Ne se blamiraj nego kazhi komentar za ovoj del od kolumnava :
Но, она второто во исказот, дека не должи никому ништо за кариерата, тоа малку потешко за оние што го знаат!
Teshko vi e tamu vo Bihakjka, mnogu teshko, panika.....
Агонија на главниот актер на македонската транзиција - Црвенковски
Автор: Ѓорге Иванов
Зошто прифатив да учествувам на ваква трибина? Не можев да му одолеам на предизвикот да учествувам на трибина на која јавно ќе се зборува за системот на владеење на Бранко Црвенковски. Досега не знам дека имало ваква јавна трибина на која се разговарало отворено за тоа како владее главниот актер на македонската транзиција во овие речиси две децении.
Значи, што е она што навистина ни се случува нам во Македонија?
Во Македонија се случува агонија на еден систем на владеење, кој е инсталиран од главниот креатор на македонската транзиција. Кога сте во агонија се прават последните обиди да се одржите во живот. Тие очајнички обиди тогаш се инстинкт на самоодржување. Тој инстинкт ве принудува да правите грешки, со тие грешки вие се разоткривате. Ова што сега ни се случува, едноставно е разоткривање на системот на владеење на Бранко Црвенковски.
Јас уште пред 10 години неговиот систем на владеење го дефинирав како систем со тенденции на султанизам. Облик на лично владеење во кое вашата општествена хиерархија зависи од блискоста со лидерот, односно владетелот. Вашите економски, политички успеси се резултат на личниот однос со владетелот. Тоа е облик на создавање клиентализам во едно општество. Тоа е облик на владеење, кој беше доминантен кај Мечијар во Словачка, Мило Ѓукановиќ во Црна Гора, за Милошевиќ во Србија и на бранковизмот во Македонија.
Најдобра дефиниција даваат сите негови најблиски соработници што биле употребени или, да кажеме, злоупотребени и отфрлени. Ќе цитирам изјава од една серија
„Што направивме да го заслужиме ова“ снимена во 2004 година, изјава на еден негов близок соработник Ѓунер Исмаил. Ѓунер таму вели: „Премиерот Црвенковски, во чии две влади седев, е еден исклучителен компилатор, во убава смисла на зборот, човек инсуфициентен со други знаења, меѓутоа човек што многу бргу учи, меѓутоа човек што нема никакви морални, политички или идеолошки стандарди на кои може да се потпре, или врз основа на кои може да направи некаква рамка во која може да се движи. Тој успеа од оваа земја да создаде, да менаџира и да биде секретар на една трајна коалиција, се плашам на криминалот, на расипани политичари, на идеолошки превртливци и на новинарски слуги. Тој е автор на таа композиција и ние од таа композиција с* уште тешко излегуваме и не сум сигурен дека ќе излеземе“.
Е, сега, зошто станува збор за агонија на тој систем? Агонија е затоа што потезите и неговото посегање по законот за помилување се укажување дека неговите инсталации во оваа држава веќе не функционираат или веќе не се во негова функција. Прво, тој секогаш ја користи Службата за државна безбедност вакви случаи да исчезнат. Тоа укажува дека нема веќе влијание врз СДБ. Вториот негов чекор, ако не го правеше тоа Службата, го правеше полицијата, која наоѓаше начини да се избришат сите негови вмешаности, основи за кривично дело. Значи нема веќе влијание ни врз полицијата. Трет негов чекор секогаш беше обвинителството, преку обвинителството знаеше да ги застари предметите, да ги разобличи и затоа неговиот личен избор, последниот обвинител што тој лично го избра Прчевски, велеше дека е последната будала што се нафатила да извршува туѓи интереси и налози. Последниот стадиум му беше судството. Судиите односно судијките на кои лично знаеше да им се јавува и да им диктира судски одлуки. Сега што му останува? Според она што го вели Ѓунер Исмаил, останаа новинарските слуги, расипаните политичари, криминалните структури и, би додал, уставната надлежност. И затоа посегна по Уставот. Тоа е доказ дека агонијата на тој систем веќе е на дело, тој не функционира. Тој жали сега, не жали, тој плаче некој да го повика на одговорност, бидејќи кога сте во агонија вие се соочувате со политичка смрт. Тој плаче некој да го повика на одговорност за да може, како животните кога се ранети, да покаже сила. Силата е компензација секогаш во такви ситуации за извесноста од исчезнување. Овие негови очајнички обиди, всушност, се желбата да биде прозван пред последната инстанца што ја контролира, Уставниот суд.
Затоа оваа трибина повеќе ми личи на еден парастос на еден иден политички мртовец или, пак, на лекарски конзилиум што се обидува на еден тешкоболен да му даде дијагноза.
За жал, не гледам тука некои од тие што се приврзаници, односно што се бранители на ликот и делото на Бранко Црвенковски, за да се соочиме со аргументи, меѓутоа тоа во некоја друга пригода. Свесен сум дека уште вечер ќе ги чујам сите тие бранители, кога ќе бидат многу силни, на блогераите кога анонимно ќе се јават да ги бранат ликот и делото на креаторот на ваквиот систем на владеење. Меѓутоа сум се навикнал на такви работи. Ако се толку храбри, нека излезат јавно и нека го изнесат својот став, како што тоа го правам јас денес.
Обраќање на професорот Ѓорге Иванов на трибина за владеењето на Бранко Црвенковски во организација на Право и правна држава
http://sezamakedonija.blog.com.mk/node/204926