@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.113
Лазар Поптрајков - македонскиот Хомер
И Македонија има свој Хомер. Има дури два. За Прличев, кој за поемата „Сердарот“ беше овенчан со лавров венец среде Атина, знаат сите. За Лазар Поптрајков знаат жителите на неговото родно село Д‘мбени, историчарите и оние на кои под рака им дошла поемата „Локвата и Вињари“, која пред 5 години, во чест на 100-годишнината од смртта на Поптрајков и од објавувањето на овој еп, ја објави книгоиздателството „Аз-буки“.
Во случајов, македонска Троја, опишана во Хомеровиот славен еп „Илијада“, епланината Малимади, каде што се одигра големата херојска битка на началството на Костурскиот револуционерен реон против турската војска во 1903 година. И како што Хомер во 8 век пред нашата ера ја опеа легендарната Тројанска војна, македонскиот поет, попознат како револуционер, Лазар Поптрајков ја опеа жестоката битка на Малимади во прекрасната поема „Локвата и Вињари“ (врвови на планината).
Големиот Блаже Конески поемата ја спореди со Хомеровата „Илијада“, а некои други книжевни теоретичари и со легендата за Гилгамеш и со едно од раните дела на Арнолд Шоенберг - „Смрт и преобразба“.
Кој е Лазар Поптрајков?
Роден е во костурското село Д‘мбени (1876 или 1878 година) во семејството на попот Трајко Шекров, како единствено машко од седумте деца. Семејството се грижело за воспитувањето и образованието, а учителката Менка, која живееле во нивната куќа, го вовела во францускиот јазик, го учела да свири на неколку инструменти, од кои тамбурата и цигулката му биле омилени.
Гимназија учел во Солун, центарот во кој се калеле македонските револуционери: Даме Груев, Пере Тошев, Ѓорче Петров. Во Солунската гимназија членува во литературната и музичката секција.
Стапувајќи во редовите на револуционерната организација, Лазар за време на школските распусти шетал низ костурските села и ги поставувал основите на организацијата. По завршувањето на гимназијата станал учител во родното Д‘мбени. Во 1898 година почнува неговата интензивна револуционерна активност. Во 1901 година Костурско го посетува Гоце Делчев и Лазар му се придружува.
Лазар страдал од хернија, па по препорака од Делчев заминал на операција во Софија, а по враќањето бил уапсен во Велес и осуден на повеќегодишен затвор во Костур. Казната ја издржува во Корча се до општата амнестија во март во 1903 година. Тогаш станува началник на Костурскиот револуционерен реон.
По решението за подигање на Илинденското востание, Лазар ги предводи костурските востаници што ги ослободуваат Клисура и Невеска и воспоставуваат народна власт. По задушувањето на Илинденското востание, Поптрајков извршува поход во октомври и во еден судир со турската војска во Мариовско еден куршум му ја прострелува устата и му го пресекува јазикот. Лазар онемува.
По битката се враќа во Костурско и се крие во селото Руља, во куќата на пријател, каде што го примаат „со отворени раце“, но со зли намери. Знаејќи дека е распишана награда за Поптрајков, домаќинот во Руља му ја отсекува главата и му ја предава на грчкиот митрополит во Костур за 50 златни лири.
Со главата на револуционерот-поет се заплашува населението, а потоа е закопана во селото Апоскеп, кај Костур.
Грција го урна споменикот на Локвата
Поемата „Локвата и Вињари“ е малку позната во националната историја, која Лазар Поптрајков го запомнила повеќе како револуционер и војвода, отколку како поет.
Поемата е напишана по големата херојска битка на Малимади, кога началството на Костурскиот револуционерен реон се повлекло во својот штаб во месноста Берик, над древниот камен мост на реката Бистрица. Само 21 ден по настанот, Лазар Поптрајков, таму, во воденицата на Ристо и Митре Мангови, ја напишал поемата „Локвата и Вињари“, овековечувајќи го тој херојски настан и оддолжувајќи им се на тој начин на тринаесеттемина паднати соборци.
- Уште при првото читање на поемата фабулата асоцира на загадочните епопеи од древната светска литература, а авторот Лазар Поптрајков е споредуван, на пример, со Хомер и неговата „Илијада“ (Блаже Конески), со „Смрт и преобразба“ на Арнолд Шоенберг или со легендата за Гилгамеш (Чарлс Бонар Тинкам, професор на универзитетот „Лајола“ во Чикаго) и со други примери што ја третираат борбата за возвишени цели, саможртвата и смртта за постигнување на тие цели, најпосле и воскреснувањето - вели Ташко Саров во предговорот на македонското издание на поемата на издавачот „Азбуки“, објавено во 2003 година, на 100-годишнината од Илинденското востание.
Книгата содржи препев на поемата од старомакедонски, исто така на Саров, како и нејзини препеви на англиски и на грчки јазик.
По примерот на омилениот војвода и поет, Лазар Поптрајков и населението од Костурско ја воспеваа битката на Малимади, го негуваа споменот на загинатите херои преку една традиција.
„Имено, секоја година, на 31 мај (стар стил) ги посетуваа местото на битката и гробницата на загинатите неколку стотици жители од сите возрасти од Костурско. Повикувајќи се на поемата, девојчињата собираа кокичиња, здравец, темјанушки, киселец и други видови гороцвет и ги китеа гробовите на тринаесеттемина. Овде беше подигнато и спомен-обележје, кое беше урнато од Грците по 1913 година, кога овој дел на Македонија, според Букурешкиот мир, потпадна под Грција. Но традицијата на посетувањето на Локвата и на Вињари од населението на Костурско, во вид на народен излет, продолжи до 50-тите години на 20т век“, раскажува Саров.
Многу интерес, малку изданија
Според усните кажувања, ова дело е напишано на македонски јазик, костурски дијалект, и е многу поголемо отколку ракописот што е објавен првпат на бугарски јазик во 1929 година во „Илустрација Илинден“ во Софија.
- Поради немање пишувани податоци за оригиналноста на јазикот на кој е напишана поемата, ние се повикуваме на ракописот на Ванчо Прешленков, според кој, кога требало да замине за Бугарија, ракописот му бил врачен од Ристо и Митре Мангови, и тој му го предал на Македонскиот комитет во Софија, каде што е објавен во „Илустрација Илинден“. Како посебна книшка беше објавена и од костурското братство во Софија во 1940 година со предговор на Спиро Василев, а Македонците што живееја во источноевропските земји ја издадоа во периодичното списание „Македонски живот“ во 1963 година - вели Саров.
Во мошне податливата монографија за револуционерниот живот и творештвото на Лазар Поптрајков од Стојан Ристески, издадена во Битола во 1980 година, е проследен и интересот на повеќе македонски автори за обелоденување на поемата „Локвата и Вињари“.
Според овој труд, фрагменти од поемата подоцна се објавени во „Илинденска епопеја“ (1949) и во неколку броја на весникот „Нова Македонија“ (1961). Целосно препевот на оваа поема е објавена во списанието „Стремеж“, во 1978 година од Ташко Саров, како и во списанието „Современост“ во 1979 година.
Да се расчуе како Македонецот умира!
- Лазар Поптрајков брза да го внесе подвигот на јунаците во песна и во легенда. За да се разнесе веста што побргу наоколу, за да се расчуе како умее Македонецот да умира - пишува Гане Тодоровски.
„Македонци, колку сме
несреќни ние во таа борба со душман клет!
Туку, какво ли херојство во нас се крие
пред овој каллив, изроден свет?“
- Битката кај Локвата и Вињари, една од крвавите прелудии на Илинден, ја покажува дефинитивната подготвеност на Македонците да не се расколебаат во борбата - пишува Гане Тодоровски.
„Локвата и Вињари“ потсетува на „Гилгамеш“
- Како што ја читав и препрочитував „Локвата и Вињари“ постојано се потсетував на „Гилгамеш“ и едно од раните дела на Арнолд Шоенберг, „Смрт и преобразба“. Сите три дела се интензивни, ритмички и допрени од имагинацијата на животот, смртта и воскресението - пишува Чарлс Тинкам, професор по книжевност на чикашкиот универзитет, кој ја преведе поемата на англиски.
Еве уште неколку извадоци од неговата оцена за делото:
- „Локвата и Вињари“ е предизвикувачка поема...
- Поетот дава многу живи графички слики на растргнатост и болка...
- Тоа не е само поема за војната. Подлабоко, тоа е религиозна поема, која не уверува дека по херојската смрт, смртта со вера, телото сигурно ќе биде уништено, но душата ќе продолжи да живее вечно.
Песна за Лазар Поптрајков
Зашчо плачиш, зашчо жалваш,
ти високи Лисец,
зашчо с‘ магла се покриваш
од горе до долу?
Јас ќе плачам, јас ќе жалвам,
дор до век и веков,
зашчо видов как‘ заклаја
Лазо Папатрајков.
Отрежаа му главата
за педесет лири,
однесоја во Костур,
бакшиш на деспото.
Колку жално, срамно ести
за грчкиот деспот,
шчо го плате ѕверот Коте
да заколи Лазо.
Ај да кажеме: „Бог да прости
Лазо Поптрајков“!
Првиот и најголемиот
костурски началник.
(македонска народна песна)
Како Хомер...
„Како некаков Хомер, Лазар Поптрајков се зафатил да ни опише еден цел ден исполнет со крвав бој и јуначки сцени... Следејќи го животот како што тоа некогаш го правел Хомер, Лазар Поптрајков врз тој фонд опишува и лични судбини, изнесува сцени во кои доминираат фигурите на одделни учесници во бојот... И пак, како по примерот на Хомер, Лазар Поптрајков го изразува преку лична размисла својот однос кон настаните, своето сфаќање на историјата. Но древниот поет кажува дека луѓето се играчки во рацете на судбината, а Поптрајков изразува светла надеж во иднината, длабока верба во напредокот“, пишува Блаже Конески.
извор