Каролина Гочева

Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Екстравагантната КАРОЛИНА ГОЧЕВА во петок ќе пее на Плоштад по повод визната либерализација.
Истиот ден свој настап ќе имаат и Чилич, Фетбој Слим, како и други македонски ѕвезди Калиопи, Елена, Ламбе, Владо, Гаџа.
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
47
Поени од реакции
3
хаха екстравагантната колку само ја величиш :):)
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Баш е убава новата песна, особено што Каролина ја пее на посебен начин. Значи можеме да претпоставиме дека новиот албум ќе се вика Крај, зашто и овде во текстот се спомнува темата крај (на љубовна врска). Ајде и спотче.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
ПРЕЈАКА И ПРЕЕМОТИВНА ПЕСНА
Од каде ја најдовте песнава? Кои се авторите?
Прекрасна балада, браво Каролина за неверојатната интерпретација:back: Оваа песна навистина потсетува на Каролина, на стилот на Каролина кој во минатите поп албуми го презентирала преку баладите, додека пак Крај беше нешто сосем ново од неа.
Има некој информација дали и каде ќе пее Каролина за Нова Година? Лани сите новогодишни празници ги помина настапувајќи во некој вцрногорски хотел, али оваа година никаде немам прочитано дали и каде ќе пее.
Новиот албум излегува некаде на пролет, ќе се бројат деновите.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Каролина со нова песна ја честита новата година

„За година две“ проструе од денеска низ етерот. Каролина Гочева со новата песна им ја честита новата година на сите свои фанови

Од денеска во етер е пуштена новата песна на Каролина со наслов „За година две“. Песната е снимена во студиото Long Play во Сараево, автор на музиката и текстот е Маја Шарихоџиќ, аранжманот е на Махир Шарихоџиќ, а препевот на песната на македонски го направи Весна Малинова.
Ова е вториот сингл по песната „Крај“ со Скај Виклух, кој ќе се најде на новиот поп албум на Каролина, кој во продажба треба да се појави во март или април 2010-та година.

„Одамна сум немала толку добра балада, а можеби ова е и најдобрата која воопшто сум ја снимила, со оваа песна сакам да им ја честитам новата година на сите мои фанови“, изјави Каролина.
(http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=39686)


Karolina u studiju Mahira Sarihodžića
Makedonska pjevačica Karolina Gočeva proteklih dana boravila je u Sarajevu

Povod njene posjete je saradnja s pjevačicom Mayom Sar i njenim suprugom, producentom Mahirom Sarihodžićem, u čijem studiju "Long Play" Gočeva snima nekoliko pjesama za novi album.

- Maya je veoma talentirana autorica i pjevačica. Za mene je napisala dvije pjesme, a jedna od njih je predivna balada "Uspomene na tebe", koju planiram promovirati do kraja godine u Makedoniji. To je ujedno i drugi singl s albuma koji ću izdati u aprilu - kaže Gočeva.
 
Член од
29 декември 2009
Мислења
1
Поени од реакции
0
Pozdrav . Do Dijamante. Valentina Gorgievska profesionalno ja sledi karierata na Karolina i vo vesnicite vo koi rabotela sekogas bile zastapeni site informacii za nea. Nevistina za Karolina nema objaveno nikogas.
Zgora na toa Valentina nikogas nema izjaveno deka ima najubavi gradi, toa bese konstatacija na voditelot na emisijata vo koja se zboruvase za toa. Pozdrav
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
АЈ жити мене кажи ми каков сум?
Чаирчанец кој нема женски на лагер.


Ок, зожто ми се чини дека на Каролина ептен и снемува од популарноста. Вади песни и се тоа како што треба но освен фановите дијаманте стајл нема многу други што и ги слушаат песните.
 
Член од
6 декември 2009
Мислења
235
Поени од реакции
18
Што ви е бре, опрајте се...:)
Мислам Каролина? Голем к**... Ко мали деца се палите на нејзините песни "опасни".
Мислам ок, секој ќе слуша што сака, ама до волку да ја форсирате...не можев да се воздржам од коментар :smir:
 

zengo

zengo
Член од
25 јуни 2009
Мислења
11
Поени од реакции
0
Чаирчанец кој нема женски на лагер.


Ок, зожто ми се чини дека на Каролина ептен и снемува од популарноста. Вади песни и се тоа како што треба но освен фановите дијаманте стајл нема многу други што и ги слушаат песните.
SITNI i MALI dusi koi nemozat da podnesat uspeh na nekoj, pa izmisluvaat se i seto!
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Убава песна. Ми се допаѓа музиката, текстот како и начинот на кој ја има отпеано. Некој мир има во песнава, не знам зошто. Така ми делува.

п.с.Дај оладете веќе со коментирање на односот на DIJAMANTE и Music_Lady кон Каролина. Омилена пејачка им е... И што???
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
A кој друг македонски изведувач на форумот има фанови било какви, па макар и тројца кои ги знаат сите информации, песни и сл?
НИКОЈ! Ама форумите мора да сфатиме дека не се никакво мерило за ништо, ни за слушаност на песна, ни за гледаност на телевизиска програма.

А песните на Каролина нормално дека не очекувам да се слушани од фацки кои искрено не знаат ниедна македонска песна, али затоа песните на Каролина рушат рејтинзи на слушаност на сите радио и телевизиски листи. Песната КРАЈ беше најслушана минатово лето, долги недели беше 1 место на сите можни листи, хит на неделата на сите радија, така да нечии констатации за популарност/непопуларност на Каролина, паѓаат во вода затоа што не се ни од блиску компетенетни таквите мислења на луѓе кои и не слушаат и не пратат македонска музика.
Што е најинтересно, песната КРАЈ се уште е на топ листа на нашите телевизии, после 7 месеци откако е излезена и песната, и спотот.

Благодарност до Каролина за најубавиот новогодишен подарок што ни го подари на нас, фановите, цел ден песната ми е на repeat, ја слушам на сајтот кирилица, ја има некаде за симнување?

Баладава е преубава, има шмек и на старите нејзини песни, а и на оние песни кои ги изведуваше за радиските фестивали за Хрватска и Србија.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Каролина гостинка на музичкиот проект Балкански Музички Награди, што се одржа на 7 декември во Софија.

 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
SITNI i MALI dusi koi nemozat da podnesat uspeh na nekoj, pa izmisluvaat se i seto!
Сериозно имаш 23 години? Тоа е мое мислење и не измислувам. Пример кажувам за мојата околина. Никој не ја слуша Каролина! Неможам да поднесам успех? Па јас не сум пејачка! А за тоа ситна и мала душа немаш право да ми збориш. Она е јавна личност и имам право да зборам за неа дур е во рамките на нормалното (што твоето не е). Мое мислење е дека нема некоја популарност. Ситно душарам?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Аууу, новава песна и е прекрасна. Прекрасна, одлична балада, можеби и најубава од Каролина! Се заљубив во песната!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom