Според кажувањата на дедо ми, еве што имал неговиот татко Шевролет автобус произведен 1930 како овај на сликата кој се возел на релација Битола-Кичево.
Во село имам уште делови од него, од типот на скаличките за качување (на кров се носеле куфери и сличен багаж) и сл. А како завршил, не сакате да знаете. Дедо ми и неговиот брат (деца со по 6-7 години) влегле во него, со џебно ноже и одштрафувале штрафчиња и сечеле жички.... Така да автобусот после нивниот “мајсторлак“ останал неподвижен, и завршил како кокошарник. На крај по 10 години, се нашол некој од Нови Сад кој имал потреба и кеш да го купи само моторот и диференцијалот (ваљда тоа му требало)....
едит: имав некаде слика од него, ако ја најдам ке ја постирам.