Лужички Срби: за каков народ станува збор?

  • Креатор на темата Креатор на темата Branimir
  • Време на започнување Време на започнување
Ертрурците, Венетите, Вендите, Антите, Скитите, Бригите-Фригите, Македонците, зарем не се тие дел од славјанската цивилизација ?
Зарем Македонците тој продор го направија како изолирано племе ?
Дали ќе бевме тоа ако не бевме дел од тоа големо семејство ?
Грцине погледнете ги, се супериорни овакви онакви нивната цилизација е фалшлива тие го немаат јазикот и писмото и цивилизацијата како Македонците кои ја делат со 400 милиони народ.
За некој нормален народ тоа ќе биде предност, за ненормален тоа е недостаток.
 
@ Poor Knight Да, се разбира дека е поуникатен. Но тоа не означува некаква подлабока конекција. (Ама како да не се насмее човек на фактот дека Чесите имаат замок кој се вика Конопиште.) :) :)

Сепак, не би рекол дека Германците им се најблиски. Ако веќе мора да ги споредуваме со некои, сметам дека се најблиски со соседните словенски народни, Чесите и Полјаците, со кои не само што имаат блиски јазици, туку се и територијално многу блиски.

@ Славјански, нема никакви докази дека Етрурците, Скитите и Бригите-Фригите (ако мислиш на Фризијците) се Словени. Со остатокот од твојот пост се согласувам.
 
лужички Сорби

Називот Серб(и) бил присутен на многу поширока територија, населена со т.н. словенски племиња (словенска Европа), особено во посеверните краишта. За ова сведочат имињата на разни места: Serbow, Serbia, Sarby, Szarbia, Sarbiewo, Sarbice, Sarbinowo, Sarbsko, па имаме кај лужичките Срби кои себе се нарекуваат Sorbi и Serbski Lud и тн. Значи овој назив го среќаваме на многу поширок простор на словенска Европа отколку во денешна Србија или кај лужичките Срби. Според некои извори кои се спомнуваат во книги за Словените овој назив прв пат бил сретнат во северозападниот дел на Полска како Serb и тоа не како множина туку како назив за цела заедница. Но нема да чуди ако овој назив е присутен за означување места низ цела Европа. Имено, во централните и северните краишта на Европа, во пред-феудалното општество луѓето живееле во слободни селски заедници на чие чело стоеле старешини (главатари). Ова особено било карактеристично за “словенските“ краишта но и пошироко. Откако Карло Велики ќе биде крунисан од Папата во 812 год. и добие титулата Василевс тој се поставува како соперник на Источното царство и ќе се обиде својата власт да ја прошири на Исток и преку другата страна на Лаба. Во тоа време словенското население во тие краишта сеуште го нема примено христијанството, ја практикувале својата стара религија (религија на Сонцето) и биле сметани од кралската власт на Карло Велики за пагани. Како и спрема франачките и саксонските селани, Карло исто постапувал и спрема словенските селани и од левата и десната страна на Лаба и ги сметал за свој поданици. Тогаш притисокот за христијанизирање не бил толку голем. Но набрзо феудалното уредување зема поголем замав. Германските витези и кнезови во Црквата гледале институција која им дава легитимно право на освојување територии кои ги населувале паганите. Инспирирана од ваквата претстава и проткаена со феудална хиерархија, германската Црква можела само да го благослови походот на Исток.
Германскиот притисок особено станал силен во областите околу реката Лаба.
По должина на реката се оформени погранични територии познати како “marki”: marka Herman Bilung околу новата олденбуршка бискупија, северната марка (Nordmark), Brandeburg во средина на истоимената бискупија, источната марка (Ostmark) во која се положени темелите на идната Австрија, и на крај кај Сорбите или Сорабите се создадени помали марки – Cajt, Merzeburg и Majsen. Маркгрофовите, чие поле на делување била марката (односно нивната наскоро сопствена земја), уживале власт, благодарение на додатната надлежност – располагање со замоците и воената команда; можеле да ги делат царските добра на црквата; располагале со приходи добиени од два извори: од данок во жито и данок од трговците. Така во Холандија, Франачка и Тирингија пристигнале првите селани (поранешни слободни селани) организирани во заедници: бегајки од властелинскиот притисок и тешките наметнувања, оделе во нови области на колонизација каде све требало да се почне одново. Значи германските селани почнуваат први да се иселуваат од овие територии и да се населуваа претежно на исток но и во други правци. Но во исто време, но во помал интезитет, од оние области од каде бегале германските селани, се населувале словенски селани но во помал обем, и сега тоа било контролирано и организирано од германските феудалци. Значи се вршела преселба во два спротивни правци. Германските колонии на исток се мешале со словените. Тие заеднички работеле на сечење на шумите и сушење на мочварите и работите ги обавувале под управа на цврста заедница.
Но феудалните поседи постојано се зголемувале и се создавале нови. Така полека се издиференцирале две спротиставени страни: феудалци и поранешни слободни селски заедници (народот). Преобразбата на “паганите“ и создавањето нови парохии постанале вносна работа и за Црквата и за земјосопственичката аристократија која цврсто ги држела новоосвоените земји. Според германскиот обичај, парохиите припаѓале на основачите како приватно добро. Ако сите давачки (дарови) на верниците ги побарувале за себе, биле должни да го подмират свештеникот и да го платат. На основа на ова, разбирливо е настојувањето на франачката, а потоа на германската црква на покрстување на “паганите“. Новите верници давале десетина како главен дел но и работна сила. Овие околности ги објаснуваат причините поради кои еден дел на западните Словени (условно кажано) се свртеле кон Византија почнувајки од 9 век и ги осуетиле намерите на високото германско свештенство и за влакно им избегале. Во тоа време Великоморавското кнежевство ги повикува Кирил и Методија кои ре-создаваат словенска азбука. Но од друга страна голем дел на Словените од Лаба и Балтикот истрајуваат во својата стара религија која за нив значи политичка, економаска и духовна независност во однос на германизацијата.
Сите оние независни и (полу) слободни словенски селански заедници, дали поранешни или создадени од преселените селани (словени) дали понаисток или понајуг биле познати како Серб(и). Оние селани кои станале поданици на новите кнежевства (кралства или подоцна држави) добивале ново име според кнежевството.
Како растел феудалниот притисок така се менувала општествената состојба на селаните т.е. обичниот народ. Некои се преселувале во групи, некои станувале поданици, некои пропаѓале и тн.
Остатоците од овие поранешни слободни селски заедници (сорби, серби) кои го задржале својот словенски идентитет во новонастанатите германски феудални државички на словенска територија се денешните лужички Серби (поточно Сорби).
Исти општествени прилики се создавале и на Балканските простори, феудализмот земал замав насекаде. Во Малата енциклопедија на просветата доста добро во кратки црти е кажано следното: населението, потчинето на феудалниот владетел или на духовната властела, кое всушност било најголем дел од “тогашното српско“ население многу често во повелбите било именувано како Србље, а нивните должности према феудалниот господар како “закон на Србљите“. Тие настанале од поранешните слободни или економски упропастени селани. Во денешна Хрватска но и нешто пошироко биле познати под името Серби. Во Босна под едноставно име: људи.
Ова селско население било секако мнозинско во споредба со аристократијата и свештенството и во одредени периоди тие си ја повратувале моќта. Така во одредено време се јавува потенцијален Крал кој ќе се нарече крал на Сербите (или Србите) и со тек на време на овие наши балкански простори ќе се создаде таква нација. Србите и Хрватите се ист словенски народ, но со текот на времето поради разни општествено-политички и верски прилики и појави ќе настане диференцијација и ќе се создаде различна национална свест. Но тие потекнуваат од исто словенско население распространето на Балканот. Името на државите на Словените и новонастанатите разни словенски нации почнувајки од средниот век, не одразуваат некаква различна етничка заедница. Словенија и Словенци ги имаат името прифатено од борбата против германизацијата преку проповедањето на Словото (божјиот закон на словенско писмо), и тн, Полјаци (полјани), Моравци, Словаци, Украинци, Руси и тн.
 
Значи воедно веруваш во теоријата дека Хрватите се таму од Иран т.е. од Иранско (Персиско-Аријанско племе) кое живеело мислам на брегот на една река што се влива во црно море (или можеби на црно море, источен брег)?

Таму имаат најдено плоча на гејски (или коине) на која пишува „ХОРВАТОС“.

Кој е твојот став?

Da,toa e mojot stav.Ama ne mora da znaci deka e tocno.veke neznam ni vo so da mislam...
 
Таму имаат најдено плоча на гејски (или коине) на која пишува „ХОРВАТОС“.

како викаат една ластовица, пролет не прави

Обама е од Јапонија бидејки има град Обама во Јапан.

Којзнае што пишувале порано и на што мислеле.

Ако хрватите и србите се генетски исти, тогаш нема што да се разговара, а името е само политички термин.

Но Србите овде и оние во германија генетски се многу далечни. Исто така балканските словени со северните словени се генетски различни. Останува јазична врска (културолошка одредница) Тоа докажува колку малку измутирал јазикот од јадрото.
 
Но за Србите јасно се говори дека билеСарматско племе и се доселиле во денешна Германија,кај реката Елба и се измешале со локалните Словени,патем кога го направиле ова,на овие Словени и го дале само името-Сербои-Сорби,ако воопшто е така како што кажуваат.:nesvest::nesvest:
 
Моравската мисија не била во Абисинија туку во Голема Моравија што е Југоисточен дел на денешна Чешка.Околу Моравија се Лужице,Шлезија итн кој во тоа време биле во склоп на Голема Моравија.Така да земете мапа и видете од каде сличности.
За Хрватите...тие како нација се релативно нова и се составени од повеќе различни несродни племиња.Од западните словенски племиња денес е населението во Славонија и Загорје,а кај Хрватите во Херцеговина има население кое е остаток на Илирите но и на Македонските Богомили кој тука се населиле кога биле потиснати од Србија каде што биле познати како Бабуни.Има голем обем на пишани извори кој кажуваат за присуство на Македонци во Босна и Херцеговина и во Хрватска и не е ништо чудно што има и истоветни топоними.Јазичното прашање за унификација на Јазикот на Хрватите и Србите најдобро ја отсликува разноличноста на дијалектите кај Хрватите.
 
Србите се дел словени дел хрвати и дел македонци.
 
Србите се дел словени дел хрвати и дел македонци.
Србите се единствен државотворен народ на балканот.
И во Србија,во останатите држави на екс Југа и низ целиот свет има 12.5 милиони такви,кои што никој освен ти и таквите ко тебе со бушава фризура не ги оспорува.
:toe:
 
Значи лужички срби или (бели срби) се преселиле во минатото на Балканот каде денес живеат "правите" Срби. Денес во Источна Германија и Чешка (бохемиј) живеат околу 20.000 горни и долни лижички Срби. Нивниот јазич е сличен на полскиот со големо германско влијание.
 
Србите се единствен државотворен народ на балканот...
Mislis Pasalukotvoren...
toa -tvoren mnogu smrdi.

I Karposovoto vostanie da bilo podrzano od Rusija i Avstro-Ungarija,ke bilo drzavotvorno.
Tuku, "drzavotvorniot" narod e poznat kako turski izmekar,hristijanite koga se borele so turcite, serbite bile na strana na polumesecinata.
Treba da se istrazi dali "drzavotvorcite" imale aktivna uloga vo Makedonskite vostanija (pred svinjarskata buna),sekako,kako turski vazali.
 
Значи лужички срби или (бели срби) се преселиле во минатото на Балканот каде денес живеат "правите" Срби. Денес во Источна Германија и Чешка (бохемиј) живеат околу 20.000 горни и долни лижички Срби. Нивниот јазич е сличен на полскиот со големо германско влијание.
Не се преселиле ни белите ни лужичките Серби на Балканот, ниту пак балканскиве Серби водат потекло од северните, туку зборот Серб има описно значење за “општествен статус“, најверојатно
 
Mislis Pasalukotvoren...
toa -tvoren mnogu smrdi.

I Karposovoto vostanie da bilo podrzano od Rusija i Avstro-Ungarija,ke bilo drzavotvorno.
Tuku, "drzavotvorniot" narod e poznat kako turski izmekar,hristijanite koga se borele so turcite, serbite bile na strana na polumesecinata.
Treba da se istrazi dali "drzavotvorcite" imale aktivna uloga vo Makedonskite vostanija (pred svinjarskata buna),sekako,kako turski vazali.

Da te chue Princ Marko...:pos2:

Значи лужички срби или (бели срби) се преселиле во минатото на Балканот каде денес живеат "правите" Срби. Денес во Источна Германија и Чешка (бохемиј) живеат околу 20.000 горни и долни лyжички Срби. Нивниот јазич е сличен на полскиот со големо германско влијание.

Oficijalno, okolu 60.000. No, brojkata konstantno opagja. Inaku, teorijata e deka plemeto Srpsko, za vreme na slavjanskite preselbi, se razdelilo. Najgolemata kolonija na preseleni Srbi(luzichki) e vo US.:smir:

Не се преселиле ни белите ни лужичките Серби на Балканот, ниту пак балканскиве Серби водат потекло од северните, туку зборот Серб има описно значење за “општествен статус“, најверојатно

Srbite sigurno ne. Za Hrvatite bi podrazmislil. Najverojatno.:tv:
 
Не се преселиле ни белите ни лужичките Серби на Балканот, ниту пак балканскиве Серби водат потекло од северните, туку зборот Серб има описно значење за “општествен статус“, најверојатно
Мислам дека името Серби има врска со зборот СЕРБЕЗ, што значи слободен, на, но. И, овој термин најверојатно бил употребуван за оние кои живееле на слободните територии, кои уживале одредена самостојност од централната власт, според што изразот “општествен статус“ има логика да се употреби. (Малку е изнасилено да претпоставам, но и името сербез можеби доаѓа од изразот “сар без“ односно “цар без“ - “без цар“:toe:).

Da te chue Princ Marko...:pos2:

А зошто мислиш дека Крале (Крале е македонски збор, а не принц) Марко ги сакал Србите и нивните велможи, иако бил во некоја родбинска врска со нив. Па кога татко му Волкашин ги повикал сите тие свои роднини да се борат на негова страна против Турската опасност, никој од нив не дошол на помош. Напротив сите биле со свои калкулации (Волкашин бил најјакиот претендент на царската титула) и би се радувале ако погинел Волкашин. Зошто Марко би ги сакал Србите кои што му ја ускратиле помошта на неговиот татко и индиректно биле виновни за неговата смрт? Дали ти кога би бил на негово место би ги сакал? Па после - “касно стиже Марко на Косово Поље“. Стигнал тој ама како турски Вазал. Турците покажале повеќе почит према него и Македонците од неговите роднини. Напротив тие биле многу коректни во прво време и никого не го присилувале да менува вери, не ги задевале жените, затоа што сето тоа им го брани верата. Сето се изменило кага нашите велможи (и обичен народ)се потурчиле, па почнале да прават зуљуми.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom