Византија-продолжение на Македонската Империја

  • Креатор на темата Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување Време на започнување
Џабе везеш.

Дај копија од летописот, до тогаш се тоа е празна слама за мене.
 
Византија-продолжение на Македонската Империја

Турциjа - продолжение на Византија

После?????

Ова значи Турциjа - продолжение на Македонската Империја????
 
ова значи дека не има насекаде и дека длабоку во историјата сме оставиле траги . друго многу важно што тоа царство се викало РУМЕНЛИСКО како што ја нарекувале и македонија
 
[KNELL]Lord_Hard;950336 напиша:
Византија-продолжение на Македонската Империја

Турциjа - продолжение на Византија

После?????

Ова значи Турциjа - продолжение на Македонската Империја????
6jv4qb6.jpg


On the medal of the sultan Mehmed II, dated 1481 and made in Italy, there is an
inscription:

«S.VLTANI MOHAMMETH OCTHOMANI .VGVLI BIZANTII INPERATORIS».
(The point before V means, that this character is read as vowel U.)
The inscription states:

«The sultan Mohammeth the Son of Octhoman (Ogdoman-ogly), Byzantine Emperor».

После?????
 
" ВИЗАНТИЈСКА МАКЕДОНИЈА " ОД САШО КОРУНОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА ДИМИТРОВА

Капиталното издание "Византиска Македонија" од Сашо Коруновски
и Елизабета Димитрова, во издание на "Просветно дело" АД Редакција "Детска радост", а во копродукција со реномираниот италијански издавач "Јакa букс", претставува најсеопфатен научен труд кој досега е објавен, посветен на средновековната уметност во Македонија, во периодот од IX до XV век.

Нејзината содржина го покрива временскиот период од доаѓањето на Климент во Македонија, сè до османлиската инвазија и се презентира како едно од ремек делата на македонското културно наследство, кое ги открива тајните на мајсторството на нивните творци, ги согледува креативните врски со византиските уметнички метрополи и го одредува придонесот на македонската територија во византиската уметничка продукција воопшто.

Промотори на ова антолошко издание во областа на историјата на уметноста во Македонија беа Неговото преосвештенство епископот хераклијски г. Климент и професорот Виктор Лилчиќ од Институтот за историја на уметност со археологија.

ВЛИЈАНИЕ

На почетокот Неговото преосвештенство епископот хераклијски г. Климент истакна дека при првото прелистување на нејзините страници се открива концептот на авторите, во кои тие селектирајќи ги највредните достигнувања во македонската црковна уметност од IX до XV век чекорат по трагите на византиските влијанија кај нас.

"Професорот Димитрија Облински во лексиката на современата византологија прв пат ќе го воведе изразот византиски комомвелт, изразувајќи ја синтезата на, од една страна, историјата на политичко-дипломатските, економските, црковните и културните влијанија на Византија кон народите на Источна Европа, а од друга страна, пак, влијанијата на тие односи во нивните културни традиции.

Примајќи ги карактеристиките на византиската култура, но и придонесувајќи за нејзиниот развој многу нации, меѓу кои и нашата, во еден момент од нејзиното историско постоење, станале жива 'клетка' на тој византиски цивилизациски 'организам'.

Градот на Константин Велики, во историски континуитет од цели 12 века, со мали исклучоци, речиси постојано бил извор и израз на таа цивилизација, која едноставно ја нарекуваме византиска цивилизација.

Во Константинопол се создавал и се усовршувал образецот на византиската христијанска култура-теологијата, хиерархијата, богосвештениот живот, црковната архитектура, иконографијата итн.

Македонија, иако континуирано а со различен интензитет, била под влијанија на тој центар, сепак успеала да генерира свои автохтони и карактеристични обележја, па затоа е оправдано да се говори за византиско-словенската симбиоза, која токму на македонската територија остварила врвни дела, пред сè, во областа на маркантното црковно творештво и најконкретно во храмот", вели епископот хераклијски г. Климент.

Тој потсети дека уметноста, творештвото и духовната култура воопшто во Византија е целосно под закрила на христијанството.
 
Како што потенцираше, христијанството на Исток се доживува како света литургија која, пред сè, е историски настан и апсолутно влијае не само на историјата на животот на црквата на Исток, туку и на севкупната источна цивилизација.

Авторите почнуваат од IX век, односно со првите траги на византиското културно наследство меѓу македонските словени.

Со оглед на интегралниот наслов на трудот "Византиска Македонија", како пред нас и пред идните генерации да го поставува ревидирањето на научната мисла во однос на христијанскиот духовен и културен континуитет во Македонија.

"Можеби е потребно таа перспектива од цели дваесет века кај нас првенствено да ја нагласува токму Македонската православна црква.

Трите подглавја се поделени на следниве теми - период на прв културен подем, IX век до 1018 година, византиска уметничка продукција XI-XII век и последната тема време на XIII век и палеологоската епоха.

Сите тие се однесуваат исклучително на архитектурата и на иконографијата на христијанскиот храм", додава епископот хераклијски г. Климент.

СОЗНАНИЈА
Според епископот хераклијски г. Климент, преку уметноста на градителството и живописот, а во одделни случаи преку конкретни компарации со византиски храмови, читателот темелно се запознава со македонската средновековна ризница.

Првото и содржински најкратко поглавје оправдано почнува со охридските манастирски цркви.

Отворајќи го проблемот за трихохалните цркви изградени од светите Климент и Наум Охридски, авторите констатираа дека тие се постари еден век од светогорските и се обмислени како гробни манастирски цркви од страна на нивните ктитори.

Охридскиот трихонхост влијаел на градбите во Дукља и во Вета до Адриатикот.

Второто поглавје нè запознава со најрепрезентативните споменици во Македонија. Овие оригинални изведби на уметничките споменици од овој средновековен период во Македонија се генерирани од процесот на симбиоза.

Третото и најобемно поглавје нè запознава со цела низа бисери на македонската црковна неимарска традиција.

Преку исцрпниот приказ и студиозната анализа авторите ги набљудуваат специфичностите на храмовите од аспект на архитектурата, фрескоживописот, иконописот.

Градењето на храмовите во овој период останува исклучително под закрила на тронот на Охридската архиепископија, чиј особен печат може да се почувствува во изградените сакрални објекти.

"Ова дело, преку стручниот опис на спомениците зачувани на територијата на Македонија, како и преку презентацијата на проблемите врзани со нив во современата литература, ќе придонесе не само да се збогатат сознанијата на добро упатените, туку и правилно да ги воведе оние кои прв пат се среќаваат со македонскиот среден век", потенцира епископот хераклијски г. Климент.

По него се надоврза и вториот промотор, професорот Лилчиќ, кој додаде дека со ова дело е промовиран значаен дел од нашата цивилизациска легитимација за влез и за припадност во големото семејство на европската цивилизација.

"Македонското културно наследство - вели професорот Лилчиќ - може и треба да биде движечка сила на Македонија.

Што мислите?

Колку човечки срца и умови биле потребни за да се оформи цивилизацијата на Византиска Македонија?

Илјадници, десетици илјади...

Огромен е бројот на душите познати и непознати од двата споени света – византискиот и словенскиот, кои ја создадоа средновековната македонска цивилизација.

Со христијанство облагородениот свет на антиката, кој мачно ја преживеа катастрофалната делаксација и добродушниот пагански свет на јужните словени, кои по заминувањето на агресивните и воинствени Авари, ги населија пепелиштата и урнатините на македонската цивилизација, најмалку 500 години со чудење ги допираа рано-христијанските крстови, кружните животни нишки, ластарките стиснати врз белите антички базиликални мермери.

Тие всушност учеа сè додека византискиот свет не им посвети особено внимание преку учителите Кирил и Методиј во IX век".

Понатаму проф. Лилчиќ говореше за вредноста и за значењето на ова импозантно дело, нагласувајќи дека професорите д-р Елизабета Димитрова и д-р Сашо Коруновски, врз база на целиот професионален живот, работејќи на проблемите на македонскиот фрескоживопис, иконопис и архитектура ни ја подаруваат сликата на средновековниот свет на Византиска Македонија.
 
убаво што напишале господава
вакви или онакви влијанија
арно ама ?
земи ги уметничките творби како технологии
ќе дојдеш до интересен заклучок
точно се знае која тајфа работела
историја на уметност навлегува многу подлабоко со анализи
 
инаку..
76c6_1.JPG

Така, во спомен на Јустинијановите владеења во "Св. Пантелејмон" ја врамиле во арка, украсена со преплети, и парата на Јустин, што го наследил Јустинијан I во 565-578 г.
Во монетите на Јустин II карактеристичен е аверс на царска двојка, седната на трон и на реверсот голема буква М, опкружена со помали натписи и монограми.

Истата пара НБРМ ја зема за свое лого, заштитен знак, на своето претставување, а тоа е и еден од знаците на парата 50 денари во сегашниот опток на македонски пари.
Исто така, Јустиновата пара е втисната и во јубилејниот 1 денар, кој Народна банка на Македонија го издаде во 2000 година.

Јустинијан Македонецот..ја основал и Јустинијана Прима и дал црква на својот народ..

п.с...
знакот М не е Марс..
 
а Е?..
19578p00.jpg

од Constantinople mint, c. 565 - 578 A.D
монетите носат и ознаки,во овој случај букви,и по тоа каде се ковани..
мислам дека во МК се најзастапени монетите со М..
зошто и како..
знаат нумизматичарите и тие што се по таа проблематика..
сепак..
М не е Марс..
 
sb0220.jpg


The Byzantine folles coin shown above features a superbly struck reverse design with the classic 'M' which stood for the Greek number 40, the monetary units that the folles was worth. One folles was equal to 40 nummi in the Byzantine monetary system.


 
[KNELL]Lord_Hard;950336 напиша:
Византија-продолжение на Македонската Империја

Турциjа - продолжение на Византија

После?????

Ова значи Турциjа - продолжение на Македонската Империја????
Turcija nemozi da bide prodolzenie na vizantija zosto vizantija beshe pravoslavna imperija, profdolzenie ne Vizantija beshe tsartsvoto Rusija. Zatoa go odbraa dvoglavniot orel kako simbol i tsarovite sami go narekuvale imperijata, "vtori Rim".

PS. Isto taka Justinian e svetec vo pravoslavnata crkva.
 
sb0220.jpg


The Byzantine folles coin shown above features a superbly struck reverse design with the classic 'M' which stood for the Greek number 40, the monetary units that the folles was worth. One folles was equal to 40 nummi in the Byzantine monetary system.


значи иако јасно ја имаме буквата М таа сепак не е М..туку пак нешто грчко...одличен е западов..да може жив да те сакпа ке те закопа..ама ние пак никнуваме...

јас гледам буква М во спомен на император којк е роден во скопски таор Македонија...а од левата страна имаме бројка римско 21..значи византија имала бројки..ги користела на парите..ама не во овој случај..значи 21 е 21 ама М не М туку е бројка..или ја сум збунет или некој на запад е тендециозно глуп

п.с. гледам и кирилско Ч на парата векови пред кирилицата..и тоа да не е грчко?
 
убаво..
Originally known as Peter, the nephew of Justin I was born in Illyria in 483 A.D.. He was renamed Justinian and became a trusted advisor upon his uncle's accession, Justin I, as well as heir to the throne. Justinian embarked upon his momentous reign in 527 A.D. and ruled the Byzantine Empire for almost four decades. ..
ова не си го "допишал"..

баш Јустинијан си правел парички со грчкото М (μʹ=40)..
ама μʹ=40 е со мало...
којзнае..
mozebi seto ova e M simbolika...
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom