Еве и одговор на твоето прашање Гарфилд.
Стариот завет на Арапски јазик за прв пат е објавен од страна на Р. Саадиас Гаон во 900 година. Повеке од 200 години по смртта на Мухаммед с.а.в.с А Новиот завет објавен за прв пат на Арапски јазик е од страна на Ерпениус во 1616 год. повеке од 1000 години по смртта на Мухаммед с.а.в.с.
Па како можел Мухаммед с.а.в.с да копира од нешто што не постоело во негово време ???
Се сложувам дека има исти работиза за кои Библијата и Куранот зборуваат, но тоа не значи дека Куранот копирал од Библијата.
Тоа значи дека имаат ист извор, а разликата е во тоа што едната објава е зачувана во оригиналност и е уникатна а другата е изменувана, манипулирана, со којзнае колкав број на верзии и тн. сите објави од Аллах с.в.а имаат иста порака Монотеизам, верување во еден Бог.
Ако за некои сличности на Куранот и Библијата речеме дека Куранот копирал од Библијата ќе биде грешно, затоа што тоа ќе значи дека и Исус а.с. копирал од Стариот завет! Затоа што има многу работи кои ги пишува во стариот тестамент и истите тие работи во целост ги има во Евангелијата.
Но и на ова ако прогледаме низ прсти и за увид на аргументи, за момент ќе се сложиме со теоријаta , дека Куранот е копија од Библијата. Да анализираме некои примери:
Библијата во првата книга Битие вели дека Господ универзумот га створил за 6 дена, кои дена имаат период од 24 часа. Куранот за ова, иако на прв поглед изгледа слично, ако анализираме разликата е црно и бело.
Куранот на повеќе места зборува за створувањето на универзумот, пр. во Сура Јунус 10 (ајет 3) Аллах с.в.а универзумот го создаде за 6 дена (периоди) Арапскиот збор користен во Куранот за ден е: Ејјам кој е множина од ден , и има исто така значење на долг времески период.
Научниците за ова кажување на Куранот немаат никаков приговор, но за тоа што вели Библијата за нив е не прифатливо, за време од 6 дена кои имаат времетраење од 24 часа, дека може да се оформи целиот Универзум. Библијата дава и други невозможни работи кои не се сложуваат со науката, едно од нив е дека: земјата со сите нејзини растенија (вегетација) била створена во третиот ден, а на четвртиот ден Господ ги створил Сонцето и Месечината!
Па како може да се развие вегетација без да има сончева светлина и топлина???