Цел на отварањево на темава ми е дека интересни ми се муабетите околу месечарите (луѓе што шетаат во сон). Инаку јас не сум месечар (појма неам дали сум или не сум т.е. не сум се разбудил на друго место освен во мојот кревет ), а инаку знам мои другари или познаници кој се месечари.
Еве неколку случки:
:arrow: Имав еден другар кој беше месечар (незнам може уште е, се пресели, не сум го видел одамна), и тој месечареше и еднаш дечково земал станал од кревет си отклучил вратата од станот и излегол во ходник и почнал да се дере, така што сите станари се разбудија и се испаничија што е работата, и излезе мајка му и само му рече „Јован (така се вика) оди легни си в кревет“ и дечково престана да се дере и отиде в кревет.
П.С. Никогаш за некој кога знаете дека е месечар, никогаш не се обидувајте да го разбудите, само речете му „оди легни си в кревет“ и ќе си легне, зашто ако се обидете да го разбудите, тој од паника може да падне во кома (сите мозочни келии да „заспијат“, пошто ние кога спиеме еден дел од мозочните келии не „спијат“). Така барем ми кажале и тоа другари месечари.
:arrow: Исто еден другар беше месечар (но веќе не е, одел на бајачки, тријачки и такви тинтириминтири и се „излечи“ од месечарството, така ми кажуваше)... е тој имаше „навика“ да стане во сон и да скока на кревет и да се дере. А еднаш станал од сон и се облекол најнормално и си врзал патиките и да оди да шета по улици, арно ама во тој момент мајка му станала и му рекла „оди легни си“ и дечково си легна.
:arrow: Ова ми го кажувале. Биле едни двајца браќа (ама бабачко типциве, крупни и набилдани), и биле месечари и што им се случило сонувале како во сонот тепаат луѓе, а всушност тие двајца се испокршиле меѓу себе, а сонуваат и двајцата ист сон како тепаат луѓе им навалуваат и овие ги тепаат. И сабајлето кога станале кога се виделе потечени решиле да не живеат веќе заедно и едниот брат се преселил во стан.
:arrow: Друга случка што ми ја кажувале. Некој тип бил месечар и во сон станал и се облекол како за на свадба во костум итн итн... и отишол кај комшијата и му ѕвонел и комшијава излегол на прозор и овој типов (месечарот) почнал да му збори „ајде бе комшија облакај се побрзо не чекаат на свадба да одиме, ајде побрзо уште ли да те чекам, веќе 9 саат дојде (а тоа 4 сабајле)“ и комшијава го погледнал малце на криво и му рекол „ај оди легни си“ и типов заминал на спиење.
Толку од мене случки, може знам уште некои ама не ми текнуваат во моментов, кога ќе ми текнат ќе пишам...
Ваши случки за другари месечари или познаници или ви кажувале за некои? Или пак месечар сте... :wink: