Законот на Телема

Г

Господ

Гостин
Ку не е материјалното тело... Кабс е Ѕвезда... Болдираното е само за да ја покаже поврзаноста на работите... Да покаже дека оној што ограничува, не постигнува ништо. Како ќе знаеш што е доволно? Хм...?
Мажот и Жената од секогаш биле и ќе бидат рамноправни!
Тоа рисјаните измислија (по пример на еврејската традиција) дека жената ќе чмае во сенката на мажот... Но тоа е минато... :)
Секој маж и жена е ѕвезда е она што укажува на еднаквоста меѓу мажот и жената.
Кабс е Ѕвезда,светлината во секој од нас?
А што е Ку?
Буквално ли Кабс е во Ку?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Буквално Кабс е во Ку...
Кабс е Ѕвезда, а Хадит е Распламтениот сингуларитет во центарор на секоја ѕвезда, кај секој поединец во бесконечноста на Нуит. Затоа Хадит и Нуит се соодветни симболи за Универзумот, преставени и преку науката и преку духовното разбирање на истиот тој Универзум.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Ај ова објаси ми го малце.Љубовта е над волјата или обратно?
Прави што ти е Волја и тоа нека биде целиот Закон!

Еве дел од книгата LIBER II - ПОРАКА НА МАЈСТОРОТ ТЕРИОН , веќе пастирана на 6-та страна од овој подфорум. Последниот пасус вели вака:

Постои само уште еден збор кој треба да се објасни. На едно друго место е запишано - на наше големо задоволство- "Љубовта е закон, љубовта под волја".

Тоа треба да се сфати во ова значење: додека Волјата е Закон, природата на таа Волја е Љубов. Но таа љубов всушност е нуспродукт на Волјата; таа не е во контрадикција со Волјата, ниту ја истиснува; и ако се појави привидна контрадикција во некоја криза , Волјата е таа која ќе не поведе по правиот пат. Погледни, иако во Книгата на Законот се говори многу за Љубовта, таму нема ниту еден збор за Сентименталноста. Омразата е речиси еднаква на Љубовта! Борбата е сосем сигурно Љубов! "Како браќа борете се!" . Сите мажествени раси на овој свет го сфаќаат тоа. Љубовта на Liber Legis е секогаш смела, снажна дури и оргијастична. Во неjзе има нежност, но тоа е нежност на силата. Моќна и застрашувачка и величествена, каква што е веќе, таа е сепак само знаме на светото копје на Волјата, изгравиран запис на мечевите од Витезите - монаси на Телемата.


Љубовта е закон, љубов под волја.


П.С. Зарем треба да додадам нешто, кога тука е се кажано. Останува само праксата како доказ на горенаведеното!!!
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Еве нешто од "старите" учења, за да не се заборавиме:



ЗЛАТНИТЕ СТИХОВИ



НА

ПИТАГОРА




  • Прво обожавај ги Бесмртните Богови, бидејќи се одредени и наложени од Законот.
  • Почитувај ја заклетвата, потоа Хероите полни со добрина и светлина..
  • На сличен начин почитувај ги Терестријалните Дајмони, давајќи им го обожавањето кое законски им следува.
  • Исто почитувај ги твоите родители и оние кои се најблиску поврзани со тебе.
  • Од останатиот свет направи го пријател оној што се истакнува со својата доблест.
  • Секогаш обрати внимание на неговите благи наговарања и огледај се по примерот на неговите доблести и полезни акции.
  • Избегни го колку што е можно мразењето на пријателот за мала грешка.
  • (И разбери дека) моќта блиску се граничи со нужноста.
  • Знај дека сиве овие работи се така ко што ти кажав; и навикни се да ги надминеш и победиш овие страсти:
  • Прво лакомоста, мрзливоста, сладострасноста и гневот.
  • Не прави ништо лошо ни во присуство на други ниту скришно;
  • Но пред се почитувај се себеси.
  • Следно, запази праведност во твоите постапки и зборови.
  • И привикни се да не се однесуваш при секоја околност без правила и без разум.
  • Но секогаш направи ја оваа опсервација дека е наложено од судбината сите луѓе да умрат.
  • И добрата и богатствата се несигурни; па како што можат да бидат стекнати така може и да бидат изгубени.
  • Во однос на сите несреќи што луѓето ги снаоѓаат од божествената судба,
  • Поднеси ја трпеливо твојата судбина, каква и да била и никогаш немој да негодуваш околу тоа.
  • Ами настојувај да направиш се што можеш за да ја поправиш.
  • И сфати оти судбината не им испраќа голем дел на вакви несреќи на добрите луѓе.
  • Постојат меѓу луѓето многу видови на размислувања, добри и лоши;
  • Немој да им се восхитуваш премногу лесно, ниту да ги отфрлаш.
  • Но ако лагите напреднале слушни ги со благост и вооружи се со трпеливост.
  • Забележи го добро во секоја прилика она што ќе ти го кажам:
  • Не дозволувај ниеден човек ниту со зборови, или со дела некогаш да те заведе.
  • Ниту да те намами да кажеш или направиш нешто што не е полезно за тебе.
  • Консултирај се и промисли пред да делуваш за да не би направил будалести акции.
  • Зашто му доликува само на мизерен човек да говори и делува без размислување.
  • Но прави го она што нема да те измачува отпосле, ниту ќе те принуди на покајување.
  • Никогаш не прави нешто што не го разбираш.
  • Ами научи го она што треба да го знаеш и на тој начин ќе водиш пријатен живот.
  • На ниеден начин немој да го занемаруваш здравјето на твоето тело.
  • Но дај му пиење и месо во соодветна мерка исто и вежби кои му се потребни.
  • Сега под мерка подразбирам нешто што нема да ти создава тешкотија.
  • Навикни се на начин на живот кој е уреден и пристоен без луксузи.
  • Избегнувај ги сите работи што ќе причинат завист.
  • И немој да се однесуваш расипнички како некој што не знае што е пристојно и чесно.
  • Немој да бидеш ни алчен ниту скржав; соодветната мерка е одлична во овие работи.
  • Прави само работи што не можат да те повредат и промисли пред да ги направиш.
  • Никогаш не дозволувај да заспиеш по твоето одење во кревет,
  • Се дури разумно не ги испиташ сите твои акции во текот на денот.
  • Каде погрешив? Што направив? Што пропуштив, а требаше да го направам?
  • Ако во ова испитување откриеш дека некаде се погрешил, прекори се остро за тоа;
  • А ако си направил некое добро радувај се.
  • Практикувај ги потполно сите овие работи; медитирај на нив добро; треба да ги сакаш со сето твое срце.
  • Тие ќе те постават на патот на божествената доблест.
  • Се колнам во оној кој го пренесе во нашите души Светиот Кватернион, изворот на природата, чија причина е вечна.
  • И никогаш немој да започнуваш некоја работа пред да им се помолиш на боговите за да го постигнеш она што си го наумил.
  • Кога ова ќе ти стане навика,
  • Ќе го осознаеш уредувањето на Боговите и на луѓето.
  • Дури и колку далеку различните битија се распространети, од што се содржани и што ги поврзува заедно.
  • На тој начин ќе сознаеш дека според Законот, природата на овој универзум е подеднакво во сите работи,
  • Па така нема да се надеваш на она на кое не треба да се надеваш; и ништо од светот нема да ти биде скриено.
  • На сличен начин ќе сознаеш дека луѓето доброволно си ги навлекуваат врз себе несреќите и по свој слободен избор.
  • Колку ли се несреќни! Тие ниту гледаат ниту сфаќаат дека нивното добро е близу до нив.
  • Малкумина знаат како да се спасат од своите несреќи.
  • Таква е судбината што го заслепува човештвото и му ги одзема сетилата.
  • Како огромен цилиндер се тркалаат напред и назад и секогаш се напаствувани од безбројни несреќи.
  • Зашто фатална вродена борба ги следи насекаде, отфрлајќи ги горе-долу; ниту пак ја забележуват.
  • Наместо да ја провоцираат и подгреваат тие треба преку попуштање да ја избегнат.
  • Ох Јупитер, наш Татко! Ти би ги спасил сите луѓе од сите зла што ги мачат,
  • Покажи им од кој дајмон можат да имаат помош.
  • Но биди храбар; расата човечка е божествена.
  • Светата природа им открива најскришни мистерии.
  • Ако таа ти ги додели нејзините тајни, лесно ќе ги изведеш сите работи кои ти ги наложив.
  • И преку лекување на твојата душа, ти ќе ја избавиш од сите зла, од сите измачувања.
  • Но апстинирај од меса кои ги забранивме во прочистувањата и спасението на душата;
  • Направи правилно разликување на нив и испитај ги сите работи добро.
  • Секогаш да бидеш воден и насочуван од разбирањето кое доаѓа одозгора и кое треба да ги држи уздите.
  • И по ослободувањето од твоето смртно тело кога ќе стигнеш во најчистиот Етер,
Ти ќе станеш Бог, бесмртен, нераспадлив и Смртта веќе нема да има власт над тебе.

П.С. Сево ова е напишано многу порано од некој си Исус или некој Мухамед и нивните Богови. Иако зборуваат слично...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
ерм... Исус е Формула...

П.С. Ова ми е најмал пост до сеа :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Нормално дека е, Deus Homo Est :) Еден од многуте други....
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.465
Човек како и секој друг, но не и Бог како секој човек, бидејќи Бог е еден.


ОК не е ова тема за вакви препуцавања, иако можам до утре да зборам за божествената природа на Исус Христос.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Имаш право. Не е овде место да се објаснува ничија божественост. Но може да се расправа дали друг Човек не е Бог и дали е или не е дел од Бог.
Секој маж и секоја жена е ѕвезда.
Нели...
Рамноправна, самоодржувачка според сопствената енергија и Волја...
Не може еден да е, а друг да не е Бог, заради горната изјава во Liber AL.
Нема да зборуваме дали е Добар или Лош :)
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Интересна тема .. онака да ја кренам :smir:
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Koj so gaolo tikvi sadi ...........
Nema nisto interesno ovde , nevideno sranje u boja za alcni luge.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Koj so gaolo tikvi sadi ...........
Nema nisto interesno ovde , nevideno sranje u boja za alcni luge.
Ок твое мислење ..
зошто ѓаволот? зошто срање у боја, зошто алчни? .. обрзложи, искоментирај .. овакви постови не толерирам ..

--- надополнето ---

ја прочита темава? ... врз база на шо го донесе тој заклучок? да не се понашаме ко некои други знаеш кои на теми за Ошо итн ..
гледам Телемава пропагира Љубов, верба во себе, Волја и наоѓање на сопствениот пат, На своите цели во животот .. човечкото битие како еден микрокосмос (слично нешто и во Суфизам и некои филозофии има), „бог е во секој и секој е бог“ ... незнам зошто напад онака нафрлен без основа .. а не дискусија ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom