- Член од
- 26 јануари 2008
- Мислења
- 86
- Поени од реакции
- 4
...more ..ova vlashkoto lobi odamna funkcioniralo... i dlaboki tragi ostavilo...nekoj toa go pocituva...nekoj pluka po nivnite dela..koj kako saka...ama tragite se dlaboki...
СТО ГОДИНИ АЛБАНСКА АЗБУКА
Трње наместо цвеќе врз гробот на Кирјази
Творците на албанската азбука заслужуваат повеќе од безимени гробови зашто се значаен дел од историјата и потврда за космополитскиот дух на Битола, велат историчарите
Во гроб чие име и датум времето ги избришало одамна, на осамените гробишта во црквата „Свети Димитрија“ во битолското село Магарево, почива еден од основачите на унифицираната албанска азбука, Герг Кирјази. Тој со своите браќа Герасим и Ристо, и сестрата Параскеви, биле активни учесници на битолскиот конгрес одржан во 1908 година, кога била унифицирана единствена албанска азбука. За жал, требаше да се навршат 100 години од настанот, за некој да се сети да ги растрга трњата од гробот на Герг Кирјази и да положи цвеќе.
- Почивалиштето не го одржува никој. Оставено е на забот на времето. Сега го пронајдов гробот, по она што ми останало како сеќавање од татко ми. Како мал ме носеше тука - вели Ристо Кирјази, единствениот потомок на ова семејство во Битола. По долгогодишна запоставеност, почит кон делото на Кирјази, викендов изразија група интелектуалци од Македонија и од Албанија, положија цвеќе и ја испеаја химната на албанската забука.
- Ова не е политичка личност, туку човек чие интелектуално дело го надминува времето во кое живеел. Кирјази е Влав од Албанија, православен верник, кој живеел во Македонија. На неговиот живот треба да се гледа како на значаен дел од градската историја, кој го потврдува космополитскиот дух на градот и заслужува нешто повеќе од безимен гроб - вели историчарот Алберт Хани од Корча, Албанија. Не се знае каде е закопан Герасим Кирјази, најизмачуваниот од браќата, за кого историчарите велат дека честопати бил затворан, но не подлегнал на притисоците од турските и од грчките асимилатори.
Сите тројца биле делегати на Битолскиот конгрес, кој се одржал од 14 до 22 ноември 1908 година. Со нив била и сестра им Параскеви, единствената жена на конгресот, иако во тоа време на балканските простори не било практика жени да се консултираат за толку важни прашања. Во Битола тогаш присуствувале албански интелектуалци од целиот свет, зашто градот бил конзулски центар и се чувствувале безбедно.
- Цели осум дена се воделе жестоки дискусии која од четирите азбуки што дотогаш се користеле да биде прифатена како единствена за понатамошна употреба на Албанците. На крај, постигнале согласност да се прифати латиницата со извесни промени на буквите адаптирани за карактеристиките на албанскиот јазик - вели Кенан Хасани публицист од Битола. По овој значаен настан Параскеви го издала и првиот буквар со унифицирана азбука за потребите на училиштата. Подоцна заминала за Албанија. Но, како многу интелектуалци во времето на режимот на Енвер Оџа, била протерана од државата.
- Собравме и оригинални документи од домашната библиотека на потомците на Кирјази. Се работи за 50 експонати во ракопис, фотографии и оригинали останати од Битолскиот конгрес. Ќе ги изложиме на 20 ноември, во Куќата на албанската азбука во Битола - вели Бајрам Вевки од здружението „Башкими конгреси“.
Фасадата на објектот е реставрирана, но останува неизвесно дали внатрешниот дел ќе се уреди до 20 ноември, за кога е најавено гостување на премиерите од Македонија, Албанија и од Косово. Според плановите, куќата треба да прерасне во музеј.
ИНФО-Значаен јубилеј
Eдинствената албанска азбука била унифицирана на конгресот одржан во Битола од 14 до 22 ноември 1908 година.Герг Кирјази е еден од основачите на нејзиното унифицирање. Неговата сестра Параскеви била единствената жена учесник на конгресот.