Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Сакаш да кажеш дека ти си му командант на Бог и дека за да постои Тој треба тебе да те слуша како што и кога да реагира?
Ти велиш: ако постои, треба да реагира за ова за она.
Друг ќе рече: ако постои, сакам да игра оро на облаците.
Трет ќе рече: ако постои, сакам едно ферари во гаража.
Итн.
Кога ние си создаваме слика за Бог по наши аршини и викаме дека не постои, ние сме во право, ама тоа важи за нашиот бог што ние сме го замислиле во глава. А вистинскиот Бог, Оној со суверена воља, не зависи од нашите очекувања за Него, ни од нашата вера во Него.
 
K

kat.<3

Гостин
баш така е, нашиот мир, нашата човечност само може да е онаа која зависи од нашата вера во Него, Неговото срце е чисто како ничие друго и дури неверноста на толку многу луѓе не може тоа срце да го направи помалку чисто никогаш, само не разбирам како можат да кажуваат такви зборови, слични на овие што ги прочитав низ страниците на темава,како ли може човекот да живее вистински без вера, не се потребни прашања, не требаат одговори, верата е во срцето, оној внатрешен глас, онаа светлина која ја просветлува душата,онаа без која срцето не може да дише, или не барем оној вистинскиот воздух, исчистен од секое зло. Се е Благослов од Бога, Неговата света волја и таа за нас е секогаш совршена, дури и да боли, Неговата Света рака запишала да биде така, а ние луѓето можеме само да ја молиме таа рака, без глас дури да не чува, да не Благословува и да не запази, да го исчисти нашето срце од страстите кои на тоа срце не му прават добро.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Малечко, дај бе кажи како се вика твојата книга и каде може да се купи/добие, сакам да ја имам. Ајде, ако ти е срам јавно, пиши ми на ЛП :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
544
Леле, на вас не може да ви се докаже ништо. Толку сте уверени во тоа што не постои.

Значи јас нема да можам да живеам ако не е тој. Ја ништо не ни сакам од него, затоа што не постои!

Добро каде е тој ваш Бог? Што прави он? Не одржува во живот, а?

Не бидите смешни, Бог не постои, штета што човештвото отишло во тој правец, сите да веруваат во глупости.

Верувајте ајде, сигурно ќе ви го подобри животот!
 
K

kat.<3

Гостин
Не е важна целта, ниту крајот, или почетокот на крајот е толку важен како патот, патувањето по патиштата на животот со вера, како ли стануваш кога паѓаш, каде ли ја наоѓаш силата да станеш и да кренеш главата пак, ако не во верата во Него ??
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
544
Ц ц ц ц, значи какви мислења има. Абе луѓе зошто сте толку уверени дека ви дава сила за живот некој што не постои?

Ја сам си давам сила за живот, сам си го живеам, јас како сакам.
А вие што сте во смешна и голема заблуда, ваш проблем.
Господ не постои, ако постои ДОКАЖИТЕ да ве видам, никој не го видел, нема докази....

Абе пак ќе кажам исто е ко да верувате во џинови и такви глупости. Господ е само во вашиот ум.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
544
Не треба докази затоа што јас ако кажам дека постојат вештерки, треба да докажам! Вие викате постои Господ, па затоа викам ајде докажете.

Ќе докажам така што: Нема докази дека постои, никој не го видел, никој не го почувствувал, не кажал ништо, нека апсолутно никакви докази!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Доказот ти е смешен. Никој не видел ни црна дупка, па сепак сите веруваат дека постои.
Не е точно дека никој не го почувствувал. Многу христијани на пример, меѓу кои сум и јас, го почувствувале.
Не е точно дека не кажал ништо, апостолите, пророците, Мојсеј и ред други тврдат дека Господ им кажал нешто.
Треба да ги анкетираш сите луѓе на земјава за да докажеш дека нема никој кој го почувствувал или слично.
 
Член од
1 февруари 2008
Мислења
260
Поени од реакции
2
Aj pitaj nekoj astronom dali videl ili ne videl crna dupka ...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Aj pitaj nekoj astronom dali videl ili ne videl crna dupka ...
Не треси глупости. Ни еден астроном не видел црна дупка, од проста причина што црната дупка е невозможно да се види, бидејќи за да "видиш" нешто потребно е тоа нешто да рефлектира светлина, а црната дупка по дефиниција НЕ РЕФЛЕКТИРА светлина и затоа не може да се види. Впрочем и затоа се вика и црна дупка :uvo:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
544
Хаха, никој не видел црна дупка, да, сигурно. Точно е, тоа се гледа како црна дупка, па затоа и ја викаат така.

А никој ништо не почувствувал, секој си го живее животот по свое, кога ќе му се случи нешто убаво, мисли демек, Бог е заслужен за тоа.
Смешно е, смешно!

А секој може да тврди дека Господ му кажал нешто и ти што го читаш ова.
И што ако тврди? Самиот себе се лаже.
 

NIKA

F.B.I (Fausse Bonne Idée)
Член од
11 април 2006
Мислења
791
Поени од реакции
12
Конкретно по прашањето..без да читам други постови ...да кажам шо мисалм....
Значи то шо се случуваат разни негативни работи не е до Господа...сигурно се прашуваш и шо така некои луѓе се лоши крадат, пијат..и слично а се со добро здравје, имат се..буквално се....а ти си седиш мирен и пак болести, лоши работи...па овие лошиве се војска (така да речеме) на ѓаволот..и тој нормално ги наградуваа..а нас добрите нормално му сме непријатели та не казнува...каде е Бог овде....па ѓаволот владее САМО овде на земјата....ГОРЕ на небото НЕКОЈ друг владее и наградува.....таму во вечноста....па твое е да решиш дали сакаш овде да си награден или таму горе....
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
За човек да види црна дупка потребно е таа да ослободи еден фотон кој потоа ќе го надразни вашето око или инструментот со кој ја набљудувате, но тоа е невозможно бидејќи нејзината силна гравитација ги заробува фотоните, следствено на тоа црната дупка не се гледа и никој не може да ја види, а сепак сите веруваат дека постои.

Муабетиве ви се тротоарски. Смешни сте, навистина смешни и во голема заблуда. Самите себе се лажете.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom