Видов. Сето тоа е поради наводната резолуција за Косово која Српската радикална партија ја предложила за усвојување во парламентот, ја поддржала партијата на Коштуница, но претседателот на Собранието побарал мислење опд владата, каде мнозинството се луќе на Тадиќ, кои дале негативно мислење и поради тоа не била усвоена.
По тоа дошло до голема кавга меѓу ДСС и ДС. Очекуван епилог на една неприродна коалиција (слична на нашата - ДПМНЕ, НСДП, СП, ЛП итн).
Тоа е мошне лошо (криза кај србите, во овој период, кога се претпоставува дека радикалите имаат моментум за да се вратат на власт), но може, ако добро се изигра, да биде плус за нас, за Македонија, да не ни се случи и нам кризџа и да имаме сите ние во регионот големи проблеми, да не поканат во НАТО, без предулови, бидејќи така можеме да бидеме столб на ширење стабилноста, а без НАТО, да бидеме уште еден котел на вриење и криза.