Види, знам како е кога некој ти напаѓа вештина. И мене исто ми се случувало на времето кога вежбав. Само сакам да кажам дека ти тоа што пробуваш да го објасниш за Jeet Kune Do всушност објаснуваш за Shaolin Kung Fu. Shaolin Kung Fu е убедливо најопширната боречка вештина која постои. Скоро сите денешни произлегуваат од Shaolin. А ти сега пробуваш да ми објасниш како е добро да се вежба се бидејќи било практично. Можеби е практично за монасите, тие немаат работа, немаат финансиски проблеми, немаат љубовен живот, немаат никакво хоби. Ти ако мислиш дека е практично да се вежба се тогаш или ќе станеш како монасите или никогаш нема да ја усовршиш техниката.
За тоа дека Bruce Lee вежбал со оружја не го негирам, но никаде немам видено дека во Jeet Kune Do било неопходно да се користат оружјата. Барем во ниедна книга и ниедно видео во кое збори и пишува Bruce Lee. Не за друго, Bruce Lee многу повеќе се залагал за тоа како да се ослободиш и да реагираш природно и без кочење, а не за тоа како треба да научиш се што постои на планетава од удари.