Факултет за Електротехника и информациски технологии

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Апидроне, морам да ти кажам само дека многу ценам луѓе што си го бранат своето и што имаат свој став, безразлика што за некој е погрешен, за тебе тој е правилниот зашто и си го избрал.

Не ми се свиѓа делот кога викаш дека едвај чекате да го исчистите ѓубрето од феит (ики и инфо). Незнам дали од љубомора ги нарекуваш овие два смера ѓубре или нешто друго е причината.
Во мое време (тековниве години) па и пред тоа, знаеш кој се запишуваше на останатите смерови? Сигурен сум дека знаеш:) Тие што беа слаби во средно и без избацени од ики/инфо, па се решаваа да идат на другите смерови за да учат и они на феит со надеж во втора да можат да се префрлат на ики. Другиот дел беа тие што им беше скапа приватната квота од 800/600 евра и неможеа да си дозволат да се во приватна на ики/инфо, па идеа на сигурно во друг смер да се државна квота, за после ако евентуално се префрлат, да продолжат да плаќаат само 200 евра годишно.
Се надевам дека не си во ниедна од овие групи зашто ептен далеку си навлезен со војувањево за феит.

И пак некои работи кои очигледно не си ги научил на телевизија. За било каде ти требаат врски!!! Само што во денешно време поимот врски се поистоветува со ПРЕПОРАКА и реченицата би гласела, кај и да идеш ти треба препорака. Ептен ептен мали се шансите да те земат како тотален анонимус. Тоа е реалноста. Ако си јак и амбициозен студент, препораката ќе ја дадат самите професори кога некој ќе побара квалитетен кадар. Ако имаш мајка/татко, тетин/чичко/вујко, пријател, роднина... што може да ти заврши работа да стигнеш до интервју и да ти ја даде препораката, пак си супер, остатокот е на тебе како ќе се снајдеш и како ќе се покажеш. Никој нема да те вработи ако си неспособен дебил, дури па дури и на татко ти да е фирмата, ќе те вработи од сожалување колку да ти тече некаков стаж, а твојата работа ќе ја работи некој друг. Таква ни е струката за стварно да мораш да работи. Да бевме економисти, полесно ќе беше. И кога ја спомна праксата, и тука се иде со врски што би рекол, само јас пак би го нарекол тоа препорака:)

И за математиката и логиката немој многу да ми објаснуваш кога и самиот знаеш каде и како се вежба и учи логиката, а каде учиш формули и теорија на памет. Двете математики на инфо се и повеќе од доволни, па дури имаат и многу непотребни работи за понатака во животот.
 
A

apidrone

Гостин
Јане, со постов горе долу кажуваш се што зборам јас цело време, само ќе ти реплицирам за одредени работи: Ѓубрето на ФЕИТ се СИТЕ оние кои не сакаат да учат тоа што им се нуди како основно, макар биле и од ЕЕС. Тоа е јасно. Друго, знам дека математика се учи и вежба во средно, ама знам и дека ретки се тие кои учат во средно како да се на факултет. Исто така, не сите имаат завршено гимназија каде што дефакто најдобро се математички потковани бруцошите. Трето, математика и електротехника ти требаат за да ти се (до)развие логиката, инженерското размислување и слично, не за да памтиш формули. Кој учел, знае. Четврто и најбитно, јас сум благодарен што на времето не ме примија на ИКИ. Видов дека не ме бива за тоа, поточно многу време ми треба за да научам.
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Кога ќе излезе предлог распоред за колоквиумска бе????????

И да Јане, ние од другите смерови сме многу искомплексирани и неможеме да се помириме со судбината што не не примија на ИКИ. Мислам дека редно време е да се заврши дискусијава и онака веќе премногу кажавте.
 
Член од
13 јуни 2008
Мислења
92
Поени од реакции
0
нешо се збори дека на 16ти ќе почне колоквиумска.. знае некој (точно) кога ќе биде ? :D
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
нешо се збори дека на 16ти ќе почне колоквиумска.. знае некој (точно) кога ќе биде ? :D
Според календарот на активности колоквиумска е од 14.05.2011 (сабота) до 21.05.2011 (сабота)
 
A

apidrone

Гостин
16.5 (понеделник) најверојатно ќе биде работен ден, заради тоа што 28.3. беше нели додаден во колоквиумска. Значи најверојатно од 17ти ќе се почне (леле жити се само Мат 2 да не е тој ден, кој било друг ден само тогаш да не е)...
 
C

cige

Гостин
Предложете некој професор/ка за спремање математика :se_ molam
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.270
Поени од реакции
2.271
Кажа денес Кацарска дека понеделник, 16.05 е работен, а колоквиумска почнува на 17.05, вторник.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
16.5 (понеделник) најверојатно ќе биде работен ден, заради тоа што 28.3. беше нели додаден во колоквиумска. Значи најверојатно од 17ти ќе се почне (леле жити се само Мат 2 да не е тој ден, кој било друг ден само тогаш да не е)...
Неофицијално стои 17ти ради тој понеделникот што ни го дадоа, али уште ништо не било конечно, барем така кажа Милош:)
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
80
Поени од реакции
5
а јунска испитна кога почнува и до кога трае??
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Ај ако на некој му текнува нека ни каже како беа распоредени лани испитите...кои датуми беа точно кецовите, кои двојките, во јунска? Фала однапред.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom