В хилјада седумстотин шесдесет и второ лето
в Охрид од Цариграда дошел салаор.
Се представил пред Арсенија, наша Патрика чеснаго,
и му рек'л слово горко, слово жалосно:
„Царска волја е да тргнеш денеска за в Цариграда,
на тебе од врли Грци голем поплак е.”
Собрал Патрик свое стадо в црква Свјатиј Климентова
благослов му дал последен, р'це заплетил.
Д'лго време липал старец во м'лчаније всенародно
и по бела брада ронел с'лзи горешчи.
„Слушајте ме, мили чеда, јас ќе ида в Цариграда:
на мене од врли Грци голем поплак е.
Грцкиј’ Патрик ќе ни строши славна Охридска столица
и мене до смрт ќе држи в заточение.
Ќе прати владици Грци, лицем светци, срцем в'лци.
Ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м'лзат до крв,
меѓу народа ќе сејат несогласје и раздори,
да се мразат син со татка и со брата брат.
И ќе викнете до Бога и крило не ќе најдете,
смирени ќе наведете глави доземи.
Ќе ми бидете сираци; така било написано.
Елате ми да ве гушна за последен п'т.
Ч’рна т'га поразила старо, младо, м'жи, жени,
Вси со р'це заплетени с’лзи проливат.
Тој ги гушка, тие т'жни му целуват десна р'ка,
и од р'ка как’ од извор с'лзи се лејат.
Вјахнал Патрик брза коња и неволно уп'тил се.
Тога грмкиј плач народен небо процепил.
Умилил се чесниј Патрик, свалил шапка навезана,
погледал на сино небо, љуто прок’лнал:
„Ох! послушај, милиј Боже! Хаир никога да немат
Стамче беј и Бујар Лигдо, Пејко челеби!
Милостивиј Бог послушал патричка горешча клетва;
слава нихна, семе нихно погубил со шум.
И сега во куќи нихни ткае пајак пајачина
и на пусти стрехи нихни хукат хутове.