Хрчаци

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.243
Поени од реакции
962
Локација
Скопје
viewthread.php


Вчера си купив хрчак и забележав дека на форумов нема таква тема, па решив да отворам една токму за нив.

Сте чувале ли хрчак? Сакате ли да чувате?
Како се однесуваше, како се викаше, колку време го чувавте?
 
Имам чувано 3... Едниот ми умре многу брзо, па земав нов, ми избега, и третиот ми се разболи и ми умре :( Повеќе од 3 месеци не сум успеала да задржам едно... И затоа после се префрлив на морско прасе :) Не памтам како ми се викаа... Иначе многу се мили :) Али од кога имав морско прасе, повеќе ги сакам нив :)
 
Јас чував 3 години хрчаци, првиот дури ми се породи :)
а вториот од старост умре по 2 години живеат негде по преосек еве и слика од него :)
BIG_TN_108934hrcak5.jpg
 
Да му давам ли вода бе?
На еден форум наидов на толку контрадикторни мислења дали да му се дава вода, па не знам ич што да правам :toe:
 
Да му давам ли вода бе?
На еден форум наидов на толку контрадикторни мислења дали да му се дава вода, па не знам ич што да правам :toe:

:pos2::pos2::pos2:

Вода бе сите пиат. Дестилирана :pos2:
 
Имам 2.Дуле и Коки се викаат(:pos2::pos2:)пошо незнаевме како да ги крстиме и брат ми ај Дуле и Коки и отиде.

Да му давам ли вода бе?
На еден форум наидов на толку контрадикторни мислења дали да му се дава вода, па не знам ич што да правам :toe:
You must be crazy!!!:lud::lud::uvo::uvo:
 
Па има мислења дека не може да преживеат без вода, други пак викаат дека водата ја примале преку зеленчукот а трети па викаат дека веќе некое време им живеат и без вода.
 
ја имам куце но незнам како да ја ставам сликата:toe:
 
Па имав хрчак многу одамна го чував многу и на крај се заебав го спарив со комшијата женски хрчак и напраеја 10 мали.6 ги изедоја 4 останаја и све ги шитнав на крај жал ми падна шо ги продадов и то.Не му давав ни вода ни нишо пилевината ја јадеше супер се држеше топ беше и пак сакам али.. ќе виимо.
 
Некој да не знае како одат цениве на хрчациве сакам да си зеам еден и што се му е потребно ?
 
Хрчакот е околу 200-250 денари, јас купив и аквариум (може да се користи ем за риби ем за хрчаци), тој беше 300 денари а имаше и еден кафез, поголем беше и внатре имаше 300 матракуки за хрчаци (тркало, куќичка, некави скалички и сл.); пилевината е 30 денари а пакетчето е огромно, а храната исто се продава пакувана и е 80 денари а пакетчето е некаде со големина колку смоките Стоби Флипс :)
 
Да му давам ли вода бе?
На еден форум наидов на толку контрадикторни мислења дали да му се дава вода, па не знам ич што да правам :toe:

Kaква вода море?
Ќе го умреш хрчакот. Не смеат вода да пијат тие.

Инаку, чував хрчак одамна. Не ми текнува на името, не ми текнува ни како изгледаше, премала бев. Само знам дека татко му кога му го миеше тоа аквариумот заборави да ја избрише водата и ми го умре и после во канта го барав. Сиротко:(
 
И јас имам чувано хрчак поклон ми го дадоја црн беше Дени ми се викаше вода не му давав да пие дека така ми кажаа го ранев со кикирики, јабука, морков итн ... :)
Многу често го пуштав низ соба да шета па после по пола сат го барав позади кревети, шкафови и каде не ... :)
Повеќето ги чуваат во аквариум (секако не со вода) ама јас го чував во кафез на 2 спрата си имаше и кучарка, пилевина и тркало да се врти, ама не ми живеше многу долго ми се разболе во зима и умре, од тогаш кафезот празен ми седи :P
 
Еве ги контрадикторните мислења.
Еден вика вода да, друг вода не.
Јас сепак му дадов прееска малку и се напи ама сега гледам ништо не му е.
На еден хрватски форум стои со големи, болдирани, црни букви дека МОРА да му се даде вода.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom