Препарати за имунитет?

  • Креатор на темата Креатор на темата bezobrazna
  • Време на започнување Време на започнување
На кого му продавате детски приказни. Препарати нема за појачување на имунитет, ако од нешто земаш во поголема количина тоа по некое време создава алергија која има лош ефект за вашето здравје. За добар имунитет се знае кој се производите зеленчукот и овошјето во нормални, мали количини и во различни комбинации со можност што повеќе од истите да се конзумираат во текот на денот. Сите семкасти производи и житни култури. Сите тие производи кои ги набројавте може да бидат и штетни по здравјето се што е во мали количини е здраво и се што е правилно подготвено.
 
Печурките шитаке се права имунолошка бомба.

Ова од искуство или од читање?

Maлку логика:

Чим ви зборам дека јадам лук, значи не јадам лук 2 дена, туку јадам лук многу време (со години). Чим јадам лук со години, значи за толку долго време СИГУРНО сум нашол начин како на никој да не му смета тоа (ни да му мирисам ни ништо такво.

Ем сум си здрав, ем си уживам во јадење лук, ем никој не го приметува тоа, everybody се среќни :)

Дај кажи ја тајната :smir:?

На кого му продавате детски приказни. Препарати нема за појачување на имунитет, ако од нешто земаш во поголема количина тоа по некое време создава алергија која има лош ефект за вашето здравје.

Има препарати кои најчесто непосредно а во поретки случаи и посредно делуваат на имунитетот на пример Ехинацеа. Тоа за алергија не мора да значи но е слично како и за секоја храна.

Житните култури треба да се јадат во мали количини пошто баш тие може да предизвикаат алергии.
 
Ова од искуство или од читање?

Таман работа ако сите лекови и вакви помошни супстанци гледавме колку се добри само од лично искуство.
Имам прочитано за нив дека имаат голема нутритивна и хранлива вредност и ја покачуваат антивирусната активност
еве нешто повеќе за неа ако те интересира.
 
кромидот, пиперката, магданосот, зелката се богати со витамин ц, брокулата-малку обарена е антиоксиданс а морковчето обарено ги испушта своите витамини(каротинот) инаку непреработено не. Тој го подобрува видот, добар е за анемични луѓе, ги отстранува штетните материи во организмот.лукот ја подобрува циркулацијата на крвта во организмот, спречува артериосклероза, го намалува покачениот крвен притисок.....салати практикувам да јадам колку што можам повеќе, колку повеќе бои(разни видови на зеленчук) имаат дотолку се побогати со витамини и се поздрави, Затоа јадете зеленчук,бидете здрави по природен пат доколку енормно е ослабната моќта на организмот тогаш ќе се консултирате со лекар и ќе ви препорача какви додатни витамини да внесувате.
 
Таман работа ако сите лекови и вакви помошни супстанци гледавме колку се добри само од лично искуство.
Имам прочитано за нив дека имаат голема нутритивна и хранлива вредност и ја покачуваат антивирусната активност
еве нешто повеќе за неа ако те интересира.

Да, ама ти рече дека се права имунолошка бомба така да помислив дека си проверила па од искуство збориш :smir:.

Сум читал многу за шитаке ама едно е теорија а друго е пракса.
 
Мед,Алое вера,Б комплекс и чаеви...:smir:
Е фино што ме потсети за медов имам цела тегла , а не ми текнува да јадам, а се убив пиејки витамини.... и пак ме закачи бе ова настинкава
 
Сокови од исцедени Лимони,Портокали..
 
Прополис-от е одличен имуностимулатор.

И Echinacea.

Може и Royall Jelly(има и витамини+).

мене само vit c,b complex i ehinacea ми помагаат за иимунитетот:smir:

Паметно,ама добар избор е и олигојак+селен,и Витамин С има од Synergy1000mg но со одложено ослободување т.е константно ќе имаш"долив" на витамин С.
 
Абе Ракија све лечи , и интерно и екстерно... :kesa:со витамин Ц у комбинација.. :tv:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom