Се сруши хеликоптер на АРМ близу скопското село Блаце

  • Креатор на темата Креатор на темата Vartolu
  • Време на започнување Време на започнување
Уште не се знаат причините за паѓање. Се истражува и се прави увид, а требаше да има вонредна седница за да се каже што било.
 
Како и да е,Нека им е Лесна Земјата и нека Почиваат во Мир :(
 
Знаете колку е болно да читаш вакви постови,а си на другата страна од линијата...Соземете се...немате право да глумите жал или да донесувате одлуки.Хелихоптерот експлодирал уште во воздух.
 
Не е можно...луѓето едвај чекаа да се вратат,откако ги заебале и им рекле дека нема да ги пуштат за Нова Година,за Божиќ и сега едвај чекаа да си дојдат и види што се дешава...
 
Вонредната владина седница поради несреќата со хеликоптерот на АРМ, штотуку започна. На неа покрај претставниците од Владата, присуствуваат и директорот на Институтот за судска медицина, Алексеј Дума, како и генералот на ГШ на АРМ, Мирослав Стојановски.
Според неофицијалните информации, сите 11 припадници на армијата се загинати. Сепак, потврда за ова и подетални информации се чекаат по завршувањето на владината седница.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 12.01.2008 16:02:55
 
Нека почиваат во мир загинатите:(Не сакам да верувам дека причината е одмазда за Бродец!!Ама сепак сите карти се сеуште отворени така да....ќе видиме!!Јас мислам и да е соборен нема да кажат, зошто ќе се разгорат немири,ќе зоврија крвта!!А тоа во моментов не е убаво за напата земја!!!
 
Лесна им земја..:(Не ми се верува како можеше ова да се случи..Сеуште не ги кажале имињата на погинатите.
 
Нека почиваат во мир нашите храбри бранители. :(
 
абе у п.м до кога бе .....
до кога ќе гинаат наши луѓе без причина.не коментирам ништо
а и да коментирам за џабе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom