Станува збор за сосема различни организации Somoteitbe...
Денес во светот постојат барем десетина организации кои го носат името "Темпларски".
Во Масонството, во Јорк орденот, постои Темпларска организација, во која за да станеш член, првин треба да си масон, потоа, треба да поминеш низ целиот Јорк орден (Royal Arch и Cryptic), па дури потоа да влезеш во Темпларските степени.
Битно е да се потенцира дека степените се чисто симболички и не се директна манифестација на монашкиот орден од средниот век.
Но... тоа нема врска со темпларскиот орден формиран во Македонија, кој е дел од таканаречениот Ordo Supremus Militaris Templi Hierosolymitani (OSMTH). Овој орден е граѓански витешки орден, формиран во 1804-та година во Франција од Наполеон, и е отворен и кон жени членови. Како и многуте други витешки ордени денес, се занимаваат со добротворни цели, со меѓусебно помагање и слично, но реално, немаат езотеричка основа. Орденот има свои организации во речиси сите земји во светот, доста угледна организација е во светски рамки, иако во Македонија се формираа со доста нејаснотии и доста скандали... Како што реков, не се со езотеричка основа, и по никаков начин не се поврзани со масонството. Уште повеќе - самите тие не претендираат да бидат директни наследници на Темпларскиот Орден од средниот век.