taka e i zdravo e da se smees
abe blade ili koj i da si od ovie izgubenive dusi...islamot e proizvod na shizoparanoicen manjak koj gi spoil torata i negovite zabegani vizii i op ete ti
kuran....pa toa go moze sekoj pacient od koja bilo mentalva ustanova
ЗОШТО КУР’АНОТ НЕ Е ДЕЛО НА МУХАМЕД (а.с.)
Кур’анот по обликот (формата) на својата содржина, по составот и самата содржина како таква, убавината на изразување, прецизноста на јазикот претставува нешто што не е во домен на човечката моќ. Ако на ова ќе го придодадеме и тоа дека самиот Мухамед а.с. бил „умиј” т.е. не читал, не пишувал, ниту одел на школо, не доаѓал во допир со други цивилизации, бидејќи не го напуштал Арапското полуострово, тогаш отпаѓа можноста за каков и да е сомнеж за поставувањето на вакво прашање. Аллах џ.ш. им одговара на оние што велат дека Кур’анот е дело човеково:
„Речи: Направете една глава што би била рамна на него и повикајте кого и да е, освен Аллах џ.ш., што мислите дека може да ви помогне” (Јунус, 38), т.е. повикајте ги во помош џините, мелеците и сите генијалци на човечката мисла и донесете барем една глава слична на него. Овој предизвик е се уште актуелен. Но, се уште никој не успеал да донесе ништо.
Ако Кур’анот го набљудуваме од еден неутрален и објективен аспект, ќе отфрлиме секаква можност дека Мухамед а.с. е негов автор и тоа од повеќе причини:
Прво! Кога Кур’анот би бил негово дело, тогаш тој би се внел самиот себеси, своите грижи, жалби, бидејќи знаеме дека Мухамед а.с. за година дена ја загубил својата сопруга Хатиџа и чичкото Ебу Талиб, кои му биле единствена потпора кога почнал да повикува во Исламот. Неговата болка за нив била голема, бидејќи тие му биле ненадоместлив губиток. Но, иако е така, за нив нема ниту една вест во Кур’анот. Исто така, на Мухамед а.с. му умира неговиот син Ибрахим. Мухамед а.с. го жали и за него плаче, но за тоа нема ниту трага во Кур’анот. Кур’анот е потполно апстрахиран од личноста на Мухамед а.с.
И не само тоа. Се случува напротив, да биде објавен ајет чија порака е сосема спротивна на она што Мухамед а.с. го правел и како мислел. Понекогаш доаѓал ајет од Аллах џ.ш. како приговор на некој негов став на Мухамед а.с., како оној случај на слепиот човек од кого тој свртел глава додека разговарал со Курејшиските челници. Кур’анот за тоа го вели следново:
„Се намурти и ја сврте главата, затоа што му дојде слепец. Што знаеш, можеби стој слепец себе си ќе си се прочисти или ќе прими совет кој ќе му користи...”(Абесе, 1-4).
Има ајети во Кур’анот во кои се критикува некое дело на Мухамед а.с. како:
„Не му наликува на ниту еден пратеник да зема заробеници додека не извојувате победа на Земјата. Вие ги сакате земските добра, а Аллах џ.ш. ви посакува вечност (Ахирет). А да не е книгата од Аллах, која дојде порано, би доживеале голема казна за она што сте го зеле” (Ел_Енфал, 67). Некогаш Кур’анот му наредува на Мухамед а.с. да им каже на своите следбеници она што тој не би можел да го рече ако го составувал Кур’анот:
„Кажи: Јас не сум...јас не знам што ќе биде сторено ниту со мене, ниту со вас...” (Ел-Ехкаф, 9).
Нема пратеник што доброволно сам од себе ќе им каже на своите следбеници: јас не знам што ќе биде со мене и со вас. Не можам себеси да си нанесам штета, ниту тоа можам вам да ви го сторам, оти тоа би било доволно за да се оттргнат од него неговите следбеници.
Тоа и се случило. Евреите го зеле овој ајет како оправдување за својот став кон Божјиот Пратеник, зборувајќи каква корист од пратеник, кој не знае што ќе биде со нас, ниту со него. Од овој човек нема никаква корист.
Ваквите и слични ајети неможно е да се составуваат од страна на пратеникот, кога Кур’анот би бил негов производ.
-Друго! Ако по ова, го погледнеме кур’анскиот текст ќе видиме дека тој е единствен по својата усогласеност, структура и техника на изразување. Му нема рамен ниту во арапската книжевност, и класична и нова. Јазикот на кур’анскиот текст изгледа така што ти се чини дека тој се дели на поезија, проза и Кур’ан. Се наоѓаш пред говор така единствено сочинет и проткаен што тоа веќе не претставува ниту проза ниту чиста поезија. Музиката на поезијата е условена од метарот и ритамот. Поетот Ибнул-Ебрас Ел-Еседи пее:
„Е кафрун мин ехлихи абиду
фе лејсе јубди вела јуиду”
Гледаме од овој стил дека музиката настанува од двојно римуваните делови и од римата на долгото „дал”. Значи, се работи за надворешната музика на стихот. А што се однесува до кур’анскиот текст, сосема е јасно дека тука се работи за внатрешна музика. Да го погледнеме на пр. следниот ајет:
„Вебдуху велејли иза сеџа” (Ед-Духа, 1-2)-Убаво набљудувај како утринското сонце, Сонцето на вистината, се нагоре иде. Се гледа од цитираниот ајет дека нема двојно римувани делови ниту рима, но дека музиката сепак постои, и тоа внатрешна музика. Да погледнеме уште неколку ајети:
„Рабби ини вехенел азму минни вештеалер-ре’су шејбен. Ве лем екун би дуаике рабби шекијен” (Мерјем,4). Мој боже, костите ми ослабнале и орончиле, косата и брадата ми побелеле. Не сум бил никогаш, мој Боже, одбиен за што и да сум Ти се обратил со дова.
„Та ха! Ма ензелна алејкел Кур’ане литешка. Илла тезикеретен лимен јахша. Тензилен миммен халекал ерда вес-семаватил-ула. Ер-Рахману алел аршистева” (Таха, 1-5).- Таха! Ние не ти го објавивме Кур’анот за да ти мака и потешкотии чувствуваш, туку како помен за оној што во срцето чувствува страв. Објавен е од Оној што ја создал земјата и небото високо. Општиот доброчинител владее од престолот висок.
Ако се набљудуваат ајетите што се однесуваат на заканата, јасно се гледа дека тиа како сами да се престоруваат во куп камења и ритамот добива оловен призвук што ги заглушува ушите. Сето ова може убаво да се види во следниот ајет:
„Инна ерселна алејхим рихан сарсарен фи јевми нахсин мустемиррин. Тензи’ун-насе ке еннехум е’аџазу нахлин мункаирин” (Ел-Камер, 19-20).- Ние на нив пративме еден несреќен ден студен ветер, што страшно ломотеше и траеше непрестајно. Ги корнеше и креваше луѓето како да се стебла палмести, што се искорнати од корен.
Зборот „сарсарен” и „мункарин” се: како да е секоја куп камења. Ако ајетот донесува некаква страшна вест како што е крај на потопот, реченичните состави се кратки како да се Морзеовите телеграфски знаци и целиот ајет всушност една телеграма што остава силен впечаток. Таков ајет е и следниот:
„ Ве киле ја ердублеи маеки ве ја семау аклии вегидал-мау ве кудијелемру” (Худ, 44).- И кажано е: О, Земјо, изеди ја водата своја! О, небо! Не грми! И водата пропадна (во земја). Одредбата е извршена.
Оваа разновидност во резбарењето на зборовите, градењето на реченицата, и во ритамот на самите зборови со значење и чувства во Кур’анот го достигнува својот врв и доаѓа секогаш на вистинско место, без и најмала изнасиленост и оптоварување. Трето: Ако би оделе на подлабока анализа би откриле совршена прецизност и задивувачка закономерност. Секој харф е е на своето одговарачко место без префрлувања и уфрлувања. Ниту еден збор не можеш да го замениш со друга буква и сето останато што ја дава совршеноста на текстот. Како да е секој збор со најпрецизна мера избран од милион и повеќе зборови. Оваа врвна прецизност, како што ќе видиме подоцна, неповторлива е. Да земеме на пр.„Левакиху” во ајетот:
“Ве ерсенлер-ријјаха левакиха” (Ел-Хиџр, 22)- Ние пративме ветришта што оплодуваат.
Првобитно овој ајет е толкуван како алегорија: -ветровите ги гонат облаците, па паѓа дождот, кој ја оплодува земјата т.е. ја прави плодна. Денес, меѓутоа, е општопознат фактот дека ветерот ги гони позитивно наелектризираните облаци и тие се судираат со негативно наелектризираните облаци. Тогаш се создаваат молњите, громовите и почнуваат да паѓа дождот. Ете, на тој начин ветровите вршат еден вид оплодување. Знаеме, исто така, дека ветерот разнесува оплоден прав од цвет на цвет и врши оплодување во вистинска смисла.
Ние, овде со еден збор, што навистина си ја врши фукнцијата во пренесено и буквално значење, гледаме дека се надополнуваат, со тоа што и една научна вистина е присутна. Овој збор е покрај тоа и мошне убав. Уметнички и литературно, можно е овој збор да се употреби на најдобар начин. Така е и со ускладен ритам. Совршената прецизност во изборот на зборот што на најдобар начин ќе ја пренесе одредената порака, мисла, значење итн. ја наоѓаме и во ајетите како на пр. во ајетот што овде го донесуваме само во превод:
„Не јадете ги имотите едни на други на недозволен начин и не одете им на судиите и управниците за да на тој начин се здобиете со туѓ имот и неправедно да го јадете и да уживате, и тоа особено кога знаете дека е така” (Ел-Бекаре, 188). Во споменатиот ајет е употребен зборот „тудлу”. Иако оној на кого му се дава имотот (оној што го зема капиталот) горе а не долу, Кур’анот ги постава работите на нивното одговарачко место и вели дека раката што зема мито е долна, па и да е рака на владетелот. Затоа е и кажно во ајетот „тудлу биха иллел хуками” и така со еден врвен стил е покажано на сета нискост на оној што го зема митото и на неговата расипаност. Да го земеме и ајетот во кој се зборува за борбата на Божјиот пат:
„Што ви е кога ви се вели да излезете и да се борите на божјиот пат, а вие останувате како да сте за земјата прилепени...” (Ет-Тевбе, 38). Кур’анот овде го употребува зборот „иссакалтум” наместо зборот „тесакалтум”... ги спојува зборовите и ги сложува така што повпечатливо укажува на однесувањето на плашливците, кои и се припојуваат на земјата и „лесно чекорат” од страв кога ќе бидат повикани на Божјиот пат, па така и самите букви од овој збор кога ќе се сложат верно го одржуваат тоа лесно чекорење.
Ајетое што зборува за убивањето на децата заради страв од сиромаштија дошол во две форми:
„Не убивајте ги сопствените деца заради сиромаштија. Ние ги опскрбуваме и нив и вас” (Ел-Ен’ам, 151).
„Не убивајте ги своите деца плашејќи се од сиромаштија. Ние ги опскрбуваме нив, а и вас” (Ел-Исра, е1).
Разликата помеѓу овие два ајети не е случајна. Во првиот ајет се работи за сиромаштијата што е присутна. Значи овие луѓе се веќе сиромашни па Кур’анот им се обраќа со зборовите „Ние ве храниме и вас и нив”.
Во вториот ајет станува збор за сиромаштијата како можност. Затоа Кур’анот им се обраќа на децата (синовите) и сосема јасно им става до знаење дека „Ние ги храниме нив, а и вас”. Само Кур’анот можел вака да ги прецизира нештата и никој друг.