Кој го победи фашизмот?

Грмуш

Пичкмајчин
Член од
11 октомври 2007
Мислења
1.118
Поени од реакции
90
Mozebi ne znaes no 1939, 1940, i do polovina na 1941 edinstveno anglija se borese protiv fasizmot ne smetajkji gi zemjite koi bea porazeni vo borbata protiv fasizmot (Francija, Belgija, Norveska, Holandija, polska, Jugoslavija, Grcija)
Vo toj period, SSSR bese sojuznik na tretiot rajh i zaedno so fasistite SSSR ja napadna Polska i zavzede del od nea.
Koga 1941 godina Germanija go napadna SSSR , sovetskite armii se pokazaa kako katastrofaklni, bea razbieni unisteni i zarobuvani celii divizii. Germancite napreduvaa so ogromna brzina niz SSSR i osvoia ogromni teritorii. Na apelot za pomos, Amerika i Anglija (koja i samata bese vo teska polozba) mu ispratija na SSSR ogromna voena pomos, 12.000 avioni, 7.000 tenkovi, 340.000 kamioni, 4,7 milioni toni hrana, benzin, mitrolezi, dzipovi, lekovi, surovini, masini, lokomotivi, vagoni, cizmi, obleka, sredstva za vrski.... So taa pomos Sovetite uspeea da gi zaprat germancite. doseka Sovetite se borea za opstanok i si ja spasuvaa sopstvenata koza, Anglija i Amerika se borea protiv germancitevo vo drugi zemji i drugi kontinenti. Se istovarija vo Afrika, Sicilija, Italija, Francija... odea go gonea i porazuvaa nepriatelot kade kje go najdea i ja razbivaa germanskata ekonomija so denonokjni bombarderski napadi.
Vo 1944 koga Amerika i Anglija se istovarija vo Francija i koga stana jasno deka dojde krajot na tretiot rajh, Sovetite duri togas trgnaa vo ofanziva i pocnaa da gi gonat germancite.
Ova bi bilo nakratko okolu ulogata na SSSR vo vtorata svetska vojna.
СССР небеше сојузник со Третиот рајх...имаше само потпишани договори за ненашаѓање со Германија и Јапонија...А не била влезена во нивниот сојуз...и беше неутрална се додека не ја нападнаа...А американцине утепаа две јапончиња и мислат дека марс го уништиле...Европските земји го победија фашизмот...СССР ЈУГОСЛАВИЈА и АНГЛИЈА!
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
СССР небеше сојузник со Третиот рајх...имаше само потпишани договори за ненашаѓање со Германија и Јапонија...А не била влезена во нивниот сојуз...и беше неутрална се додека не ја нападнаа...А американцине утепаа две јапончиња и мислат дека марс го уништиле...Европските земји го победија фашизмот...СССР ЈУГОСЛАВИЈА и АНГЛИЈА!
СССР заедно со Германија ја нападна Полска. а за заеднички напад на две држави кон трета има еден збор и се вика:

с
сс
ссојј.... сојуззз... сојузнициии
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Vo 1944 koga Amerika i Anglija se istovarija vo Francija i koga stana jasno deka dojde krajot na tretiot rajh, Sovetite duri togas trgnaa vo ofanziva i pocnaa da gi gonat germancite.
Ova bi bilo nakratko okolu ulogata na SSSR vo vtorata svetska vojna.
А зошто западот овие прикаски не ги пласираше додека СССР беше моќна.
Чекаа 60 години за да почнат да вршат ревизија по нивни кеф.
Еднаш сфати...луѓе гинеа на сите што се бореа против фашизмот...нема две страни што се бореа против германците...едните од запад а другите од исток притискаа па ја постигнаа заедничката цел...
Како и после секоја војна и овој пат истото се случи, довчерашните сојузници почнаа со меѓусебното вадење очи околу пленот.
Треба да се запрашаме кој и со која цел го покренува ова прашање после толку години...ради потребите на историската вистина! сигурно? не
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Тоа се знаеше и за тоа се пишуваше. Познато е како се движеа фронтовите, ои кој каде беше во која година. Во секоја книга која зборува за втората војна тоа го има, и дека америка се бореше во Африка, Пацификот, Атлантскиот, Африка, Франција и кога и каде се истовариле и кога што завзелие и каде биле тогаш советските единици и кој колку имал губитоци.
Само треба некој да седни и чита... то е маката како што гледам овде
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Па ајде напиши која страна колку губитоци нанела на германската војска.....само немој да ми ги броиш и жртвите од бомбардирањата на кому иде по германските градови, а за кои во една друга тема баш ти напиша и дека немале баш некој ефект.
Само битките за Москва, Сталинград и Ленинград (тогашни имиња) поединечно се поголеми по обем од другите фронтови заедно.
Се шири фама дека германската војска возела по ссср како по автопат, донекаде точно, но види ја географијата на тој дел и јасно е зошто е така...огромни пусти ненаселени пространства...но кога стигнале до за нив важните места..оп рачна, крај на патот, слепа улица, врти ја колата назад, погрешна насока, враќај се назад, и тоа пешки.

За Американците во Африка колку знам прво борбено кршевање им било против французите (по грешка или нешто друго било во прашање), т.е против остатоците од капитулираната француска војска, а всушност и таму закасниле едно две години или пак чекале нешто, така да за Африка главно Британците го изедоа стапот.

Друго за Франција...доста се раширени приказните дека тие таму на некои места биле каменувани од локалното население т.е. дека им го нарушиле мирот и им донеле војна.

Пацифичкиот фронт е сосем друга приказна, главно обрачуни на морнарицата на отворено море и нешто Британците во Бурма.
И овде пак каснат две години..т.е. друг крвари.

За во Кина нешто е матна работата.
 

Грмуш

Пичкмајчин
Член од
11 октомври 2007
Мислења
1.118
Поени од реакции
90
СССР заедно со Германија ја нападна Полска. а за заеднички напад на две држави кон трета има еден збор и се вика:

с
сс
ссојј.... сојуззз... сојузнициии
Сојузник не е ако нападнеш заедно...Сојузник е ако нападнеш заедно со исти интереси...Ако биле сојузници зашто после се направија крв?
 
Х

Ханзо

Гостин
Сојузник не е ако нападнеш заедно...Сојузник е ако нападнеш заедно со исти интереси...Ако биле сојузници зашто после се направија крв?
Сојузник е ако нападнеш заедно по договор.




Ама е насмеан другаров..:)
 

Грмуш

Пичкмајчин
Член од
11 октомври 2007
Мислења
1.118
Поени од реакции
90
Хехе ок ај биле сојузници...Ама зашто после се тепале???
 
Х

Ханзо

Гостин
А шо, сојузите се вечни? Пу пу, не важи, другари сме, нема пукање...:tapp:
 

Грмуш

Пичкмајчин
Член од
11 октомври 2007
Мислења
1.118
Поени од реакции
90
Хехехе ок сепак јасно е дека СССР ја уништува Германија и фашизмот...Сепак битките кај Ленинград и Сталинград се пресвртница во II С.В.
 
Х

Ханзо

Гостин
Сталинград, Курск, Нормандија, Мидвеј, Ел Аламеин, и уште безброј други фактори... Војна не се победува од еден пресврт напумпан со важност и зачинет со манги како Зајцев, особено не војна од толкав размер.
 

Грмуш

Пичкмајчин
Член од
11 октомври 2007
Мислења
1.118
Поени од реакции
90
Сталинград, Курск, Нормандија, Мидвеј, Ел Аламеин, и уште безброј други фактори... Војна не се победува од еден пресврт напумпан со важност и зачинет со манги како Зајцев, особено не војна од толкав размер.
Хехеххее па ни РАЈАН не е некоја манга...хахаха...СССР има повеке жртви во војната од САД, Англија , Германија и Франција заедно и неможе она да дала помал придонес од Сад или Англија или нз кој
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Хехе ок ај биле сојузници...Ама зашто после се тепале???
Втората светска војна не започна во јуни 1941 кога Германија го нападна СССР, туку на 1ви септември 1941 кога Германија ја нападна Полска. Полска заедно со Германија ја нападна и СССР, значи втората светска војна ја започнаа Гермаија и СССР со своите напади на полска.

Ко ќе видиш на страната на фашизмот беше СССР и СССР како сојузник на Германија ја започна втората светска војна.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Поразите кај Сталинград и Курск -Големите битки на рускиот фронт

Битката за Сталинград, од август 1942 до февруари 1943 го запре напредувањето на германската армада кон исток и го сврте правецот на војната. Со што натаму ќе се случува до 7 мај 1945 година, кога Германија капитулираше, е мачен период на повлекување на нацистичката воена машинерија






>†Богот на војната премина на другата страна. .
Со овие зборови Хитлер ја прокоментира катастрофата на германските сили под Сталинград во февруари 1943 година, што практично беше почеток на крајот на Третиот рајх. Битката за Сталинград, од август 1942 до февруари 1943 го запре напредувањето на германската армада кон исток и го сврте правецот на војната. Сў што натаму ќе се случува до 7 мај 1945 година, кога Германија капитулираше, е мачен период на повлекување на нацистичката воена машинерија. Фирерот од Волчјото дувло ќе повлекува се полоши, непромислени, апсурдни и хистерични потези со што жртвуваше стотици илјади животи на своите војници и во залог го стави целиот германски народ.
Речиси две години пред тоа, на 22 јуни 1941 година, Хитлер ја почна операцијата †Барбаросааи, мегапроект за проширување на Германија која претпоставуваше пробив на Берлин до Кинеското Море. Тоа беше вистински шок за Сталин, кој не му поверува ни на рускиот шпион Рихард Зорге кој од Токио јавуваваше дека Хитлер подготвува напад над Советскиот Сојуз. Се чини Сталин повеќе сакаше да му верува во договорот Рибентроп-Молотов, кој предвидуваше ненапаѓање меѓу двете земји.
Три воено-стратегиски цели имаше операцијата †Барбаросааи: три милиони војници со логистика од 3.400 тенка и оклопни возила тргнаа во операцијата за која германскиот Генераштаб сметаше дека ќе заврши во текот на летните, евентуално есенските месеци, но никако пред доаѓањето на зимата. Тројниот удар кон Советскиот Сојуз се одвиваше во правец на освојување на Москва (централни сили), кон Ленинград (северно крило) и кон Кавказот до многу значајниот Касписки регион богат со нафта. Тоа беше операција на простор од Архангелск во Арктичкиот круг, сў до Каспиското Езеро.
Во јули 1941 е окупиран Минск, престолнината на Белорусија, потоа Смоленск, а веќе во септември главнината од армиите на германскиот Центар, составени од 77 дивизии во кои беа вклучени 14 тенковски и осум оклопнидивиџии, тргнаа на Москва. Во декември тие дојдоа на дваесетина километри од Москва, а со одбраната лично раководеше Сталин, кој одбра да остане во Москва. Нападот на Москва под шифрирано име †Тајфунни дојде по германското освојувањето на главниот град на Украина, Киев. Москва не падна и на 5-6 декември советските сили одговараат со контраофанзива, а германските сили се вратени назад од Подмосковието за цели триста километри кон запад.
Воените истражувачи тврдат дека односот на силите во првите месеци од германската агресија во ниеден момент не бил на страната на Третиот рајх. Односно дека на трите милиони германски војници им се спротивстави сила од 5 до дури 6,2 милиона бранители и дека тоа било пресудно и во одбраната на Москва. Се претпоставува дека дури 2,7 милиони Руси застанаа во одбраната на Москва. Дека овој број не е пренагласен, доволен е податокот дека руската Црвена армија даде десет милиони војнички жртви.
Деветстотини дена траеше опсадата на вториот по големина советски град, Ленинград. На 1 септември 1941 година германските сили ја почнаа опсадата на Ленинград, но зимата ги спречи да го освојат градот во времето што го опредли германската команда. Не можејќи да го го освојат, штабот на Хилтлер се одлучи за средновековна варијанта на опсада на градот во надеж дека два и пол милиони жители ќе потклекнат не поради силата на германската опсада која водеше сметка да ги затвори сите транспортни коридори кон Ленинград, туку поради гладот, болестите, зимата. Паралелно со ова, градот беше постојано бомбардиран.
Но, Германците не сметаа на факторот време: замрзнувањето на езерото Ладога, овозможи камионски транспорт на гориво и на прехранбени артикли кон 2,5 милионскиот град, а наедно психички ги уби освојувачите. Паралелно со тоа, Германците добиваа контраудари од елитните сибирски сили научени да војуваат во зимски услови и беа надмоќни на теренот. Над 300.000 бранители и цивили лежат во колективната гробница во денешен Санкт Петербург, а бројот на умрените во 872 дена опсада се проценува на речиси двојно поголем.
Пробивот на германските сили од почетокот на †Барбаросааи преку јужната трансверзала оди релативно лесно. Паѓа Харков, потоа Киев, на југ германските сили лесно го освојуваат Крим во недостиг на отпор од Татарите (Сталин ќе ги обвини за соработка со непријателот и масовно ќе ги раселува во поствоениот период). Главната цел на германскиот напад е освојување на Ростов на Дон и освојување на Сталинград како врска меѓу Волга и Дон. Во јули 1942, Хитлер прави грешка и фронтот на неговите сили насочени кон нафтените полиња на Кавказ го дели на два, наредувајќи добар дел од силите да бидат употребени за опсада на Сталинград. Со поделбата на силите, Хитлер ја доведе под прашашалник кавкаската кампања, несвесен дека Сталинград е преголем залак и почеток на крајот.
Лична наредба била на Сталин градот да се брани до последниот човек, не поради името на врховниот командант што го носеше: германски анали од тоа време тврдат дека од 23 август 1942 година армада од 250.000 до 300.000 луѓе, засилена со војници од сили од земјите-сателити (Унгарци, Романци), се судрија со приближно еден милион лесно опремени советски војници и доброволци. †Тоа што ние го освојувавме преку ден, тие го враќаа назад преку ноќќи- се вели во едно сведоштво на германски официр, објаснувајќи ги битките - зграда по зграда, улица по улица, кварт по кварт - за Сталинград.
На 19 ноември 1942 советските сили под команда на генерал Жуков ги опколија германските сили под команда на генерал Паулус. Оние што вршеа опсада, станаа заложници. Хитлер лично му забрани на својот генерал да се повлече додека за тоа уште имаше услови и време. Геринг му вети на Паулус авионска поддршка, но тој никогаш не ја доби. Во јануари Русите го повикаа Паулус да се предаде. Наместо стратегиски план, Хитлер го унапреди Паулус во фелдмаршал, порачувајќи му дека ниеден германски фелдмаршал не се предал. На 30 јануари унапредениот Паулус се најде во стапица во една визба во Сталинград каде што беше сместен неговиот последен штаб. Хитлер остана разочаран од фелдмаршалот, кој претпочиташе да се предаде отколку да се самоубиуе.
Седумдесет илјади војници загинаа или умреа во опсадата на Сталинград, 91.000 беа заробени вклучувајќи и 24 германски генерали. Од нив, само 6.000 се вратија од заробеништво. Тогаш Хитлер рекол: †Богот на војната преминаа на другата странааи, антиципирајќи веројатно дека крајот можеби не е близу, но станува извесен.
Последниот сериозен обид за враќање на доминацијата или барем на дел од изгубените позиции, германската армија ќе ги направи за време не осумдневната антологиска тенковска битка, која почна на 5 јули 1943 година. Хитлер лично им дал одврзани раце на свиоите генерали и планери во избор на стратегијата со која германските сили би им задале сериозен удар на советските армии во центарот на фронтот. Планирањето почна во март и за големата битка беше одбран Курск, откако Германците во март го окупираа Харков,. Во операцијата под кодирано име †Цитаделааи на бојното поле беа поставени 2.700 тенка (меѓу кои и најновите †пантерри, †тигарри) и оклопни возила потпомогнати од 1.800 авиони кои требаше да бидат претходница на дури 900.000 војници. Тоа ќе биде најголемата концентрација на германска воена сила на едно место каде било и кога било за време на Втората светска војна.
Советската страна одговори со стратегија на чекање според совет на генералот Жуков и вовлекување на непријателот во кружна стапица. Ова се покажа умно, иако Сталин инсистирал на брз удар врз германските сили. Знаејќи ја супериорноста на непријателот, советските трупи во неделите пред битката на теренот инсталираа преку 400.000 мини, поставија дрвени барикади во должина од 5.000 км, а одбранбените позиции беа распоредени на 175 километри во длабочина. Руската команда на теренот на Курск стави во погон 3.600 тенка, 20.000 артилериски орудија, 2.000 авиони и дури 1.300.000 луѓе.
Исходот е познат - на 13 јули Хитлер одобри повлекување од изгубените позиции, скршен претходно од веста дека на 10 јули сојузниците се истоварија на Сицилија. Над сто илјади германски војници беа убиени или ранети во †битката на челикотти, а советските загуби, објавени дури по паѓањето на комунистичкиот режим, се проценуваат на 250.000 загинати и 600.000 повредени. Со победата во Курск Црвената армија потврди дека е подготвена да одговори на германските напади и во летни услови и патот кон конечно исфрлање на непријателот од руска територија започнат кај Сталинград беше потврден. До средината на август руските сили ги ослободуваат Белгород, Орел и по десетдневна битка, и Харков.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Втората светска војна не започна во јуни 1941 кога Германија го нападна СССР, туку на 1ви септември 1941 кога Германија ја нападна Полска. Полска заедно со Германија ја нападна и СССР, значи втората светска војна ја започнаа Гермаија и СССР со своите напади на полска.

Ко ќе видиш на страната на фашизмот беше СССР и СССР како сојузник на Германија ја започна втората светска војна.
Нешто не штима?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom