Македонско фудбалско првенство 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
Ќе биде смешки. Глетка - ко да играат на нива орана.

Абе чоек и во англија и другине држави така почнале ама тоа било пред 100 години. Ние малку касниме ама ај ќе не бидне
 
Абе океј, ама нелогични ми се коментари дека со преноси ќе се развиел фудбалот. Фудбалот за да се развие треба многу други работи да се средат за да личи на фудбал, а не на маалски натпревар, па потоа да биде убав за гледање на ТВ.
 
Многу добра работа ова ама може па сега да се измешаат некои работи. Ние цело време се надеваме дека ќе наполниме еднаш цел стадион, а вака со преноси некои ќе сакаат од дома да си гледаат. Но може и би се одразило поинаку доколку лигата ни добие во квалитет и луѓето на ТВ ќе видат што како е па да сакаат повеќе да идат на стадион. Плус сега лигава штом вака ни почнува да земе спонзори како другиве лиги еве како англиско што е барклајс и кај нас некое мало спонозоче и слично да се внесат пари во фудбалот да се развие повеќе.


друже јас кога игра вардар во битола со пелистер ен одам а стадионот е полн :) со ова само ќе се добие затоа што веќе нема да слушам на радио пренос;)

п.с. тој што сака фудбал ќе оди да гледа и сигурно е дека се популаризира фудбалот со тв преносите.
 
Не можеш баш за тоа да тврдиш. Еве за мене ти кажувам дека сеуште не би отишол да глеам, а по она што го видов вчера на кеј кога идев, а и на вести што даваа со пиштоли таму некои доаѓаат таква популарност на МАК фудбалот никој нејќе.
 
Во секој случај браво за идејата на А1/А2..Да се надеваме дека фудбалот ќе оди на подобро..:wink:
 
Редно беше ова да се случи. Браво за А1/А2
 
Браво, конечно еден паметен потег. Секоја чест за А1/А2.
 
да супер
добра идеа на А1/А2
 
Браво, конечно ќе може да се следат Вардар и Работнички кога нема да играат во Скопје, идејава им е супер, само ова да трае долго а не по една сезона да прекинат поради наводно мало следење на натпреварите. Па да се надеваме дека Цементара ќе се врати у прва лига, па во скопските дерби ќе си ја следам со мерак од тв, хехе.
 
Браво браво!!Добар чекор за Мак Фудбалот.
 
Одлична работа на А2 со тоа што ке можеме да ја следиме Македонската лига т.е појаките тимови како Работнички,Вардар,Македонија Ѓорче Петров и други али сепак нема да биде толку интересно за гледање пошто на трибините ке ги гледаме навивачи како се соблекуваат и друго (не за сите навивачки групи).
 
Одлична работа на А2 со тоа што ке можеме да ја следиме Македонската лига т.е појаките тимови како Работнички,Вардар,Македонија Ѓорче Петров и други али сепак нема да биде толку интересно за гледање пошто на трибините ке ги гледаме навивачи како се соблекуваат и друго (не за сите навивачки групи).
епа ете велија се погрижил да има преноси, сеа може да појде и да ги превоспита навивачите...:toe:
 
Браво за А1,фала Богу на некој да му текне да пренесува натпревари во живо на оние најинтересните од колото,може ќе тргне на подобро,а сепак каков таков наш е македонски.Може една кампања како со производиве ГЛЕДАЈ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛ ЗА НАШЕ ДОБРО:tv:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom