Не се работи за тоа дека само првата година е различна.
На ИНФО се учи компјутерски архитектури, но дел од предметот е Логички кола и дискретни автомати, додека за ИКИ предметот целосно е посветен на компјутерските архитектури бидејки претходно го имаат слушано Логички кола.
Друга предмет што е поврзан со хардверскиот дел на компјутерот е тоа што на ИКИ има предмет Компјутерска електроника , што на ИНФО го нема. Овој предмет неможе да се научи без Основи на електротехника, па така да не е ни овој предмет за џабе.
Други битни предмети за еден електро инжењер што ИКИ ги има како задолжителни , за разлика од ИНФО се: Микропроцесорски системи, Вештачка интелегенција, Дистрибуирани компјутерски системи, WAN мрежи, Информациони системи. Да , можеби вие можете да ги земете овие како изборни, но сте ограничени на бројот на изборни предмети од ИКИ, така да ако ги земете овие, ќе треба да запоставите други програмерски битни предмети.
Убаво еден пиша во другата тема, зашто професорите не зимаат асистенти да им бидат тие што завршуваат на ИНФО, туку само од ИКИ ?
:helou: