Хипхоп културата надвор од нашите граници

  • Креатор на темата Креатор на темата ThugProphet
  • Време на започнување Време на започнување
Песнава се вика Put you on game од Lupe Fiasco. Видеово нема врска со суштината на песната ама неможев да ја најдам поинаку. Во песнава Лупе користи многу јака метафора и вреди и лириките да ги најдите за поубо да ја сватите. Инаку само ова е единствена песна од Лупе шо ја поштовам


da te dopolnam ... i ovaa ima stransna lirika ... LUGE CITAJTE GI TEKSTOVITE ..... genijalna lirika ima Lupe Fiasco

 
опасно опасно, ама дефинитивно најјака рап група од битола е Seven Boys од Бајро, а 6 души се :pos:

а знајш некој од овие мислам рап убици ... излегва на тараса застанва плука и вика : Fuckin' shit , и си влегва дома :)

хихи во тежок филм се :)
 

Слушај му ја оваја!!!

Бумммм да влезам на ритамов.. Буммммм ајде сега да те нема!!:pos2:

Видиме, Видиме, Видиме, Видиме, Видиме, Видиме, Видиме, Пау!:pos2:

Тука сум, Тука сум, Тука сум, Тука сум, Тука сум, Тука сум, Пау!!:pos2:

Види кој ќе пука со базука.. Поздрав до Симона мојта внука!!:pos2:

Море ајде уште, море трева нема пуште.. Ајде уште трева не ме пуште, сакаш ли уште да умираш(оти два или три пати се умира):pos2:

Буммм сега со бомба.. Напаѓам како анакондааааа... Како змијата Анахоооооооооооооооондаааааааааааааааааааа!!:pos2:

Со возам колам, со рима колам, со возот водам сега ќе ве колам!!:pos2:

На овие стихови најмногу се смеам!!:pos2:


Abe nogu se izmrdani deckite ... vokalite se nogu mokni, nogu hard vikanje e dobro e .. super e .. i ritamot e super ... samo malku da se sredat toa textovite .. inace stilo e super ... dajte uste traki od ovie .. ima li na net ?? albumce da ne imat mozebi ???
 
Убава тема, хип-хопот не се прави, тој се живее.
Јас сум зависник од него, го слушам и го пишувам, а што е најбитното го живеам.
Рапот почнав да го слушам од второ одделение, прво почнав со Eminem, 50 Cent, а потоа одредено време и со Македонските артисти (скоро сите).
Имам голема желба да снимам албум во студио, но од тремата ли е не знам се некако рано ми е.
Имам напишано два албума (вкупно 25 текстови) комерцијала, андерграунд, хардкор, љубовни, и секако стандарден рап (вистински).
Рапот во Македонија е оставен самиот на себе, имаме квалитетни артисти, да кажеме дека сме на помало ниво од Србија, а на исто ниво со Бугарија.
Проблемот во Македонија со рапот е тоа што рапериte се мразат меѓу себе, иако тоа не го признаваат. Има и такви, почнуваат со кариера снимаат еден албум и се откажуваат, причината е тоа што неможат да се пробијат, да заработат нешто за трудот (ако имаш пари, имаш се). Но не е се во парите, тука важен е талентот но голема улога играат и парите. Во рапот се зависи како ќе се поставиш и колку ти е квалитетна траката, па од тука натаму како ќе те прифатат слушателите. Тоа е рапот во Македонија !!!
 
Не пишувам многу во темава,оти ме мрзи..а и по аватар и по слика на профил и по видео се гледа дека сум зависник од Хип Хоп(отворив и социјална група)според мене..ако се правиш нафуран рапер а незнаеш бар 1на третина од историјата..фактички тогаш не си рапер..не ја знаеш суштината на рапот..
Мило ми е што во Македонија има се повеќе и повеќе..така наречени „Млади рапери“..Анноун во право си во тоа што во Македонија се мразат сите..воошто не е за парите(оокеј сеа..некој што трееси глупости колку за парите)Хип Хопот се прави од мерак,желба кон ттаа музика..т.е хип хоп е повеќе од музика..
 

Еве нешто најново од Frenkie , продуцирано од Едо Маајка. Го очекуваме новиот албум.:helou:
 
Сакам да кажам само неколку збора за она погоре на Unknown Stalker.
Македонскиот рап нема да успее дури не се донесе доста силен закон за пиратеријата, т.е. ниедна музика во македонија нема да достигне ниво како во другите земји ако побрзо не почни да се спорведува овај закон.
И кај нас има мала забуна со поимот комерцијала ова она.... Кај нас за да правиш пари од хип-хоп значи да бидеш комерцијала треба да имаш песни како Врчак, што значи да правиш срање рап. И затоа велат дека комерцијала значи срање рап шо нема врска. Во Америка сите рапери се комерцијални, сите прават пари од тоа, значи сите се срање ко така?!
Шо ми беше зборо... овдешното безаконие и менталитет се многу поразлични од прекуатланскиот, па малце е тешко да се свати хип-хоп културата во целост како што треба да се свати. Ние мораме да ја видоизмениме, и ако веќе е култура мораме да поставуваме некој наши заеднички сваќања од страна на филозофско сваќање пошто пред се зборуваме за хипхоп КУЛТУРА, а не за обична музика. Радо би се посветил да направам нешто за македонската Хипхоп Култура, нешто како научно-филозофско дело, али заеби... никој не те подржува, зашто сите сметаат дека нема потреба да им се соли памет за тоа што го "знаат".....
 
Според мене тој закон за пиратерија би се донел кога би влегле во ЕУ (ако воопшто влеземе), до тогаш ќе биде вака. Инаку Македонската комерцијала не е за жалење има добри траки од Слаткар, Тони Зен, Врчак, Били Звер, Единствена Опција и многу други артисти. Само како што си навел Македонските рапери лошо ја сваќаат хип-хоп културата , и да ја сваќаат како што треба, тие ја злоупотребуваат на еден начин, заборавајки дека има некој и над нив! Инаку инструменталките како што знам ги купуваат за 10 евра на црно од некоја нет страна, наводно Бугарска. Инаку добра ти е идеата да посветиме малце внимание за Македонската рап култура, верувам дека 50% од тука би се согласиле на тоа. Со почит
 
Aј и овде да пишам. :)
Zaebaniot напиша:
Српска рап песна, постара, машки глас, пее нешо за сиромаштија. Во рефренот прво пее тој, па после заедно со придружниот вокал т.е. женски вокал и на крајот на рефренот пее само женскиот вокал.

Знам дека "тешко" може некој да ја најди песнава, ама сепак.... :smir:
 
пуштете одма канал 103 фино рапче се пушта.ПОздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom