Со кого од семејството сте најблиски?

  • Креатор на темата Креатор на темата B. Boop
  • Време на започнување Време на започнување

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Самиот наслов кажува: со кого од потесното семејство (мајка, татко, брат, сестра, баба, дедо...) сте најблиски. На кого може да му се доверите без проблем? Со кого може да се посоветувате и да знаете дека ако го послуште неговиот совет нема да згрешите? Кога сте тажни и повредени пред кого од семејството си дозволувате да заплачете? Чија критика најмногу ви значи?
Не дека мислењето и советите од другите членови не се на место, ама вас најмногу ви значи мислењето и одобрувањето во врска со вашите постапки баш од тој член. :)
 
Со мајка ми:smir:.И кажувам скоро се освен некои работи кои сметам дека не се за кажување:toe:
 
со целото семејство на сите им кажувам што имам да кажам
 
Со личноста што најмногу ја сакам-со сестра ми.
Со неа сум најблиска.Всушност, нема ни потреба од суперлативна форма зашто само со неа и сум блиска.Со моите родители-јок.Не дека не поминувам доволно време со нив, но таква блискост се' уште се нема создадено.
А со сестра ми, која патем ис мај бест френд, се' е поинаку.:pipi:
 
Со брат ми (иако по цел ден се караме :pos2:)... со него сум најблиска, а потоа со братучетка ми што живее со мене... Со другите не сум ама ич блиска...
 
тетка ми.колку само личи на мајка и,Ангелот кој ме научи со љубов и милост да бидам она што сум.
 
Искрено со никој, ама сепак ќе речам мајка ми, затоа што ко помала бев многу приврзана со неа, но како поминуваа годините се одалечив.. И сега сум блиска, ама не е тоа тоа..
 
Дефинитивно со татко ми! Од него барам секакви совети, па дури и за машки и можам отворено да си зборувам фала богу до одредена граница каде после неа е мојата интима :smir:
 
паааа со мајками ама мнооогу малце и кажувам, а па брат ми ако го прашам нешто ке ми се искине од смеење,
 
Со никој не сум блиска, значи праам општо а не се отварам незнам зашо од секад сум била таква, или па толку се труделе да разузнаат нешо...
 
Хм...Па, можеби со сестра ми, иако е тешка за комуникација, ме слуша само кога сака...Мајка ми е параноид хистерик вивикум, така што со неа никогаш не можам да се разберам, а татко ми е силенсио калмум и со него можам само да молчам...
Значи, блиска сум,но некои работи не можам да им ги објаснам, знам дека нема да ме сфатат, иако си се ок луѓето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom