Единаесетгодишници приведени во полициска станица за кршење прозорци

  • Креатор на темата Креатор на темата Калипсо
  • Време на започнување Време на започнување
Доколку е вистина дека кршеле,нека си го добијат заслуженото,нека одговараат,ако неможат тие треба нивните родители да заработат казни.

Нормално дека треба да си го добијат, ама само по Закон, ОК ? Тоа и е поентата.:toe:
 
Си сака една тужбичка убава против МВР.
Ова нема врска ни со закон, ни со процедура при постапка со малолетници!
Но, не им замерувам на полицајците. Толку им е капацитетот, да не кажам умот.
Не се тие законот, туку некој друг го напишал законот, а нивна работа е да го спроведуваат онака како што е напишано. Ама нели, I am the law? Носењето униформа некогаш не е здраво, удира на психата.
Некој спомна нешто во партиска конотација погоре, чинам...
Нема тоа врска со партиите. Кој и да е на власт, става луѓе со ист ментален склоп на раководна функција, а извршителите се секогаш истите.
 
Е, тука си прав...Мислам дека сега си ја плаќаме цената за вработување на полицајци кои ако се сеќаваш паѓаа во дилема со колку нули се пишува илјада денари ( се сеќаваш на казната со цена 1,00 денари ):pos2:

П.С. секоја чест за оние кои си ја тераат работата како треба, ама и оние другите носат иста униформа, на Македонија.
 
Види, Калипсо, секогаш генералната слика за еден орган се создава врз основ на она негативното искусено.
А да бидам искрен, многу покултурно ми се обраќале службеници од приватно обезбедување, отколку припадници на МВР. Овие вторите како Господ за брадата да го фатиле, мамата!
 
ми се темни пред очи кога не се на смена, и кога ќе замафтаат со тоа значките. Си мислиш ако се џандари бога за муда фатиле, па се мислат дека се некои нешто, ама тоа е дел од една поголема општествена култура или некултура
 
Види, Калипсо, секогаш генералната слика за еден орган се создава врз основ на она негативното искусено.
А да бидам искрен, многу покултурно ми се обраќале службеници од приватно обезбедување, отколку припадници на МВР. Овие вторите како Господ за брадата да го фатиле, мамата!

Точно, ако го пријавиш на газдата припадникот на приватното обезбедување од утре може и на биро да се пријавува, а ако пријавиш некој мурјак, кој замисли или лепел плакати или брат од стрица му е јак у партија па никој не смее да го допре, тогаш...чорба. Ама јас мислам дека и тоа ќе се среди, сепак години навика се во прашање и одвиката малку ќе потрае, ама ќе ја има.
Само сепак никако не сакам да го генерализирам ова и за сите полицајци да имам вакво мислење, напротив сигурен сум дека има многу квалитетни луѓе меѓу нив.
 
Za akcijata:
Браво на министерката. Успешно си ја врши работата. Предлагам да бидат уапсени уште 100-200 криминалци или терористи кои имаат по 10 до 11 години и во Источна Македонија. само напред ДПМНЕ!
 
Оф топик: Штета што Агим Красниќи уште не е толку пораснат...:kesa:
:oftopic:
 
За прозорците нема лаф, можеби се виновни и родителите ќе си го платат, ама постапката на приведување малолетници е комплетно промашена работа...Има полицијата методи да ги најде и да разговара со нив и нивните родители, а сега родителите веројатно ќе ја тужат полицијата и сигурно ќе добијат.

kako be promasena rabota , a so da im rece, deca se ubavo ama nemoj da krsite prozori nekoj moze raka da si sine ko ke frlate kamenja. Postapkata si e na mesto a roditelite so otisl da si gi zemat po 5 saati toa druga rabota.
 
ЗА ПРИВЕДУВАЊЕТО УЧЕНИЦИ ОД ОУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“
Извештајот готов, се чекаат казни за полицајците
Славјан Стојанов

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, денеска ќе ги објави наодите за тоа дали полициските службеници ги повредиле правата на десетината приведени петтоодделенци од скопското училиште „Владо Тасевски“. На Јанкуловска вчера и бил предаден извештајот на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР. - По разгледувањето на извештајот ќе биде одлучено какви мерки ќе бидат преземени за одговорните. Казните ќе бидат во согласност со Законот за работни односи и со колективниот договор - информира Воислав Зафировски, раководител на Секторот за внатрешна контрола. По приведувањето на десетината петтоодделенци од ОУ „Владо Тасевски“ во скопската населба Козле, кои со комби од улица беа однесени во полициската станица Карпош, освен родителите и директорката на училиштето, реагираа и граѓанските организации за заштита на правата на децата. Во собирање информации и докази за тоа дали е прекршена процедурата се вклучи и Хелсиншки комитет за човекови права, кој го спроведува проектот за заштита од тортура. Од Комитетот велат дека се обидуваат да стапат во контакт со родителите на децата и апелираат да им се обратат. Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ вчера посочи дека се прекршени Конвенцијата за правата на детето, уставните права и Кривичниот закон. - Во Законот за полиција, Законот за внатрешни работи и во Кодексот на полициска етика се дефинирани постапката и правилата при приведување малолетници, но ниту нив полицијата не ги почитувала. Полицијата мора да ги извести родителите и старателите на децата што извршиле кривични дела, најмалку три часа пред акцијата за приведување - укажува Драги Змијанац, извршен директор на „Меѓаши“. Оттаму посочуваат дека во согласност со одлуката на Уставниот суд и новиот Закон за кривична постапка, граѓанин може присилно да се доведе на распит во полициска станица само ако постои претходна судска одлука и тоа само во случај кога очигледно одбегнува да се јави на уредно доставена покана. Во поканата задолжително е да се предупреди на можноста од присилно доведување ако не го оправда отсуството. - Полицијата навистина може да побара информации од граѓаните, па и да ги повикува во полициска станица на разговори, но тие не се должни да се јават на повикот, ниту да одговараат на прашањата на полициските службеници - рече Змијанац.

Дали е ова поради тоа што постапката е ОК или на место ?
Не се радувам на ова само да знаеш...Само не е ОК да остане флека за сите полицајци, а сите не се исти има многу добри дечки меѓу нив.
 
е нема трте мрте со Гордана, ако си згрешиле полицајците ке си го јадат стапо
 
ЗА ПРИВЕДУВАЊЕТО УЧЕНИЦИ ОД ОУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“
Извештајот готов, се чекаат казни за полицајците
Славјан Стојанов

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, денеска ќе ги објави наодите за тоа дали полициските службеници ги повредиле правата на десетината приведени петтоодделенци од скопското училиште „Владо Тасевски“. На Јанкуловска вчера и бил предаден извештајот на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР. - По разгледувањето на извештајот ќе биде одлучено какви мерки ќе бидат преземени за одговорните. Казните ќе бидат во согласност со Законот за работни односи и со колективниот договор - информира Воислав Зафировски, раководител на Секторот за внатрешна контрола. По приведувањето на десетината петтоодделенци од ОУ „Владо Тасевски“ во скопската населба Козле, кои со комби од улица беа однесени во полициската станица Карпош, освен родителите и директорката на училиштето, реагираа и граѓанските организации за заштита на правата на децата. Во собирање информации и докази за тоа дали е прекршена процедурата се вклучи и Хелсиншки комитет за човекови права, кој го спроведува проектот за заштита од тортура. Од Комитетот велат дека се обидуваат да стапат во контакт со родителите на децата и апелираат да им се обратат. Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ вчера посочи дека се прекршени Конвенцијата за правата на детето, уставните права и Кривичниот закон. - Во Законот за полиција, Законот за внатрешни работи и во Кодексот на полициска етика се дефинирани постапката и правилата при приведување малолетници, но ниту нив полицијата не ги почитувала. Полицијата мора да ги
извести родителите и старателите на децата што извршиле кривични дела, најмалку три часа пред акцијата за приведување
- укажува Драги Змијанац, извршен директор на „Меѓаши“. Оттаму посочуваат дека во согласност со одлуката на Уставниот суд и новиот Закон за кривична постапка, граѓанин може присилно да се доведе на распит во полициска станица само ако постои претходна судска одлука и тоа само во случај кога очигледно одбегнува да се јави на уредно доставена покана. Во поканата задолжително е да се предупреди на можноста од присилно доведување ако не го оправда отсуството. - Полицијата навистина може да побара информации од граѓаните, па и да ги повикува во полициска станица на разговори, но тие не се должни да се јават на повикот, ниту да одговараат на прашањата на полициските службеници - рече Змијанац.

Дали е ова поради тоа што постапката е ОК или на место ?
Не се радувам на ова само да знаеш...Само не е ОК да остане флека за сите полицајци, а сите не се исти има многу добри дечки меѓу нив.

a ako e kako vo slucajov fteni na lice mesto so da im praat??? nema da ima nisto od kaznite oti postapkata si e na mesto, a za ova so pisuva e samo za da se zadovoli javnosta koja bara samo nesto za da ja ocrni rabotata na MVR i vladata.
 
na vremeto sram za familija bese ako deteto ti stane policaec....pardon ...milicaec...
:)))
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom