Дали го одобруваме штрајкот организиран од СОНК?

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ќе имаш предизборна програма...разгледај ги од ДПМНЕ и СДСМ и најди најмал заеднички содржател па трезвено размисли.Сигурен сум дека ќе успееш во крајниот епилог на таа математика и сигурен сум дека ќе успееш да направиш разлика од плукање и реклама до програма и предлози.

Знаеш ли во што е проблемот кај тебе кога реков издигни се и надмини ја самобендисаноста. Најпрво треба да признаеш дека ДПМНЕ во регистерот е запишана како ВМРО-ДПМНЕ, значи ако сакаш да те цени политичкиот противник треба да му го знаеш вистинското име. Зошто не заборавај (да не избегам од темата СДСМ неколку пати “еволуираше“ и си го менеше името и оние од ВМРО-ДПМНЕ исто така како тебе имаа долго комплекс па ве нарекуваа комуњари и слични епитети се додека не се издигнаа над тоа за денес да ви го кажуваат вистинското име СДСМ) во тој контекст сакам да кажам дека неможеш едноставно да плукаш во пакет по нечија програма зошто колку и да си на другата страна на противникот треба да му ги признаеш и добрите страни. И за крај ќе ги разгледам програмите и ќе одлучам. А сосема на крај она што го кажав во анализата за синдикатот држи место од едноставна причина што реалноста ја покажува колку и да се обидуваме да завземеме нечија позиција. Па во интерес и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ е да има здрав синдикат за да има здрава држава заснована врз правила. Инаку истото ќе му се случи и на СДСМ тогаш кога ќе биде на власт, а тогаш ти ќе треба да мижиш и да ги оправдуваш за истите постапки за кои сега ја критикуваш актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ. :helou:

П.С. Се извинувам на администраторот што избегав малку од темата
 
Па во интерес и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ е да има здрав синдикат за да има здрава држава заснована врз правила.

Тука нема правила ама затоа пак има закони, а свесен ли си дека Министерот Стојановски го крши правото на народот за штрајк а воедно и законот кој се коси со интересите на граѓаните?Плус тешко на таа држава заснована врз правила а не на реални закони за нормално општество!
 
Кога реков правила мислев на закони, извини ако не си ме разбрал. Само уште еднаш да ти повторам ти никако да престанеш еднострано да ги гледаш работите. Во тоа е проблемот на тебе и на твојата партија СДСМ, по секоја цена да се плука другиот, а никако да се видат и сопствените гршки, апатија и неспособност да се најде решение. А за министерот Стојановски ми се чини има интерпелација па нека таму се оправдува, а СДСМ нека каже на јавноста што грешел и верувај ако не успее интерпелацијата , а опозицијата биде во право народот ќе си напише еден минус на владата и така постепено на следни избори ќе ги казни. Тоа е тоа што верувам сакаш и ти да функционира како демократија, закони и други норми пропишани со Уставот. Но пред тоа правете реформи, реформи и реформи во СДСМ длабоко сте западнати во апатија и еднострана самобендисаност. Ајде ве сакаме како власт за да видиме што е тоа што не успеавте да го кажете кога имавте шанси. Дали СОНК ќе живее во решени проблеми, дали Муратовски ќе рече браво СДСМ алал да ви е. :helou:

П.С: Извини одам на пауза зошто ја загадивме темата, а тоа не го сакам. Поздрав.
 
Колумна
Удар од внатре
Со актуелниов штрајк во јавниот сектор-образованието, науката и културата, власта се најде изненадена. Послушноста е откажана, власта е неподготвена, па затоа инстинктивно посегна по тоа по што посегнуваше секогаш кога во овие 2-3 години се наоѓаше во таква состојба - примена на брутална и директна сила
15934BAFBE657D42839D8C65287DED3C.jpg

Во третата година од своето владеење власта доби удар од таму од каде што ниту се надеваше ниту очекуваше. Ударот го доби од внатре. Од своите редови. Настанот е сериозен, иако власта ќе го третира маргинално. Таа досега успеа да изгради свои одбранбени механизми и да ги релативизира сите надворешни удари и да ги прикаже пред своите поддржувачи во земјава како „контрареволуционерни“ што доаѓаат од домашните или од странските „реакционери“. На пример, се' за што ќе реагираше опозицијата беше од напред осудено и отфрлено. Медиумите во тоа многу ја потпомагаа и се' уште ја потпомагаат власта. Иста судбина имаат и критиките од ЕУ. Малку недостига, па власта да ја осуди ЕУ како некакво повампирено сениште што се обидува да ја расипе забавата и благосостојбата на македонскиот народ.
Критиките упатени оттаму се одбиваат од власта како од армиран бетонски ѕид. Во последниве две недели ЕУ трипати ја предупреди Македонија дека состојбата со слободата на медиумите и информирањето е на најниско ниво и дека граѓаните, де факто, се предмет на масовна политичка манипулација и медиумски притисоци од оние што ги поседуваат медиумите. Тоа се луѓе длабоко инволвирани во власта и од самата власт. Власта и медиумите тоа со леснотија го прикажуваат како „изјава на г. Фуере“. Како г. Фуере тука да престојува на летен одмор во приватна режија, па неговите изјави се „само негов личен хир“. Ајде нека се размисли трезвено. Тоа се позициите на 27 држави и на институциите на ЕУ во врска со слободата на медиумите во Македонија. Недостига уште да ни кажат дека сме купиле билет за Куба или Северна Кореја, а ќе патуваме преку аеродромот во Минск.

Но, да се вратиме на внатрешниот удар. Власта од почетокот на своето владеење успеа да се инволвира во македонското синдикално движење и да го стави под суштинска контрола оној синдикат што нејзе и' е најзначаен - синдикатот на чии членови токму Владата им е работодавец. Сега, со актуелниов штрајк во јавниот сектор - образованието, науката и културата, власта се најде изненадена. Послушноста е откажана, власта е неподготвена, па затоа инстинктивно посегна по тоа по што посегнуваше секогаш кога во овие 2-3 години се наоѓаше во таква состојба - примена на брутална и директна сила. Мобилизирани се медиумите, инспекторите, министерствата, директорите, штрајкбрехерите и кој ли уште не. Партијата на власт како во очај двапати го обвини дури и СДСМ дека е директно инволвиран во штрајкот.
СДСМ од тоа се огради, но длабоко во себе беше задоволен и потајно се смешкаше што власта го посочи како доволно моќен да организира такво нешто. А СДСМ сега е далеку од таква моќ. Партијата пред две недели јавно се вклучи со директен повик до своите членови и симпатизери од целата држава, со свое присуство, да го поддржат собирот на другиот синдикат, на ССМ, кој во најголем дел ги обединува вработените во приватниот сектор. Протестот пропадна со присуство на само околу две илјади луѓе. Премалку и срамно за нешто што СДСМ го поддржува. Обвинувањето од партијата на власт кон СДСМ беше само нивен инстинкт. Граден со години и години, па сега по инерција повторно се користи. Ништо друго.

Сегашниов штрајк, како и сите други штрајкови во светот, еден ден, порано или подоцна, ќе заврши и училиштата повторно ќе проработат. Дали заради штрајкот нешто ќе се промени, во овој момент не може да се знае. Ќе остане само фактот дека власта доби директен удар оттаму каде што мислеше дека е најсилна - кај вработените и синдикатот од јавниот сектор. Познавајќи ги партнерите во власта, тие тоа нема да му го заборават ниту на СОНК ниту на нејзиниот водач и раководството околу него. Осветата кон нив еден ден ќе пристигне во некаква форма. Треба да се почека и да се види во која. Освен ако во сето ова со штрајкот нема некое скриено сценарио што не треба да се исклучи.

Некоја жртва ќе мора да даде и власта. Најдобро е ако состојбата се реши со сопствена оставка на надлежниот министер. Нему и онака, без сопствена вина, на грб му се ставени да ги влече сите пропаднати проекти на власта во образованието уште од 2006 година до денес. Како на Сизиф. Консеквенциите за тие грешки нема да ги преземе врз себе никој од фамилијата, па подобро е надлежниот министер со време да си се тргне настрана од одговорноста, пред да му се наложи со инспекции и притисоци и да ги казнува или, што е најнепосакувано сценарио, да ги отпушта од работа оние што штрајкуваат и на тој начин целосно и неповратно да се избламира. Инаку, заканата за отпуштања веќе е изречена од тројца министри пред ТВ-камерите. Во целата приказна со штрајкот, најтрагична епизода се штрајкбрехерите од владејачката партија. Растрчани, присилени да се скараат со колегите, присилени да зборуваат пред камера, притиснати за да вршат притисоци врз другите. Навистина жална слика.

Веројатно со овој штрајк веќе почнува да се пишува и извештајот на ЕУ за Македонија за идната година. Интересно ќе биде да се види како ќе се оцени земјава од аспект на почитување на правото на штрајк. Без разлика што во ЕУ во моментов доминираат десничарските сили, треба да се очекува дека однесувањето на властите во Македонија ќе биде суптилно осудено. Европа е многу чувствителна на прашања како што се слобода на информирањето, слободни избори, право на штрајк и слично. Потоа да не излезе дека на власта повторно и' е крив амбасадорот Фуере.

Никола Поповски

П.С. Марко не е СДСМ на тапет и на власт него ДПМНЕ!
 
По кој знае кој пат ќе речам “веќе видено“ луѓето кога се на власт се некако зауздени и спроведуваат политика под директива, а кога се опозиционери се успешни колумнисти затоа што многу добро знаат што е власт и каде тие правеле утки,но кога пишуваат колумни толку се речити што си поставуваш прашање, како тоа можат така да бидат паметни зошто тоа не го правеа кога беа на власт. Тоа ти е парадоксот на Диоген. Само ме чуди едно анализата на г-динот Никола Поповски е толку едноставна што секој просечен граѓанин ја прави, но нема можност да ја пласира во јавноста како што тој ја прави, злоупотребувајќи ги медиумите. Па нели се научивме на него и нему сличните политичари што мислење имаат, та сега мора во кожата на колумнисти да се облечат па да протураат “кобајаги големи анализи“.
Се враќам на првото “веќе видено“. Некој треба да се реформира. Пробајте можеби сте вие тоа.
А власта оставете ја нека се справува со синдикалците и останатите проблеми, а ако дојде до истото дереџе како СДСМ тогаш и ним ќе им кажам. Ова со колумните на политичарите во весниците е обична “блуваница“. Му дадеш 17 години на власт и тој замисли не може да се докаже,а преку една колумна од една А4 страна каже толку многу што си помислиш, абе овој 17 години на Марс бил или во мечкина дупка. Треба да се поднесуваме едни со други и да се трпиме макар по четири години, тоа е демократија. А после ако не сте добри, марш. Дај да почекаме трпелив народ сме. :helou:
 
Пред некој ден на Бумбар прва тема беше штрајкот на професорите.
Водеа со бели бумбари се до моментот кога не се крена паника во штабот на ДПМНЕ.
Наеднаш јавувања во стилот , па што сакаат тие професори, и тоа им е многу што го земаат...итн. Пресврт во резултатот и победа на црните дпмновски ботови.
Да не можеш да се изначудиш колку оваа власт контролира се и на кој начин пере мозок.
Би ве прашал нешто. Ве навредуваат ли вакви емисии кога гледате. Нели е ова навреда за интелегенцијата на еден Македонец. Па на што им личи народов на овие гебелсчиња. На фаличен, на мутав, на недоквакан, или недајбоже ретардиран ?
 
Добро бе, до кога мислиш да копираш мислења?

Чисто информативно, можеш и линк да ни дадеш.
 
Што е битно дали е копирано или не,сепак не ја менува вистината за разлика од останатото

П.С. Од друг форум и друго мислење е ама сепак вистинито.
 
Тогаш цитирај го изворот.

Чим незнаеш сам да се изразиш, играј чесно.
 
Добро бе, до кога мислиш да копираш мислења?

Чисто информативно, можеш и линк да ни дадеш.

Support !!!!!

Знам да се изразам само признавам ме уморивте со контра обвинувања без везе па морам да копирам

http://www.macedonians.tv/showthread.php?t=916

Задоволен?

Te molam linkovi od toj forum ne.
Molba do adminite da go trgnat linkot.
 
Не го оправдувам.
Што е работава со нив и они веќе незнаат имаат доста солидна плата и не им треба повеќе а што да кажам социјалците и оние кои работат во конфекциите и што зимаат 6.000 - 7.000 денари.
Епа токму затоа има 3 години конфекциско средно за конфекциите и 4години средно плус уште 4 најмалку факултет за професорите!
Ја гледаш разлика?:tv:
 
Да,да и да!
Змаете зошто?
Пошо не(зборам за О.У.''Лазо Ангеловски")учиме!
 
Пред некој ден на Бумбар прва тема беше штрајкот на професорите.

Ве навредуваат ли вакви емисии кога гледате. Нели е ова навреда за интелегенцијата на еден Македонец. Па на што им личи народов на овие гебелсчиња. На фаличен, на мутав, на недоквакан, или недајбоже ретардиран ?

Се прашувам..дали нели случајно....(се) гледаш во огледало..кога ова го пишуваш овде???
:salut:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom