Koлку лично вие придонесувате за културата во сообраќајот?

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Често знаеме да кажеме дека во сообраќајот кај нас нема никаква култура, дека е општ хаос по улиците, дека никој не дава предност на никого. Колку лично вие ја практикувате сообраќајната култура? Сите сме во брзање, сите сме нервозни, динамично темпо на живот, секој брза некаде да стигне. И, да бидеме искрени, на секого му се случува да направи некој потег во сообраќајот (дали од брзање, дали од инат) кој ќе изнервира друг возач. Знам и по мене самиот. Но, во последно време приметувам дека има навистина љубезни возачи низ сообраќајот кои знаат да застанат и да те пропуштат ако треба да се приклучиш или престроиш, знаат да застанат и на пешаци и дека ситуацијата колку толку се менува и кај нас.

А и навистина е убаво чувството кога како учесник во сообраќајот ќе направиш гест за друг возач или пешак и кога ќе ти крене рака во знак на благодарност. Колку повеќе вакви гестови, толку повеќе ќе влијаат и на свеста кај другите учесници во сообраќајот, бидејќи секој се наоѓа во ситуација кога му е потребен гест. Ништо не ни значат тие 2-3 секунди.
 
Што дека правам добри гестови кога наидуваат на осуда од дригите возачи? Баш пред малку застанав да пропуштам пешак на пешачки премин, а на типот зад му се брзаше па почна да ми свири. А ова не ми се случува прв пат. И? Јас и ти ќе придонесуваме додека други ќе не пцујат...жути жутују, црвени путују
 
Кога јас еднаш застанав пред пешачки да пропуштам пешак, колата ми имаше блиска средба со Пежо 309 одзади. Се опна во мене и излегува типот силен со прашањето:Што кур кочиш?!
Ова е момент кој ја отсликува нашата (не)култура во сообраќајот.
 
Треба баланс да се има кога да пропуштаме а кога да бидеме груби и да се дереме на другите. Пропуштење на пешаци или застанување на некој друг автомобил да се приклучи на сообраќајот треба да станат нормална работа. Замислете како вие би се чуствувале чекате по 10 минути да поминете улица или некој да затане за да се прклучите.

Но па ако премногу си фин и внимателен другите ќе те насетат и ќе те поминуваат цело време. За некој млади фраери со автомобили треба да им стиснеш на гас за да не мислат дека се ептен фраери, на таксисти морате да им блокирате пат да им се дерете да им свирите ако е потребно дури и излезете од автомобилот и мавнете им два до три бокса затоа што воопшто не го почитуваат сообраќајот, на шофери на автобуси брзо претекнете го затоа што воошто не ги интересира дали има некој зад или пред нив.

Сите овие се дел од возачката култура затоа што нема совршенство никаде па ни во сообрааќајот.
 
па ако има на форумов некој што направил повеќе сообраќајки од мене, нека се пријави. Битно ги истребив повеќето моторџии, Миситчен - не се секирај, сеуште си тазе... :)

иначе давам предност дури и кога сум пешак во сообраќајот, како и да е еве брн убаво кажа

затоа што нема совршенство никаде па ни во сообрааќајот.
 
па ако има на форумов некој што направил повеќе сообраќајки од мене, нека се пријави. Битно ги истребив повеќето моторџии, Миситчен - не се секирај, сеуште си тазе... :)

иначе давам предност дури и кога сум пешак во сообраќајот, како и да е еве брн убаво кажа
:uvo: -Јас сум бе од „бајатите“, како тоа не ме истреби и мене? Проба летоска да ми се курчи еден серко како тебе ама ај што остана без ретровизор туку и си го доби кога го начекав застанат!
Пошто не те знам лично, да не беше ти тој?
 
во принцип - моторџиите удираат во мене, ама поради моја вина :) а ти пишав во системот за репутација зошто постов беше таков :) иначе до сега 6 пати имаат удрено со мотор во мене :(
 
:uvo: -Јас сум бе од „бајатите“, како тоа не ме истреби и мене? Проба летоска да ми се курчи еден серко како тебе ама ај што остана без ретровизор туку и си го доби кога го начекав застанат!
Пошто не те знам лично, да не беше ти тој?

Има прописи за како да се вози автомобил а како мотор. Кога некој со мотор се гура цело време сакајќи да испадне фраер тоа е негов проблем но ако со тие потези ми штети мене во нормалното возење на било каков начин е тогаш ја ќе му застанам и ќе му кажам 2-3 муабета.

Нормално и јас ако се понашам како стока во возење тогаш и јас заслужувам подеднаков третман.
 
не сум слушнал сеуште за прописи за возење со мотор, најверојатно затоа што не сум ни полагал за тоа. Но сите знаеме дека скоро секој што има мотор барем еднаш правел акробации (т.е. се правел фраер) на сред сообракај. Се разбира, тука сме секогаш ние виновни затоа што лудите пешаци и мрднатите моторџии сакаат да бидат ѕвезди.
 
во принцип - моторџиите удираат во мене, ама поради моја вина :) а ти пишав во системот за репутација зошто постов беше таков :) иначе до сега 6 пати имаат удрено со мотор во мене :(

Ок, се извинувам во тој случај. Инаку возам мотор веќе...ај да не се откривам колку години зашто ќе ме избркате од овде, ќе речете „гитла во дом за старци“:pos2:
-На почетокот се лудирав, правев акробации, слалом, бек и фронт лифт, симнување и качување по скали, „ласта“ на една нога... во секоја можна прилика, ама тогаш имав 14-17 години. На оваа возраст веќе ретко го правам сето тоа освен понекогаш малку возење на едно тркало кога нема премногу гужва или нема можност некој ненадејно да ме натера да кочам.

PS-Што к`сметлија ќе беше толку да се маваат во тебе? Да си ставиш перници на аутото зашто ако вака продужи, ќе ти стане целото крш:pos2:
 
секогаш застанувам на пешачки,па макар имало и само еден пешак и стварно е добро чувството,но не се баш во голем број таквите возачи,повеќето се се во брзање и ќе те згази ама ич око нема да му трепне.
 
Хммммм, незнам што да кажам. Кога ќе се подзамислам и не сум некој светец во сообраќајот ама не сум па ни гад. Застанувам на пешачки, не гледам да ги испрскам пешаците. Ако некој е добар спрема мене во сообраќајот и јас со добро враќам, ама ако е некој гад и јас знам да бидам гад.
 
Гледам да дадам предност... Е сега не секогаш и нарочито не на таксисти. Цел метеж и непочитување на правилата на игра во сообраќајот е од таксистите. Земал вчера возачка, денес го ставиле шофер да си игра со животите на луѓето....
 
Само ги почитувам правилата на сообраќајот, ни повеќе ни помалку од тоа. Пешаци пропуштам само ако стапнале веќе на зебрата. Јас мислам само Скопје не чини сообраќајот, во други градови кај што сум бил, посебно Охрид кога е шпиц на сезона, добро се вози.
btw таксистите не прават многу гужва како што прават тие од авто школите
 
Ги почитувам правилата мада многу лошо се вози и таксистите многу брзаат и не гледаат како што. Пешаците поминуваат како си сакаат црвено ли е зелено ли е он мора да пројде, катастрофа. Не возам многу брзо ни споро, онака нормално колку треба:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom