The Fox and the Hound, The Last Unicorn... Имаше и една епизода на Том и Џери, Том ќе се преправи во глувчица за да го освои Џери (и да го фати нормално) и ќе му успее тоа. Џери ќе се заљуби, но Том ќе привлече и огромни стаорци кои ќе почнат да го бркаат. Цртанот завршува како Том бега од нив, а Џери седи на гранка, гледа и плаче. А на дрвото, изрежено скршено срце... Се убивав како мал од плачење на таа сцена.=)
Почнав да пишувам рецензија за филмов ама избришав. Како што пишував ме фати депресија на самата помисла на случувањата во цртанот. На кратко се работи за бомбардирањата врз Јапонија во втора светска војна и за двајца сираци. Се извинувам што не сум поопширен. Предупредување доколку некој е решен да го гледа, да се тргнат сите жилети, огнени оружја, апчиња за спиење и каиши а во ваша близина да има поголем број на марамици.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.