Не дека конечно сфатив ама... ми налета темава...
Кога ќе се сепнете во миг дека животот ве удрил по нос и ви одржал лекција, немојте да мислите дека тоа е последната. Секогаш има нова, а често можете да се сопнете и на истите прашања.
И ова исто така... да се биде добар и да се стави срцето да виси на гранка во пустина каде лешинари во лет мораат да го грицнат за да го изедат, не значи да се биде ниту храбар ниту успешен. Значи само дека малку по малку ќе биде изедено, и тоа на најболниот можен начин. Сепак... не одбирам друг начин, додека замавнуваат кон мене со мечот од мраз секогаш ќе ги одбивам ударите со пламената сабја.
п.с. Ножичките може го сечат листот, но каменот е појак од нив...