Дали е доволна минималната плата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ljuben
  • Време на започнување Време на започнување

Ljuben

Дебел!!!
Член од
3 јуни 2008
Мислења
48
Поени од реакции
2
Денешната минимална плата мислам дека изнесува окулу 12500 денари т.е. окулу 200Евра. Дали мислите дека може да се нахрани, напие и да ги плати сите сметки едно 4 члено семејство?
Која според вас би била минималната плата?
А ако се вработени двајца?
Бидејки викаат дека со 2 може да се живее скромно.
 
ако е една во семејството нормално дека не е доволна...за задоволување на најосновните потреби и за сметки би била доволна барем плата од 20 000 и нагоре
 
Кај е бе толку платата минимална?Многу голем дел од луѓето земаат помалку.
 
Mинимална плата е мислам 4.000 денари а просечна плата е околу 15.000 денари.
Ако зборуваме за минимална плата, нема шанса ни еден човек сам да го помини месецот а камоли фамилија, а за фамилија... одвај и скромно со ПРОСЕЧНА плата.
 
За нормален живот потребни се 150-200 од човек. Така што :) ситуацијата е далеку од идеална!
 
не е... www.stat.gov.mk ќе видиш колку е потрошувачката кошница.... мислам дека е дупло или трипло од минмалната плата.... минималната не е 12 500...

со просечна плата ... 250 евра, остануваат 20 евра месечно според www.stat.gov.mk така да минималната не е ни оддалеку доволна...

ама без разлика, во повеќето фирми вработените земаат на хартија по 4000 денари, односно се осигурани на мин. оти има 70сетина% давачки кон државата, а всушност покрај тие 4000 официјални земаат нешто екстра под рака...

и има големи разлики во местата на живеење... во Демир Хисар со 20 000 се живее нормално дури и удобно, а во скопје моногу тешко се преживува со истата плата...
 
Јас мислам дека една македонска плата треба да изнесува најмалку 15000 денари а највеке 25000денари. А за да може едно семејство да се прехрани мора да работат најмалку 2 члена.И просецна плата на ова семејство треба да изнесува најмалку 15000 денари.
 
Минимална плата на еден член може да достигне до 5 000 или 4 000, а вкупно некаде 12 000, мислам дека НЕ е доволно, за се за белешки телефон вода струја, храна леб, пари за деца и слично ! :jaj:
 
Минимална плата на еден член може да достигне до 5 000 или 4 000, а вкупно некаде 12 000, мислам дека НЕ е доволно, за се за белешки телефон вода струја, храна леб, пари за деца и слично ! :jaj:

Таа минимална плата што ја спомнуваш е непријавена! Најмала пријавена мислам дека е 6000 + пат и храна ( а фирмата одвојува + околу 6000 на оваа плата, за пензиско и здравствено осигурување [кои ќе се намалат од 1ви јануари] )... значи 8000-9000 дефинитивно не се доволни за еден човек, а не па за 2ца, 3ца или 4ца... :nesum:
 
Minimalnata plata se razbira deka ne e dovolna.Se stremime kon evrposkite standardi so smesen dohod na graganite.
 
минимална плата е законски определната најниска плата.кај нас изнесува 4000 денари ако не се лажам.сите знаете колкави се трошоците кои мора да ги направите за пристоен живот па според тоа може да се заклучи дека повеке од половина од населението(посебно од помалку населените и рурални подрачја) живее под една линија на сиромаштија.
 
Не е доволна. И да има две минимални плати во семејството, одвај ќе успеат да си ги платат трошоците.
 
Не е доволно бидејќи цените постојано растат, а платите стагнираат дури и се намалуваат некаде:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom