Која ви е целта во животот?

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Мора да имате цел во животот, нешто што ве води напред, дали кариера, хармонија во брак, да изградите најубава зграда, да станете најдобар спортист, музичар....
Која е вашата цел?
 
E

`EsCaPe`

Гостин
Да умрам ..:):):)

Не па ..сега за сега , цел ми е .. Да завршам факултет што сакам и да заминам од дома и да живеам САМА..
Ах , сама , колку сакам...

Тоа ми е "цел".
 

Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
Немам посебна цел и мислам дека никој и не треба да има. Треба да ја живееме сегашноста, да уживаме во неа, да гледаме да ја направиме што поубава, а не да дремеме и да ја чекаме иднината поради некоја замислена "цел". Ја живеам сегашноста и се препуштам на иднината, не се обидувам да сменам нешто што не можам, единствено што можам е да ја креирам, не можеш ништо да планираш, може утре веќе да не бидеш тука.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Повторно да отидам на Фонтана Ди Треви, Рим, да фрлам друга паричка за желба:)
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
целта во животов..за мене да функционирам како што треба да и да остварувам се што треба,морам пред очи да имам некоја зацртана цел. бидејќи никој не трча без да знае до каде треба да трча.
па од кога се запишав на факс ми е да успеам во мојата кариера да го остварам она што сум си го зацртала и целиот оној труд кој го вложувам сега да се исплати еден ден. знам дека можам да постигнам многу дури и во Македонија треба само време и трпение..Конкретно еден ден да седам во амбасадорска фотеља.се разбира пропратно со сето ова да основам фамилија со некој кој ќе ме сака,почитува и поддржува во секој мој чекор и удлука.Можеби ќе го остварам сето ова, а можеби и премногу барам од животов.Незнам прерано е да се каже тек сум на почеток. на страна ова сакам да славам нова година на плажа по купачи хихих
 
H

HCL

Гостин
Целта на животот ми е:
Јас ќе бидам најдобриот, како никој пред мене.
Нивното фаќање е мојот сон, нивната обука моја цел.
Ќе патувам низ целиот свет, ќе барам насекаде.
Најважно е да разберат, дека тие имаат моќ.
POKEMON!!!

:pos2:
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Мора да имате цел во животот, нешто што ве води напред, дали кариера, хармонија во брак, да изградите најубава зграда, да станете најдобар спортист, музичар....
Која е вашата цел?
Епа музичарот веќе го најдов :)

Следно е да изградам кариера, па потоа најверојатно да ја крунисам мојата врска со музичарот во брак :)


Ама најважно ми е да бидам успешна :smir:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Мора да имате цел во животот, нешто што ве води напред, дали кариера, хармонија во брак, да изградите најубава зграда, да станете најдобар спортист, музичар....
Која е вашата цел?
Цела генерација мажи,хранета со лагите дека еден ден ќе пораснат во филмски ѕвезди и рок пејачи,славни спортисти и врвни хирурзи.
Но полека сфаќаме дека тоа нема да се оствари,и чудно,но наместо да го прифатиме тоа,ние сме многу,многу изнервирани.

Има везе коментаров со темава?
Нема.

Зашто ова е детско размислување(цитатот),и сите го надраснуваме.
А кајгана е 18+ форум :)
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Цела генерација мажи,хранета со лагите дека еден ден ќе пораснат во филмски ѕвезди и рок пејачи,славни спортисти и врвни хирурзи.
Но полека сфаќаме дека тоа нема да се оствари,и чудно,но наместо да го прифатиме тоа,ние сме многу,многу изнервирани.

Има везе коментаров со темава?
Нема.

Зашто ова е детско размислување(цитатот),и сите го надраснуваме.
А кајгана е 18+ форум :)
А, ако тебе ти е целта да пропадне темава, слободно, направи го тоа.
Мене ми беше целта да прочитам туѓи животни цели, а не илузорни идеи.
И зошто да немаме цел? Кој ја надраснува целта? Можеби ти си ја надраснал но не значи дека треба да ја генерализираш за сите!

И друго-примерот што го дадов е само за да бидам појасна, дека не станува збор за некакви невозможни цели, туку некаков став за она што сакаме да го постигнеме!Друго е ако Ти лично нешто си засегнат.
 
V

Viktoranius

Гостин
Повторно да отидам на Фонтана Ди Треви, Рим, да фрлам друга паричка за желба:)
Делува ? :smir:

Онтопик ..

Цел во животот ми е да успеам во тоа што најмногу го сакам, да успеам да имам добар живот со личноста што ја сакам најмногу на свет.
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Уф....Да Завршам факултет, за да можам негде да се вработам и да имам пари за некојси пристоен живот, потоа целосно да се изградам како здрава, права и одговорна личност - Целта на Етиката :) , Да најдам некоја личност со којашто ќе си го поминам животот, да си оформам семејство, потоа да се усовршам во полето на гитарите, да го стигнам и Сатриани некој ден :pos: .... That's all folks :)
 
Член од
7 ноември 2007
Мислења
994
Поени од реакции
9
Najdlaboka postojana bolka e zhivotot.
Ima edinstven cel da se izbegne progreshna smrt
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Хех ама кажано.

Мислам дека имаше ваква тема, како да имам одоговорено, проверете.
Како и да е

Целта во животот кратко ќе кажам само, ми е да пораснам на планина, а не да се смалам во зрнце песок, да го постигнам саканото и да се радувам на постигнатото. Сега за сега кратко зашто ми се спие многу.
 

MarinkaUSA

~I like myself the way I am~
Член од
7 февруари 2008
Мислења
180
Поени од реакции
3
Епа бидејќи ги исполнав сите цели кои до сега ги зацртав, би рекла градење на кариера
 

Kajgana Shop

На врв Bottom