Ете после неколку часа да ги приберам импресиите од овој меч кој минута пред крај ме фрлаше во тежок очај :icon_mrgr
Алмерија-Депортиво 1-1 :back:
Ти ебам Алмеријата, тежок комплекс ни набива во последниве години. Се надевам дека ќе испаднат оваа година и нема веќе да се соочуваме со нив, или па ние ако испаднеме се надевам они дека ќе останат во Примера, само да не играме веќе со нив...
Дека ни се пишува лошо на овој меч, се знаеше уште од претходната недела. Најпрвин само се потврди дека Гвардадо е аут и за оваа утакмица (треба само да се молиме дека ќе се врати наскоро пошто лошо ни се пишува, особено во дуелот со Реал следната недела каде што ќе ни биде очајно потребен), потоа стигна веста дека ниту Хавито нема да игра поради тоа што неговиот Арис не ги пратил на време документите за неговото потпишување па можно е да дебитира дури во април или мај...
Исто како да не сме купиле играч...
И тогаш стигна уште еден малер. Абе помалерозен тим од Депортиво ако има на планетава јас гркланов ќе си го пресечам. На тренинг се повреди Циско старо-новот засилување од Њукасл кое таман влезе во форма, и тоа на подолг период од над еден месец. НЕВЕРОЈАТНО!!!
Уште кога видов дека копитово ги изоставил без причина двата плејмејкери Мичел и Валерон од тимот, ми идеше да си пукам во глава.
Изгубен тренер... Не ми се верува какви одлуки носи...
Да го земеш волот Жука, на сметка на оние кои навистина се потребни во екипата на позициите од средината каде што сме претенки е стварно лудост, посебно кога се работи за меч кој за нас живот значеше.
Мечот го почнавме во најсилниот можен состав во моментов.
Аранзубиа
Пабло Лопо Колото Морел
Томас Перез
Родригез Домингез Адријан
Рики
Како и секогаш против Алмерија, почнавме ужасно. Проитвникот напаѓаше, Пиати ја растрте нашата одбрана но за среќа го имавме Аранзубиа на голот кој одбрани неколку добри шанси. Истотака имавме среќа што противничкиот напаѓач Уче не беше баш во елемент како што секогаш знае да не уништи во меѓусебните дуели. Депортиво полека одолеваше на притисокот, но одново како и во сите мечеви годинава и особено во трите меѓусебни дуели досега со Алмерија (кои ги загубивме) фалеа нападите од страна преку крилните играчи кои после многуте повреди ги немаме. Единствен кој се трудеше беше Адријан. Имаше многу продори но на крајот немавме некој кој ќе погоди или кој ќе се најде на вистинското место во шеснаесетникот на домаќините. Рики беше тотално индиспониран, па во првиот дел немавме ниту еден шут на голот. Највеќе се плашев Алмерија да не погоди на стартот од вториот дел, но тоа и се случи. Мбами додаде до Пиати после еден соло продор, а овој со прекрасенудар од 18-тина метри откосо погоди во горниот десен агол на Дани. Удари кои неможе да се одбранат. Според мене голем мајстор е Пиати, и ако некогаш имаме шанса да го земеме, ќе биде најсреќен на светот.
Депортиво уште толку почна да игра лошо во наредните 10-тина минути. На Лотина не му текнуваше да смени нешто до 65-тата минута а дотогаш саамо благодарение на Аранзубиа Алмерија не го зголеми водството. Тогаш влегоа Ласад и новакот Сенд на местото на очајните Рики и Родригез. Сенд внесе агресивност во играта. Доста се трудеше, изигра солидно, и вршеше голем притисок напред. Сепак одново како и многупати досега во оваа сезона, после водството на противникот не успевавме да направиме акција. Тука домашниот тренер ја направи најголемата грешка. Почна да става играчи од одбраната на место на напаѓачите. Алмерија целосно се затвори, а од клупата на Депор влезе џокерот Алварез. Последните 15-тина минути Депортиво запна. Пабло и Сенд имаа убави удари од далечина кои домашниот голман едвај ги одбрани а во 90-тата минута Алварез за малку не погоди од слободен удар. Алмерија беше притисната во својот шеснаесетник. Во 92-та минута Депортиво имаше корнер, а Аранзубиа се пресели пред голот на противникот. Тоа за малку ќе не чинеше водтсво и од 2-0 на Алмерија и запечатување на победата, но сепак нашите дефанзивци стигнаа да покријат. Сенд се избори за нов корнер во последните минути од средбата. Во 94-тата последна минута, Алварез нафрли, а Аранзубиа непречен од никој израмни на 1-1

Тој е првиот голман во историјата на Депортиво кој постигнува гол. Бод голем како планина, бод кој ако не го освоевме со една нога ќе бевме второлигаши. Вака малку се ослободивме од притисокот иако сме само 3 бода од зоната, но сепак ситуацијата е далеку поподобра отколку што се очекуваше. Јас кажав, ако после мечот со Реал сеуште сме над зоната, ондак ќе се спасиме 99%.
Инаку овој меч можеше да добие сосема друга насока, откако за малку не се повтори истата сторија од првата полусезона кога Колото рано доби црвен картон па го пропушти мечот со Реал (поради неговата земена загубивме со понижувачки 6-1), и Алмерија не совлада со 0-2. Имено, Пиати во една контра направи дар-мар во нашата одбрана и таман да влезе во шеснаесетникот Лопо го собра од зад грб. Реално, чист црвен картон. Но судијата му додели само жолт, а потоа Лопо беше еден од поглавните во одбраната

Сепак играч на натпреварот е само Дани Аранзубиа

Само неколку дена претходно ја доби и наградата играч на сезоната 2009/10 во екипата на Депор.
Браво Дани!!!