Убава тема. Кога има целосна доверба има и вистинска интимност. Значи мораш да бидеш искрен иако тоа е ризик затоа што партнерот ќе ги увиди твоите слаби страни, минати грешки и сл.
Премногу искреност може да стане и товар за една врска ако мислиш да му/и` ги кажеш деталите од минатите врски или го/ја замараш со премногу твои лични работи - едноставно ваквите работи можат да останат само за тебе.
Партнерот филмски да го претвориш во подобар човек? Не, никогаш не иди на таа опција дека ќе се промени на подобро или дека ТИ ќе успееш да му помогнеш во тоа. Затоа постои избор, бираш карактер, човек кој би можел да го прифатиш таков каков што е, на реална основа гледано а не преку заслепеност заради јаки чувства или не знам што.
За предавање во целост, па штознам, тоа е кога се работи за Љубов. Тоа е случај кога даваш не за да примиш, се работи за несебична поставеност.
Некои луѓе не можат ни со своите родители да ги споделат своите стравови. Значи за да ги споделат со партнерот мора да се работи за длабока поврзаност на подолга временска оска.
Ако е главното прашање Како, мислам дека ако постои силна взаемна поврзаност, значи кога и двајцата сакаат да се впуштат во нешто поголемо, со самиот тек на времето, ќе прозилезе и таа вистинска интимност.