- Член од
- 23 јули 2009
- Мислења
- 35
- Поени од реакции
- 3
За да се оттргне створената визија, а при тоа имајќи однос, на кого ќе мисли дотичниот маж ако не на предметот на својата желба што пак само по себе е грев.
“Кој поглеедне жена/маж со желба веќе сторил грев во срцето свое“-а камоли пак да ја изгониш грешната желба со однос. На тој начин човекот тоне се подлабоко и подлабоко.
Па уште и компарација на ликот на женета со шејтански лик...:devil1:
Види вака, овде зборуваме за верник Муслиман, кој својата визија ја има створено само со поглед, затоа што останатото му е забрането.Значи ниту ја допрел, ниту нешто повеќе од тоа имал со неа.
За да дотичниот маж мисли на предметот на својата желба и при тоа има однос со својата жена, тој може само да си замислува, што не значи дека на јаве таа е таква. Како ќе ја замислува? Има две раце, две нозе, уста, бенка на стомакот, како кога не ја знае? Значи може само да си фантазира, што не ја ја става таа личност во неговите мисли, може да биде тоа било која жена или пак никоја, само мисла.
Е сега мислата е грев, грев е не викам не, но ние секојдневно имаме илјада и една грешна мисла, нас шејтанот не не остава ни миг на раат, но затоа пак имаме намаз пет пати на ден, при кој во нашата понизност пред нашиот Створител, ние се покајуваме за се она грешно знајно и незнајно што сме го направиле и со самото тоа, со вистинското покајание Аллах ни простува.
Исламот е вера која на луѓето им олеснува, не им отежнува, од причина што во секој момент можеш да ја створиш релација Господар – роб,и при тоа да ти бидат простени гревовите. Друго што е олеснувачко е тоа дека ако намислиш да направиш нешто лошо, а не го направиш не ти се пише грев, а ако намислиш да направиш некое добро дело, а не си во можност да го направиш, ти се пише севап.
А тоа дека тони се подлабоко и подлабоко, грешка си, верникот не може да потони ако има вистински однос со Аллах , со секое искушение, да речеме во овој случај жената која му влегла во мисла, тој се моли Аллах да му го отргне тоа искушение, а со самото тоа си го чисти срцето.
А компарација за жена во шејтански лик, е да не сакаш со ангели да споредат, за да добие подобра визија таа сигурно била некоја добро истегана (напрхнана и настрхнана), ај направи си визија во главата на жена со хиџаб?