Архангел

  • Креатор на темата Креатор на темата Natural-girl
  • Време на започнување Време на започнување
И јас сакам да одам на нивни концерт... нешо се слушаат муабети дека ќе имаат концерт следната година, само неможам да стојам зад ова пошо се само муабети, а колку е точно...
 
Ги обожавам Архангел. Они се можда првиот бенд (заедно со Бесктрит Бојс :pos: ) што активно сум почнала да го слушам, уште од копиљ. Не дека разбирав тогаш нешто, ама ми се врткаа касети по дома и вака-така, пораснав со нив. :)

Не сум многу по тој стил на музика (пошто и не се ни замарам со стилови, жанрови и правци), ама Архангел се посебни. И Мизар се добри, ама да не споредувам, Архангел ипак ми се на прво место. „Временска машина“ може и не толку многу како старите нивни песни од времето... Крст, Нож, Нова вера нова библија, Сениште, Heart Core, Војна, Милион долари, Превез...
Прекрасни текстови и уште попрекрасна музика.

Ристо Вртев може е џанак, ама е генијален џанак. :)
 
Ги сакам. Уу, ги сакам! У моментов ми се враќаат флешови од лани на школка кога на Ристета му беше страв да се помрдне, дане падне. Лом беше!
Го видов и еднаш на партизанска, си имаше пазарено нешто...нема везе.
Добра музика, ОДЛИЧНИ текстови!

За крај да кажам, Ристо, вртев, али не те добив!
 
Ги обожавам, длабока поента им имаат текстовите, вистинска уметност. Ги имам 4те нивни албуми и еден фолдер со песни изведувани на концерт.

Омилени ми се „Милион долари“, „Ладно оружје“, „Чудесен свет“ и „Uber Makedonishe“.
 
тоа беше во парк... некој од моето џанак постаро друштво запна да ја свири милион долари... јас си мислев дека е некоја џанак песна и си кулирав.. арно ама за големо чудо ептен ми се допадна песнава.. неколку недели подоцна со моето нормално друштво си седевме во парк и некој пак ја фати милион долари да ја свири.. песнава уште повеќе ми се допадна .. уствари се заљубив во песнава... и јас слушав уште неколку пати вечерта се додека не ја научив... Знаев дека е од Архангел кои за мене во тоа време беа издрогиран бенд ( поздрав мамо).. е али ко ја слушнав милион долари се заљубив начисто.. си дојдов дома и спуштив све живо од архангел...
јес да ми е милион долари сеуште омилена нивна, али ми се допаѓаат ептене и харт кор 2, човек без име и презиме, рубин кармин, нож, архангел, чудесен свет, и една од поомилените Драги Мој..
не сум им била на концерт ама имам неверојатна желба да појдам.. дефинитивно нешто квалитетно мејд ин мацедониа
 
Чудесен свет - ми е ставена рингтон :) Генијални песни излегуваат од Архангел.
 
Како не сум ја видел темава до сега?
Архангел се закон! Мојот омилен македонски рок состав!
Не знам што да одвојам: Милион долари, Убер Македонише, Војна, Чудесен Свет, Крст, Заумна Сила, Рубин Кармин, Вина Невина, Heart Core... се` е добро!
Последно што чув за нив е дека настапиле на Пиво фест во Белград таму некаде при крај на август.
Има најава дека работат на нов албум, дали знае некој повеќе за тоа да каже?
 
Како не сум ја видел темава до сега?
Архангел се закон! Мојот омилен македонски рок состав!
Не знам што да одвојам: Милион долари, Убер Македонише, Војна, Чудесен Свет, Крст, Заумна Сила, Рубин Кармин, Вина Невина, Heart Core... се` е добро!
Последно што чув за нив е дека настапиле на Пиво фест во Белград таму некаде при крај на август.
Има најава дека работат на нов албум, дали знае некој повеќе за тоа да каже?
дап... и гускава која е воедно автор на постов не отиде
 
Dobri se uber makedonisheдури им ја свирев на свирка у школо:vozbud::vozbud:
 
Според мене убедливо нашето најдобро.Баш ме интересира дали се активни и дали ќе праат некој концерт.Ај ако има некој инфо нека пиши на темава:helou:
 
Архангел=самоубиство. Толку можат да те навлечат песните, што можат и штетно да влијаат на менталната состојба (со оглед на тоа во каква состојба пишувал Вртев не е ништо чудно). Мислам не сакам да ги навредам, туку кажувам како се чувствував кога ги слушав активно, а ова мислење го делат и многу мои другари.
Сепак сакам да кажам дека имаат одлични песни направено и многу ми е жал што како иде времево се помалку луѓе ги слушаат, што и не е чудно од проста причина што не се има нешто ново од нив појавено. Сепак треба да му се објасни на оваа турбо-фолкерска заедница дека имаме вакво НАШЕ ремек дело (без навреди, ама сепак.......).
 
На Ристета секое пи*енце што мисли дека може да биде текстописец слободно може да му мие нозе.
Не можам да издвојам омилени песни затоа што сите си се посебни на свој начин,специфичен стил,уште поспецифични лирики кои ќе те вивнат а богами и ќе те здрмаат добро доле.Одличен бенд,едвај чекам да најават некоја свирка,концерт.
 
најдобар текстописец во македонија кога и да е. супер музика .
повеќе од ОДЛИЧНО
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom