички именител на обата настани со далекосежни последици е што СДСМ е на власт, а државните органи се необјасниво незаинтересирани за расветлување на инцидентите. За нив никој не понесува лична политичка одговорност. Напротив, истите ликови по секој ваков чин необјасниво напредуваат или ја зацврстуваат својата политичка позиција, односно, имаат евидентна политичка и материјална корист. Дополнителна небулоза е нивното необјасниво амнестирање од страна на т.н. невладин и медиумски сектор, но и од интересот на Обвинителството и МВР.

Така, Фрчкоски, по три месеци, при првата реконструкција на Владата на СДСМ, станува министер за надворешни работи и главен менаџер на грчко-македонските преговори, а Црвенковски, по авионската несреќа на Трајковски, само преминува од премиерската во претседателската фотелја, без да понесе одговорност за кој било од двата настани.

Техничка ратификација на далекосежен документ

И тајмингот кога се случуваат настани што предизвикуваат шокова состојба кај нацијата се прецизно одбрани. На пример, Привремената спогодба беше потпишана на 13 септември 1995 година, по многу натегања, а требаше да биде ратификувана во Собранието во рок од еден месец. Така, една недела пред 10 октомври, за кога беше закажана седницата за ратификација, но и големите демонстрации во организација на вонпарламентарната опозиција (ДП и ВМРО-ДПМНЕ), на 3 октомври „случајно“ се случи атентатот врз Киро Глигоров. Нормално, за колективни шокови состојби, вниманието на јавноста беше пренасочено кон атентатот, а ратификацијата се изврши рутински, без никаква дебата. Иако имаше место за сериозно преиспитување на македонската политика во поглед на „деталите“ од Привремената спогодба, кои беа недостапни за јавноста, а носеа сериозни консеквенци за државата. Така, и до денешен ден не е објаснето како дошло до тоа македонскиот анонимен преговарачки тим да ги прифати трите дополнителни барања на Грција што биле доставени буквално на минута пред потпишувањето на спогодбата, а се однесуваат на обврската на Македонија да признае дека симболот од Вергина е грчки, дека државата Македонија ќе ги попречува сите чекори на Македонците, жртви на егзодусот, да си ги остварат своите имотни и граѓански права и, согласноста државата Македонија самата да се деноминира и на својата амбасада во Грција да запише дека ја претставува ФИРОМ. Нашата дилема денес, а во светло на непристојното и невообичаено агресивно однесување на шефот на државата и неговиот кандидат за претседател Фрчкоски по прашањето на името и идентитетот, е какви сè други обврски можеби презела македонската политичка елита што во она време водела крајно нетранспарентна политика? И, дали во ваквиот вид тајни шашми, треба да ја бараме вистинската причина за политичкиот судир со Никола Груевски, а кој ги надминува рамките во кои се одвива политичката борба помеѓу власт и опозиција. Значи, нема никаква антиквизација или букефализација на македонската политика, но можно е да постојат уште тајно преземени обврски од страна на главните транзициски ликови за кои ние ништо не знаеме и кои, во претстојниот судски процес пред Меѓународниот суд, може да станат јавно добро што ќе ги искомпромитира нивните патриотски костуми. Да не заборавиме дека грчките политичари постојано тврдат дека нивните македонски колеги им ветиле, а не испорачале!!!

Засега не ни е јасно по каква шема се случува радикалната промена на претходно резолутните ставови на Бранко Црвенковски за двојната формула, воведувањето на некаква нова реалност во старите преговори за разликите околу името, воведувањето на идентитетот во некаков голем преговарачки пакет кој од 2001 година ни го носи медијаторот Нимиц, барањето гаранции за идентитет од политички партнери и меѓународни организации, ама е реално да се сомневаме дека Црвенковски има лични мотиви зошто сака брзо да го прифатиме грчкиот ултиматум за наше самоукинување.

Симболични бонуси за Македонија

Од содржината на Спогодбата во сите шест поглавја и 23 члена се гледа дека Македонија е нагрбачена со серија рестрикции и обврски, а Грција само со признавањето на границите на државава и обврската да не го попречува приемот на Македонија во меѓународните и регионалните организации. Бонус од „преговорите“ што ги олеснуваа Ричард Холбрук и Џејмс Пердју (олеснувач и во епизодата Рамковен договор) ни е единственото македонско барање на кое „тврдоглаво“ инсистира македонскиот преговарачки тим - Грција да го симне своето економско ембарго пред потпишувањето на спогодбата. Што е апсурдно, зашто тоа ќе се случеше по основа на пресудата на Европскиот суд на која Грција беше дадена од страна на земјите-членки на ЕУ (тогаш ЕЕЗ) зашто ги нарушуваше законите за слободна трговија на Унијата. Интересно, по истата „формула“ беше испреговаран и рамковниот договор со кој на Македонија и се „гарантираше“ крај на војната и територијален интегритет, а за возврат таа се обврза од темел да го промени Уставот, односно самата да ги поништи асномските придобивки по Втората светска војна. Ако се сеќавате, при неговото донесување, парламентарниот спикер, Стојан Андов, тврдоглаво инсистираше на „бонусот“ да била разоружена ОНА пред да биде прогласен новиот устав.

Симптоматично е за Македонија дека во клучни моменти преговорите се водат толку аматерски и лузерски што не може да биде случајност дури и ако се согласиме дека имаме неталентирани или неписмени политичари кои избираат исто толку неасолни експерти. Попрво се работи за подземна активност на подземната политика, која има прецизно зацртани етапи во остварувањето на крајната цел. На пример, последниот сет грчки барања со кои се условувало потпишувањето на Привремената спогодба, македонските „преговарачи“ го прифатиле за само три минути. А ист беше случајот и со рамковниот договор за кој, интелектуални услуги даваше „експертот“ Фрчкоски по принципот - ќе ви начкрабам што сакате, а на вас е после да го избуткате.

Па сепак, и покрај овие факти кои не доведоа до „новата реалност“ на Црвенковски, двете резолуции на Советот за безбедност, 845 и 817, Повелбата на ООН и Хелсиншката повелба за човековите права и меѓународното право велат дека „преговорите за името се однесуваат само за разликите околу името, а не и за самото име“. Тоа значи дека „секоја страна си ја задржува својата позиција околу ова прашање, но тоа не ја попречува натамошната меѓусебна комуникација“. Членот 5 од Спогодбата, пак, појаснува дека „никој, па ни ООН не може да определи ново име за „втората страна“ исто како што никој не може да ја натера Грција тоа име да го прифати“. Што логично упатува на решавање на спорот преку т.н. Ирска формула. Освен ако една или двете страни самоиницијативно (а под притисок) во меѓувреме не се откажат од своите права.

Под претпоставка дека би било ептен транспарентно ако во Македонија се случи уште една „сообраќајка“ или атентат за да се елиминира и Никола Груевски како нов неадаптибилен „вишок“, се чини дека на овие избори носителите на подземната македонска политика со сите средства, методи и разработени техники ќе се борат да се одржат во живот. Имено, имаат многу што да кријат и тоа во временски распон од 1993 до 2003 година. И во тоа е суштината на нивната жестока кампања за деноминација на Македонија.
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Хронологија

на настаните што му претходеа на атентатот на Глигоров и на Привремената спогодба, која може фрли поинакво светло на „политиката“ што Македонија етапно ја претвора во неодржлива држава, а чии експоненти се истите добропознати транзициски ликови.

1994 година
- 10 март Љубомир Фрчкоски го разрешува Павле Трајанов од позицијата раководител на јавната полиција поради обвинувањето дека во Македонија политичкиот врв го организира и го покрива шверцот со нафта.

- 7 септември, со одлука на Владата се затворени фришоповите на границата со Србија. Истиот ден Стојан Андов ги закажува парламентарните и претседателските избори.

- 15 септември на конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, Љубиша Георгиевски станува кандидат за претседател.

- 17 септември Сојузот за Македонија го номинира Киро Глигоров за свој претседателски кандидат.

- 18 октомври ВМРО и ДП најавуваат бојкот на вториот изборен круг поради изборен фалсификат (130.000 издадени државјанства за Косовци)

- 20 октомври Киро Глигоров победува во првиот круг со 52,44 отсто од гласовите, со главната порака „Името останува!“.

- 20 октомври опозицијата дефинитивно излегува од изборите и станува вонпарламентарна.

- 31 октомври Сојузот за Македонија освојува 89 пратенички места.

- 14 ноември се соопштуваат резултатите од пописот. Македонија има 1.936.877 жители, од кои 66,5 отсто се Македонци и 22,9 отсто Албанци.

- 26 ноември инцидент во „Хард рок“, но Глигоров непланирано избегнува јавна компромитација

- 28 ноември почнува „историската“ приватизација со усвојување на програмата за преструктурирање на 25 загубари

- 20 декември е формирана новата влада, во која либералите учествуваат како експерти, а за нејзиниот состав гласаат воздржано

1995
- од 1 јануари почнува да се шпекулира дека Сојузот за Македонија е мртов, а Киро Глигоров е остарен политичар што ги кочи реформите.

-Странските весници, особено грчките, редовно известуваат за непомирливите разлики помеѓу Глигоров и Црвенковски во врска со македонската државна политика.

- 7 јануари во Охрид доаѓа Ричард Холбрук

- 10 јануари почнува приватизација на тутунските претпријатија

- 4 јули Стево Црвенковски и Сајрус Венс се среќаваат во Женева

- 6 јули Стево Црвенковски оди во Њујорк, а се враќа без објаснување за што разговарал или преговарал. Грчкиот министер Арсенис обелоденува дека постојат мал и голем преговарачки пакет.

- 8 септември се одвива шатл-мисијата на Холбрук на релацијата Атина - Скопје

- 13 септември е потпишана Привремената спогодба со преамбула, шест поглавја и 23 члена за регулирање на односите помеѓу Македонија и Грција.

- 24 септември се менува државното знаме. Идејното решение на новото знаме е на арх. Мирослав Грчев.

- 3 октомври - атентат. Министерот портпарол Ѓунер Исмаил ја презема улогата на контролор на здравствената состојба на преживеаниот Глигоров и главен координатор и комуникатор.

- 5 октомври Собранието донесува резолуција од 6 точки. Се бара истрага и откривање на инспираторите и извршителите на атентатот. Владата таа обврска не ја исполнува до 1998 година.

- 10 октомври ратификација на Привремената спогодба

- 15 октомври Стојан Андов бара формирање анкетна комисија за расветлување на атентатот. Парламентарното мнозинство гласа против.

Министерот Љубомир Фрчкоски две недели не се појавува во јавноста и плаче во кабинетот над својата упропастена кариера. Тој формално нуди оставка, а Бранко Црвенковски формално не ја прифаќа. Андов дава изјава за „Дневен телеграф“ дека несменливоста на Фрчкоски се должи на неговите информации за тоа кој стои зад атентатот.

- На 4 ноември Џорџ Сорос дава интервју за „Нова Македонија“ и тврди дека има одлична соработка со Владата и со премиерот Бранко Црвенковски, но затоа нема разбирачка со Киро Глигоров. Сорос цела година предлага Македонија да се преименува во Славомакедонија. Владе Милчин добива доживотна специјална улога на истурен логистичар за потребите на проектите на Бранко Црвенковски.

- Во новогодишниот број на „Нова Македонија“ Бранко Црвенковски објавува прекинување на коалицијата со ЛП на Андов. Следува реконструкција на Владата и промовирање на Љубомир Фрчкоски во шеф на дипломатијата.

- Фрчкоски истиот месец во ПУЛС ја елаборира својата идеја за шефот на државата (Глигоров) како англиска кралица. Оваа идеја ја поддржува јавно и новоназначениот министер на полицијата, Томислав Чокревски. Црвенковски не се оградува.


1996 година

- Без опозиција, а камоли соработка со неа или некаков дијалог, на Македонија и се случуваат локални избори, генерален реизбор на судиите во сите судски инстанци по партиски клуч.

- Приватизацијата се одвива според замислата. Претпријатијата паѓаат едно по едно и по принцип на внатрешен долг кон доверителите, преминуваат во приватна сопственост на директорите на СДСМ.

- Следува и новата територијална реорганизација без јавна расправа или учество на опозицијата.

- Фрчкоски како шеф на дипломатијата почнува да зборува за нужноста да се дефинира македонскиот идентитет, односно да се допрецизира со некаква додавка.

- Киро Глигоров, иако е сè уште на сцената, е целосно политички маргинализиран. Играта целосно ја води Бранко Црвенковски.

- Стојан Андов тврди дека врз Глигоров на таков начин е извршен втор, овојпат политички атентат.

Аспенскиот институт и Карнегиевата фондација излегуваат со оцената дека во Македонија е на власт Сојузот на комунистите, кој само го сменил своето име.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Реално гледано од кандитатите за претседател никој не чини, сите се кој од кој - значи нема асален човек од нив. Е сега Ѓорги Иванов има најголема подршка не само од Вмро туку од сите Академци, интелектуални личности и Професори. Можи вреди нешто човекот. :toe:
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
Ѓорги Иванов има најголема подршка не само од Вмро туку од сите Академци
Миленко,Јанко јади Бурек,Калиопи и Мирка ги сметаш за Академци?И кој тоа сите дај образложи.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Миленко,Јанко јади Бурек,Калиопи и Мирка ги сметаш за Академци?И кој тоа сите дај образложи.
Ако за тебе тие се академци, за мене ни најмалце. :nenene:

Зборувам за членовите на МАНУ (Македонска академија на науките и уметностите).

 
M

MKEUpatriot

Гостин
Интелектуалци се Гунер Исмаил Милчин Жарко Трајаноски Тито Петковски Героски врвни интелектуалци почитувани на широко.Доага крајот на грчките платеници.Иванов беше подржан од Гане Тодоровски Илија Андонов Ченто ректори Светомир Шкарик што секако се неспоредливи со Андов и компанија
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
Доага крајот на грчките платеници.
Се согласувам,конечно Груевски ќе одговара пред народот за аргументите предадени од негова страна на Грчката преговарачка позиција во Букурешт.

Светомир Шкарик што секако се неспоредливи со Андов и компанија
Нели бре неќите комуњари во ДПМНЕ?А Иванов е поддржан од еден од најкрволочните комуњари Шкариќ.
 
M

MKEUpatriot

Гостин
Ха ха божем не се знае зошто се смирија напуштената љубовница и електрикмен.Паника што да се прави да се одбрани започнатиот проект од 1993.Фрчко ги мрзеше селското лоби од СДСМ сега со нив на бина.Крајот доага на сдсовската-грчка искординирана акција за бришење на македонците и македонството.Анкетиѕте баш и не кажуваат дека Иванов и некому ке одговара ако ги следиш

Во дпмне ги сакаме сите со македонска национална свест а нели Бучко го нарече Тито предавник сега пак заедно
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom