СДСМ: "CРЕЌНА НОВА 1949 ГОДИНА" !
“Како што тргнала владејачката партија со своите погубни политики, нема да не зачуди ако на 31 декември Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ни ја честитаат: СРЕЌНА НОВА 1949 ГОДИНА !“, стои во соопштението од СДСМ како реакција на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ само потврди дека во партиските редови владее огромната паника, смета СДСМ.
“До вчера премиерот и економските министри пет пари не даваа за глобалната економска криза и велеа нема опасност за Македонија и нејзините граѓани, а сега ја користат како главен аргумент против барањата на СОНК и Дојчин Цветановски, кои самите го избраа за свој партнер. Иако ветија, сега тврдат дека немаат пари за покачување на платите во образованието и културата, а го направија најмегаломанскиот Буџет во историјата на Република Македонија според кој Владата на ВМРО ДПМНЕ во 2009 година ќе потроши фантастични 2,7 милијарди евра“, се вели во соопштението.
СДСМ потсети на 2005 година кога беше опозиција ВМРО-ДПМНЕ со “Гласот на светлината“ го блокираше главниот град, а сега прави невидени притисоци, се заканува со откази, смени за да им го одземе на граѓаните уставно загарантираното право на штрајк.