Еве како настануваат анкетите:
Не верувајте во анкети и рејтинзи!
По неколкуте гафови и подметнувања со наводни испитувања јавно мислење кои ги направи Институтот за Демократија, познат како Институт на Ѓорѓи Иванов, за подолг период ќе мора да се запре со довербата во домашните агенции за испитување на јавното мислење.
Накусо: добар дел од агенциите лажат, Институтот за Демократија најмногу, и даваат порачани податоци. Последнава анкета за гледаност на телевизии е порачана од Косово, платена за потреби на афирмација на Телевизија Алсат.
Стана тренд, мода а секако и исплатлив бизнис, последниве години да се прават анкети за рејтинзи, читаност, гледаност, застапеност на пазарот на некоја компанија или производ... што често се прави во пазараниот свет. Но, се прави според правила.
Прво, анкетите се даваат на нарачателот и служат за негови потреби. Ако анкетите се објават јавно, тогаш на јавноста мора да и се дадат сите податоци за заинтересирани страни, или медиуми, да можат да извршат проверка или увид во резултатите. Во спротивно, треба некому да се верува на збор. А кога се деловни интереси, политички или финансиски во прашање, ни брат на брата на збор не верува, а камо ли јавност на анкета со скриени, тајни податоци.
До скоро никој не знаеше дека постои Институт за Демократија. Но, постоел. Предводен од
Ѓорѓи Иванов, професор на Правен факулет. Година дена наназад познат како
брат на еден од
главните инволвирани цариници од Гевгелија за шверц на цигари, за што се води постапка пред суд. Накусо, Институтот за демократија по кусо време (основан во 1999 година) сфаќа дека порачаните анкети за рејтинзи се добро платена работа за која некому не се дава отчет и одговор, и решава да се фрли во бизнисот.
Во Институтот работат седум-осум лица, речиси сите помлади од 30 години и речиси сите соработници на еден човек. На Ѓорѓи Иванов.
Прават анкети. Според нивните изводи за телефонски сметки, нема докази дека од телефоните на Институтот се направени над илјада повици во времето на наводните анкетирања. Потоа, излегуваат со резултати кои ги соопштува Телевизија Алсат, сопственост на контроверзниот, подземен бизнисмен од Албанија и Косово, Веби Велија.
Анкетите, нормално, кажуваат дека Алсат е неверојатно добро гледана телевизија. Тоа што барем 90 насто од граѓаните не ни знаат што е тоа Алсат, не е ни важно.
Имено, според порачките на Веби Велија, а одработено од Институтут за Демократија, Алсат е погледана и од Сител, и од Канал 5, и од Телма... далеку од секаква можност, но блиску до секаков профит.
Познато е дека косоварите блиску соработуваат со Форум, односно Сашо Орданоски и Ѓунер Исмаил промовирајќи ја косовската политика во Македонија. Да се споменеме само на прес конференциите кои, во Скопје, се организираа за настапи на косовските лидери како Ветон Сурои и други. Сега косоварите решаваат да го прошират бизнисот со контрола на влијанието во Македонија. Им треба голем рејтинг на нивната Алсат, и тоа треба да го одработи некој, Институтот за Демократија е тој. Ненад Марковиќ е човек кој работи и за Форум, а и за Институтот за Демократија. Со иста цел. Штета.
Кога во иднина ќе видите било која анкета потпишана од Институтот за Демократија, фрлете ја настрана. Платена е за да даде резултат каков што оној кој ја платил порачал.
Дали е сево ова така? Бидејќи се податоците од анкетата јавно објавени, со што стануваат јавна информација подложна на проверка и докажување, побаравме од Институтот да имаме увид во материјалот од наводната анкета и да направиме пилот проверка на некои од анкетираните. Не ни дадоа увид во материјалите, иако како јавно објавена информација имаа обврска за тоа.
- Веродостојноста може да се докаже со компаративна анкета од друг Институт, велат во Институтот за Демократија. Или, порачајте си анкета па споредете ги резултатите.
Зарем ви личиме на Веби Велија?
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0A5AA5F6EA05B140B5C146476F0F33E6 превземено од Вечер, иако е највмровски весник сепак тие со денешните објави самите се демантираат што напишале претходно!